Организација на традиционална велигденска изложба
С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗРА „Пијанечки глас“ Делчево, ЈЛБ „Илинден“ Делчево, НУЦК „Н.Ј.Вапцаров“ Делчево во соработка со Општината Делчево и годинава ја организираат Традиционалната велигденска изложба.
По тој повод, се распишува награден конкурс за најдобра поетска творба со текст во врска со Велигден. Право на учество имаат учениците од основното и средното образование. Творбите во три примероци под шифра (шифрата во посебен плик прикачена на доставената песна), да се достават во ЈЛБ „Илинден“ Делчево, најдоцна до 15 часот на 20.04.2011. Учесниците на конкурсот, своите творби ќе имаат можност да ги прочитаат на отварањето на велигденската изложба. Најдобрите ќе добијат наградно патување до Скопје, со посета на значајни институции.
Воедно се покануваат сите граѓани да земат активно учество во подготвувањето на Велигденската изложба, со тоа што најдоцна до 10 часот на ден 21 април 2011 година- Велики четврток, ќе донесат Ваши креативно обоени и украсени велигденски јајца или аранжирани велигденски кошнички, во Фоајето на Спомен дом АСНОМ.
Изложбата ќе биде отворена во 11 часот на ден 21 април 2011 година и истата ќе биде продажна а средствата ќе бидат наменети за приоритет кој ќе го определат организаторите.
За најдобро изработените и декорирани јајца, учесниците ќе бидат јавно пофалени и ќе добијат благодарници.
Со одбележување на Велигден преку оваа манифестација ги зачувуваме и негуваме, традициите и обичаите на овој голем христијански празник.
Организатори:
ЗРА „Пијанечки глас“ Делчево,
ЈЛБ „Илинден“ Делчево,
НУЦК „Н.Ј.Вапцаров“ Делчево и
Општина Делчево



На почетокот дозволете ми да Ве поздравам од мое име и од името на Општина Делчево и да Ви посакам добредојде на официјалниот ВЕБ портал на општината.






























Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.