|
ОГЛАС За продажба на ствари сопственост на Општина Делчево со јавно наддавање по втор пат
Врз основа на точка 3 и 5 од Правилникот за условите и начинот за продажба и давање на користење ствари во сопственост на Општина Делчево бр.07-461/10 од 14.07.2009 година и измените број 07-546/1 од 23.02.2011 година,Комисијата за продажба и давање на користење ствари во сопственост на Општина Делчево,распишува ОГЛАС За продажба на ствари сопственост на Општина Делчево со јавно наддавање по втор пат -Податоци за стварите кои се предмет на огласот: Службено патничко моторно возило со рег. бр. ШТ-771-МЛ марка ФОРД, тип МОНДЕО, со број на шасија WFO4XXGBB47K34589, број на мотор FMBA/7K34589, година на произвидство 2007 година со поминати 235.000 километри -Почетна вредност: Почетната вредност за возилото што се огласува е 614.000,00 денари; Стварта односно патничкото моторно возило кое што е предмет за огласување се дава во видена состојба т.е. може да се види од заинтересираната страна во определено договорено време; -Висина на паричен депозит што треба да се уплати за учество во јавното наддавање: Висината на паричниот депозит што треба да се уплати за јавното наддавање изнесува 120.000,00 денари; (не може да биде помала од 20% од почетната продажна цена) -Сметка на која се уплаќа депозитот е: Сметка на буџетски корисник: 720014032063012 , приходна шифра: 725939 ; -Рок за уплата на депозитот: Рок за уплата на депозитот е до денот и часот предевиден за јавно наддавање ; -Огласот го распишува: Комисија за продажба и давање на користење на ствари во сопственост на Општина Делчево формирана од Градоначалникот на Општина Делчево ; -Рок на траење на Огласот Огласот трае 5(пет) дена сметано од денот на објавувањето ; -Начин на пријавување: Во затворен коверт на кој се назначува до Комисија за продажба и давање на користење на ствари во сопственост на Општина Делчево,во кој се ставаат сите потребни документи објавени во овој оглас ; -Критериум за избор е: Највисоко постигната цена на јавно наддавање ; -Начин на плаќање на износот за продажба на стварта односно патничкото моторно возило: До денот на склучување на купопродажниот договор ; Потребна документација за пријавување: Лична карта или патна исправа за физичко лице односно Извод од централен регистер за правно лице(ДРД образец) ; Потврда од Управа за јавни приходи за платени даноци,придонеси и други јавни давачки не постара од 6(шест) месеци ; Документ за бонитет од Централниот регистер или нотарски заверена копија не постара од 6(шест)месеци( за правни лица); Уверение за платени локални даноци ,такси и надоместоци издадено од Општина Делчево ; Депозитот на кандидатите кои не се изберени како најповолни се враќа во рок од 8 дена сметано од денот на донесување на Одлука за давање на користење на деловните простории ; Посебни услови: Јавното наддавање се смета за уредно ако учествуваат минимум двајца учесници во јавното наддавање ; Ако на објавениот оглас не се јават доволен број заинтересирани лица се распишува и објавува повторен оглас ; Ако и по повторниот оглас не се јават доволен број заинтересирани лица,се склучува непосредна спогодба со единствено заинтересирано лице ; Уплатениот депозит се засметува во постигнатата цена за продажба на објектите ; Јавното наддавање ќе се одржи на ден 22.07.2011 година со почеток во 09.00 во просториите на Општина Делчево (Во Општинскиот центар за услуги) Спомен дом АСНОМ . Општина Делчево Градоначалник Горан Малешевски |



На почетокот дозволете ми да Ве поздравам од мое име и од името на Општина Делчево и да Ви посакам добредојде на официјалниот ВЕБ портал на општината.






























Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.