Во врска со Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, кој ќе се одржи во периодот од 1 до 15 април 2011 година, а согласно Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, Државната пописна комисија објавува јавен конкурс за избор и именување на членови на комисиите за пописните реони, реонските инструктори и реонските попишувачи.
На Конкурсот можат да се пријавуваат лица кои ги исполнуваат следнве услови:
- Да е државјанин на РМ;
- Да е полнолетен;
- Да има завршено најмалку четиригодишно средно образование;
- И да нема засновано работен однос.
Образецот за пријавата ќе биде објавен во дневниот печат, а може да преземе и од интернет страницата на Државниот завод за статистика (www.stat.gov.mk/popis2011/DPK.aspx), како и во Општина Делчево, канцеларија број 30.
Пополнетите пријави се поднесуваат по пошта до Државниот завод за статистика, ул. „Даме Груев“ бр.4, поштенски фах 506, во рок од 8 дена од денот на објавувањето (од 17 до 2402.2011).
Јавниот конкурс е објавен на Огласната табла во Општина Делчево, а поблиски информации можете да добиете во Општина Делчево, канцеларија бр.30, лице за контакт Снежана Трајкова.
ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Градоначалник,
Горан Малешевски



На почетокот дозволете ми да Ве поздравам од мое име и од името на Општина Делчево и да Ви посакам добредојде на официјалниот ВЕБ портал на општината.






























Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.