Добредојдовте !!!

Почитувани пријатели,

На почетокот дозволете ми да Ве поздравам од мое име и од името на Општина Делчево и да Ви посакам добредојде на официјалниот ВЕБ портал на општината.

Читај повеќе...

Пријавување



Актуелни случувања во општина Делчево

Актуелности

Во рамки на јавната расправа за Студијата  за оцена на влијание врз животната средина за проектот: “Изградба на автопат М-5 на делница, граничен премин на Република Бугарија (Црна Скала) - Делчево - Виница - Кочани - Штип - Велес “, која ке се одржи во  петок  24-ти февруари 2012 година со почеток во 12.30 часот во салата за состаноци во Спомен домот АСНОМ, ке биде дискутирано по однос на овој проект, кој тековно се реализира, под покровителство на инвеститорот Агенција за државни патишта, во соработка со повеке институции, на локано и државно ниво.

Јавната расправа се однесува по однос на Студијата која може да се погледне на сл. линк тука.

Останати проектни документи можат да се превземат со кликање на соодветните имиња како што следува:

  1. Синтезна карта во размер 1:25 000 CSV-SK-001 Црна скала-Виница
  2. Синтезна карта во размер 1:25 000 SV-SK-002 Виница-Штип
  3. Синтезна карта во размер 1:25 000 KO-SK-003 Кадрифаково-Отовица
  4. Карта на станишта -Екологија CSV-KS-001 Црна скала-Виница
  5. Карта на станишта -Екологија SV-KS-002 Виница-Штип
  6. Карта на станишта -Екологија KO-KS-003 Кадрифаково-Отовица
  7. Геолошка карта 1
  8. Геолошка карта 2

Напомена: Поради поголемата зафатнина на документите можно е споро отварање на истите.

На состанокот се покануваат сите зинтересирани граѓани кои сакаат да земат учество во јавната расправа по однос на студијата, со што би допринеле кон подобрување на квалитетот на реализацијата на овој проект.

Актуелности

Поради големиот износ на финансиски сретства кои се потребни за транспорт на телото на неодамна трагично починатиот 23-годишен сограѓанин од Делчево, Дарко Миленковски, општина  Делчево и Градоначалникот Горан Малешевски објавува јавен апел за донирање на финансиски сретства од граѓаните на општина Делчево, во рамки на нивните сопствени можности.

Финансиските сретства ке можат да се уплаќаат на жиро с-тка на името на Мирко Миленковски, бројот е 2 0000 125 397 1081, депонент Стопанска банка. или пак на двата отворени пунктови во централното градско подрачје во Делчево  кои што општина Делчево ги има поставено.

Општина Делчево

Градоначалник

Горан Малешевски

Актуелности

Во вторник 21.02.2012 година, саменик амбасадорот Валтер Лојкс, во придружба на првиот секретар Франк Штосел од амбасадата на Сојузна Република Германија во Република Македонија, донираа медицински апарат-Електро-кардиограф (ЕКГ) во Здравниот дом Гоце Делчев во Делчево.

Актуелности

Во понеделник 20.02.2012 година во кабинетот на градоначалникот на општина Делчево, г-дин Горан Малешевски свечено беа доделени Решенијата за доделување на стипендии за ученици од СОУ ММ Брицо, како и студенти на македонските универзитети.

Актуелности

alt

Информација за одржување на Јавна расправа по Студија  за оцена на влијаниe врз животната средина за проектот “Изградба на автопат М-5 на делница, граничен премин на Република Бугарија (Црна Скала) - Делчево - Виница - Кочани - Штип - Велес “ 

Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека инвеститорот Агенција за државни патишта, со седиште на ул. “Даме Груев” бр.14 - Скопје, ja достави Студијата за оцена на влијание врз животната средина на проектот “Изградба на автопат М-5 на делница, граничен премин на Република Бугарија (Црна Скала) - Делчево - Виница - Кочани - Штип - Велес” и истата е достапна за увид .

Јавните расправи по Студијата  за оцена на влијание врз животната средина за проектот: “Изградба на автопат М-5 на делница, граничен премин на Република Бугарија (Црна Скала) - Делчево - Виница - Кочани - Штип - Велес “ ќе се одржат на:

-           21 февруари 2012 година  (втроник), во  Прес салата на општина Велес  со почеток во 10.00 часот.

-           21 февруари 2012 година (втроник) , во Големата сала на Општина Свети Николе со почеток во 15.00 часот.

-           22 февруари 2012 година (среда) , во мала сала до Совет на Општина Штип со почеток во 11.00 часот.

-           22 февруари 2012 година (среда) , во сала на Совет на Општина Кочани со почеток во 15.00 часот.

-           24 февруари 2012 година (петок) , во спомен домот АСНОМ во сала за состаноци во Општина Делчево со почеток во 12.30 часот.


Контакт лица:

Сашка Богданова

Агенција за државни патишта

ул. “Даме Груев“ бр.14 Скопје

тел: 02 3 188 044 фак: 02 3 220 535

е-маил:   Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите


 Ленче Јанева - експерт за оцена на влијание врз животната средина

тел: 076446883  email:   Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите


Зоран Бошев

Министерство за животна средина и просторнио планирање – Скопје, Зграда на Македонска Радио Телевизија, 11 кат канцеларија бр. 1122

тел: 076-445-894

е-маил:  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите


Билјана Спироска

Министерство за животна средина и просторнио планирање – Скопје, Зграда на Македонска Радио Телевизија, 11 кат канцеларија бр. 1127

тел: 02 3 251 466

е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите


 Сашо Секуловски

 

Министерство за животна средина и просторно планирање - Скопје              

Канцеларија за комуникација со јавноста

ул. "III Македонска бригада" бр.10а

е-маил:  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Актуелности

 

На ден 09.02.2012 година беа одржани две јавни презентации за следните Нацрт-детални урбанистички планови:

1. Нацрт-детален урбанистички план за Урбана единица 3, дел од блок 3.1 од ГУП Делчево-Општина Делчево, кој е дефиниран со следниве граници:

Актуелности


Општина Делчево во партнерство со општина Благоевград од Република Бугарија, во периодот мај 2011-мај 2012 година го спроведува проектот „Разумно искористување на еко ресурсите на планините Голак и Влаина“, кој е кофинансиран од Европската унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу нашата држава и Република Бугарија CCI 2007CB16IPO007.

Целта на проектот езголемен капацитет за одржливо користење на билките и шумските плодови во прекуграничниот регион, која ќе биде остварена преку спроведување на проектните активности, кои се насочени кон зголемување на знаењето на собирачите и откупувачите на билки и шумски плодови, со цел да се обезбеди нивно непотребно уништување.

Покрај другите активности во рамки на проектот е предвидено спроведување на 3(три) дводневни обуки за собирачите на билки и шумски плодови на тема: „Добри практики за собирање, примарно складирање и искористување на билки и шумски плодови“. Обуките ќе се спроведат во периодот февраури-април 2012 година.

За таа цел општина Делчево ги повикува сите заинтересирани собирачи на билки и шумски плодови на територијата на општина Делчево кои сакаат да бидат вклучени во обуките да се пријават во канцеларијата на проектот која се наоѓа во просториите на општина Делчево за да пополнат формулар за регистрација:

Соба бр.28, кај Асистентот на проектот Весна Николовска, телефон 033 411 550, 072 237 039.

Пријавувањето за обуките се врши до 16.02.2012 година до 16 часот.

 

Општина Делчево

Проект „Разумно искористување на еко ресурсите на планините Голак и Влаина“

Актуелности

Брошурата во Pdf  формат може да се превземе тука.

Актуелности

Со полагање на свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Делчево, денеска (04.02.2012 година) беше одбележан јубилејот  140 години од раѓањето на еден од најголемите македонски револуционерни дејци од илинденскиот период, како и патрон на нашиот град.

Актуелности

Советот на општина Делчево на вонредна седница која се одржа во петок 03.02.2012 година со почеток во 14.30 часот, донесе ОДЛУКА за прекин на  воспитно-образовната работа во основните училишта и средното општинско училиште во Општина Делчево.

Актуелности

По претходна најава според објавениот Дневен ред тука се одржа 31-та седница на Советот на општина Делчево . Единствено од дневен ред беа симнати 2-та и 3-та точка по барање на предлагачот.

Актуелности

Се информираат членовите и претседателството на У.З. на III-ти реон во Делчево дека на ден 06.02.2012 година (понеделник), со почеток во 18.00 часот ке одржат редовна седница во Задружниот дом во оваа населба.

Делчево, 03.01.2012 год.

Претседател на УЗ на III-ти реон

Кире Цоневски

Актуелности

Агенцијата за вработување на Република Македонија, врз основа на Оперативниот план за активните програми  и мерки за вработување за 2012 година и Програмата за работа на Република Македонија 2011-2015 година, повторно објави оглас за доделување на финансиска подршка во рамки на Програмата за самовработување на невработени лица.

Актуелности

Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 35 став 1 точка 1 од Деловникот на Советот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр.16/2006), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 27.01. 2012 година, донесе

РЕШЕНИЕ

за свикување на Триесет и првата  седница на

Советот на Општина Делчево

 Ја свикувам 31. седница на Советот на Општина Делчево за ден  02.02. 2012 година (четврток).

Седницата ќе се одржи во салата за седници на Совет во Спомен-Домот АСНОМ, со почеток во 13.00 часот.

За седницата го предлагам следниот

 

Дневен ред

                                      -Усвојување на Записникот од 30. седница на Советот на Општина Делчево

Актуелности

Врз основа на одлука на Советот на општина Делчево и Решение на Градоначалникот Горан Малешевски, Општина Делчево објавува 

КОНКУРС

за доделување на 2 стипендии на студенти кои студираат во странство

Интегралниот текст од конкурсот, со условите и критериумите за аплицирање, како и сите одредби поврзани со истиот може да се погледаат на сл. линк тука.

Последни статии

Објавено на 22 Февруари 2012, 13.29 од Кирчо Анастасов
2012-02-22-13-26-39 Во рамки на јавната расправа за Студијата  за оцена на влијание врз животната средина за проектот: “Изградба на автопат М-5 на делница, граничен премин на Република Бугарија (Црна Скала) -...
Објавено на 22 Февруари 2012, 11.01 од Кирчо Анастасов
2012-02-22-10-05-02 Поради големиот износ на финансиски сретства кои се потребни за транспорт на телото на неодамна трагично починатиот 23-годишен сограѓанин од Делчево, Дарко Миленковски, општина  Делчево и...
Објавено на 22 Февруари 2012, 09.05 од Кирчо Анастасов
2012-02-22-08-22-00 Во вторник 21.02.2012 година, саменик амбасадорот Валтер Лојкс, во придружба на првиот секретар Франк Штосел од амбасадата на Сојузна Република Германија во Република Македонија, донираа медицински...
Објавено на 20 Февруари 2012, 11.45 од Кирчо Анастасов
2012-02-20-10-57-37 Во понеделник 20.02.2012 година во кабинетот на градоначалникот на општина Делчево, г-дин Горан Малешевски свечено беа доделени Решенијата за доделување на стипендии за ученици од СОУ ММ Брицо, како и...
Објавено на 16 Февруари 2012, 14.57 од Кирчо Анастасов
2012-02-16-14-02-55 Информација за одржување на Јавна расправа по Студија  за оцена на влијаниe врз животната средина за проектот “Изградба на автопат М-5 на делница, граничен премин на Република Бугарија (Црна Скала) -...
Објавено на 16 Февруари 2012, 14.57 од Кирчо Анастасов
2012-02-16-14-02-55 Информација за одржување на Јавна расправа по Студија  за оцена на влијаниe врз животната средина за проектот “Изградба на автопат М-5 на делница, граничен премин на Република Бугарија (Црна Скала)...
Објавено на 14 Февруари 2012, 15.36 од Кирчо Анастасов
-3  На ден 09.02.2012 година беа одржани две јавни презентации за следните Нацрт-детални урбанистички планови: 1. Нацрт-детален урбанистички план за Урбана единица 3, дел од блок 3.1 од ГУП...
Објавено на 08 Февруари 2012, 15.44 од Кирчо Анастасов
2012-02-08-14-49-56 Општина Делчево во партнерство со општина Благоевград од Република Бугарија, во периодот мај 2011-мај 2012 година го спроведува проектот „Разумно искористување на еко ресурсите на планините Голак и...
Објавено на 08 Февруари 2012, 14.45 од Кирчо Анастасов
-1 Брошурата во Pdf  формат може да се превземе тука.
Објавено на 08 Февруари 2012, 14.45 од Кирчо Анастасов
-1 Брошурата во Pdf  формат може да се превземе тука.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес567
mod_vvisit_counterВчера473
mod_vvisit_counterОваа недела1618
mod_vvisit_counterПретходна недела3285
mod_vvisit_counterОвој месец10488
mod_vvisit_counterПретходен месец14124
mod_vvisit_counterВкупно426396

Присутни online: 11
Ваша IP: 38.107.179.207
,
Денес: Фев 22, 2012

Интерактивни мапи

Плански региони во Р.М.