Во рамките на меѓународната маршута на Трката за светска хармонија која поминува низ Македонија, учесниците на оваа трка во Среда 14.07.2010 год. во 13.30 часот ке пристигнат и во нашата општина Делчево. Во оваа прилика Општина Делчево со млади спортисти, тркачи и рекреативци ке ги пречека учесниците и на делницата на територијата на нашата општина ке им се придружи на маратонците, ке ги пречека на градскиот плоштад со пригодна свечена културно уметничка програма а потоа ке ги отпрати кон граничниот премин спрема соседна Р.Бугарија.
Трката традиционално се одржува во 100 земји во светот со единствена цел за промоција на интернационалното пријателство и разбирање со учество на интернационални тимови на трлкачи. Република Македонија е дел од европската маршута и во земјава ке бидат претрчани 500 км, а посетени 15 општини меѓу кои и општина Делчево.
Самата трка се состои од штафетно носење на запален факел и не е од натпреварувачки карактер, и е составена од интернационален тим на маратонци кои трчаат низ цела Европа и уште еден македонски тим кој ке трча на делницата на нашата држава.



На почетокот дозволете ми да Ве поздравам од мое име и од името на Општина Делчево и да Ви посакам добредојде на официјалниот ВЕБ портал на општината.






























Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.