Почитувани,
Општина Делчево во соработка со локалните училишта, Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“, КУД „Гоце Делчев“, ФГ „Копачка“, с.Драмче, Македонската православна црква и Здружението резервни воени офицери по повод 135 години од Разловечкото востание, под мотото „100 настани за 100 години град, 100 години Белогаски и 110 години Личеноски“, организира манифестација која ќе се одржи во с.Разловци на 15 мај 2011 година со почеток во 10 часот.
На настанот ќе биде присутна и истиот ќе го отвори Министерката за култура г-ѓа Елизабета Канческа-Милевска и други високи претставници од Владата.
Сите граѓани на општина Делчево и Република Македонија се поканети да присуствуваат на настанот за достојно да го одбележиме овој ден како еден од најзначајните датуми во македонската историја. За сите заинтересирани граѓани кои ке сакаат да го проследат настанот општина Делчево има организиран превоз. Тргнувањето ке биде од пред Спомен домот АСНОМ во Делчево во Недела 15.05.2011 година во 09.00 часот.
Во рамките на одбележувањето на 135 години од Разловечкото востание ке се одржи Планинарски марш со учество на членовите на Здружението на Резервните воени старешини на општина Делчево, планинарски друштва и сите заинтересирани граѓани. Маршот ке ке се одржи на релација с.Тработивиште -с.Разловци. За сите учесниците на маршот општина Делчево исто така има обезбедено превоз од Делчево до с.Разловци. Тргнувањето на учесниците во маршот ке биде во Недела 15.05.2011 год. наутро во 07.30 часот од пред Спомен домот АСНОМ во Делчево.
Детална програма на настанот
Место: село Разловци, Делчево
Датум: 15.05.2011
Време: 10 часот
10.00 Посета на историска изложба во Спомен-дом на Разловечко
востание
10.30 Откривање на спомен-плоча на поп Стојан во дворот на црква „Свети Цар Константин и Царица Елена“
10.40 Полагање свежо цвеќе на спомен-плочата
10.50 Осветување на надгробни плочи на свештеници во дворот на
црквата
11.00 Свечена литургија за Разловечкото востание
Прослава во дворот на училиштето
11.30 Поздравен говор, министерка за култура г-ѓа Елизабета Канческа-Милевска
11.35 Доделување благодарници на членови на Здружение на резервни и воени старешини од Делчево
11.40 Читање реферат на тема „Значењето на Разловечкото востание“
11.50 Културно-уметничка програма
- ЗГ „Копачка“ с.Драмче
- НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“, Делчево
- КУД „Гоце Делчев“, Делчево
12.45 Ручек во дворот на црквата



На почетокот дозволете ми да Ве поздравам од мое име и од името на Општина Делчево и да Ви посакам добредојде на официјалниот ВЕБ портал на општината.
































Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.