Почитувани граѓани,
Општина Делчево во соработка со локалните училишта, Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“, Здружението на пензионери, по повод Меѓународниот ден на трудот 1-ви мај, под мотото „100 настани за 100 години град, 100 години Белогаски и 110 години Личеноски“ организира ПРВОМАЈСКИ ХЕПЕНИНГ НА ПЛАНИНАТА ГОЛАК со културно -уметничка програма и спортски игри, во кои учество ќе земат учениците и пензионерите од општината.
Општина Делчево ги известува и ги поканува сите граѓани да присуствуваат на овој настан.
Општината ќе обезбеди бесплатен превоз за ПЕНЗИОНЕРИТЕ од општината кои сакаат да присуствуваат на овој настан.
Време на тргнување: 09 часот, 01 мај 2011 (недела)
Место: ПАРКИНГ ПРЕД СПОМЕН ДОМ АСНОМ



На почетокот дозволете ми да Ве поздравам од мое име и од името на Општина Делчево и да Ви посакам добредојде на официјалниот ВЕБ портал на општината.





























Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.