Покана
Општина Делчево со финансиски средства обезбедени од Владата на Р.Македонија преку различни програми во 2010 година имплементираше четири проекти за асфалтирање на локални патишта и улици.
Преку програмата за реконструкција и рехабилитација на локална и регионална патна мрежа асфалтирани се локалните патишта Делчево - с.Полето-с.Киселица, локален пат с. Истевник, локален пат за с. Илиово со средства обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој, како и улицата Сервисна 3 во Делчево.
По тој повод Ве покануваме за присуство на свеченоста за пуштање во функција на овие локални патишта.
Свеченоста ке се одржи на 28.01.2011 година(петок) со почеток во 13.30 часот на улицата Сервисна3 во Делчево. (Сточен пазар) Патиштата ке ги пушти во употреба градоначалникот на општина Делчево Г-дин Горан Малешевски во присуство на градоначалниците од 11 општини од источниот плански регион.



На почетокот дозволете ми да Ве поздравам од мое име и од името на Општина Делчево и да Ви посакам добредојде на официјалниот ВЕБ портал на општината.






























Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.