Покана
Почитувани граѓани,
Градоначалникот на Општина Делчево Горан Малешевски и Претседателот на Советот Тони Трајановски Ве покануваат да присуствувате на полагање свежо цвеќе по повод 4 Мај – датум на кој се навршуваат 108 години од смртта на великанот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев. За таа цел се покануваат сите граѓани (физички и правни лица ) да присуствуваат на свечената програма што ке се одржи пред споменикот на патронот на нашиот град во центарот на Делчево и во фоајето на Спомен домот АСНОМ во Делчево, со почеток во 11.00 часот -среда 04.05.2011 год. со што би ја оддале својата почит кон делото на овој наш великан.
ПРОГРАМА
04.05.2011 година
(Среда)
11.00 часот - Полагање свежо цвеќе
пред Споменикот на на Гоце Делчев
- Пригоден реферат посветен
на Гоце Делчев
20.00 часот-Свечена академија
во организација на НУЦК Никола Јонков Вапцаров од Делчево
во фоаје на Спомен дом АСНОМ во Делчево
Градоначалник на Општина Делчево
Горан Малешевски
Претседател
на Совет на Општина Делчeво
Тони Трајановски



На почетокот дозволете ми да Ве поздравам од мое име и од името на Општина Делчево и да Ви посакам добредојде на официјалниот ВЕБ портал на општината.





























Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.