ИНФОРМАЦИЈА За кандидатите кои конкурирале на јавниот конкурс за членови на комисии за пописен реон, реонски инструктори и реонски попишувачи
Почитувани,
Државната пописна комисија Ве известува дека е утврден терминот за тестирање на лицата
кои аплицирале на јавниот оглас за ангажирање на членови на комисии на пописен реон,
реонски инструктори и реонски попишувачи.
Тестирањето ќе се одржи на 5 Март (сабота) 2011 година. Почетокот на тестирањето ќе биде во 12.00 часот.
Ве известуваме дека тестирањето на лицата кои аплицирале на јавниот оглас за ангажирање на членови на комисии на пописен реон, реонски инструктори и реонски попишувачи за општина Делчево ќе се одржи во просториите на СОУ „М.М.Брицо“ Делчево.
Со оглед на големиот интерес на лица кои аплицирале на Јавниот конкурс за ангажирање на членови на комисии на пописен реон, реонски инструктори и реонски попишувачи, како и определбата на Државната пописна комисија за квалитетен и правичен избор со рамноправен пристап кон сите кандидати, се повикуваат сите кои аплицирале на Јавниот конкурс да дојдат во определените училишта за тестирање најдоцна до 11:20 часот и да се пријават кај лицата кои се определени од Државната пописна комисија.
Ви посакуваме успех на тестирањето и однапред Ви благодариме.
ДРЖАВНА ПОПИСНА КОМИСИЈА



На почетокот дозволете ми да Ве поздравам од мое име и од името на Општина Делчево и да Ви посакам добредојде на официјалниот ВЕБ портал на општината.



























Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.