Добредојдовте !!!

Почитувани пријатели,

На почетокот дозволете ми да Ве поздравам од мое име и од името на Општина Делчево и да Ви посакам добредојде на официјалниот ВЕБ портал на општината.

Читај повеќе...

Тековни конкурси

IMG 0075_resize

Средното општинско училиште Методи Митевски Брицо од Делчево објави оглас за запишување на ученици во прва година за учебната 2012-2013 година.

Читај повеќе...
 
Thumbnail image Thumbnail image  
Парична помош од 3000 мкд за секое новородено бебе во Делчево
Читај повеќе...
 
ПРОЕКТ ЧЕШМИ ВО ДЕЛЧЕВО И ДЕЛЧЕВСКО
Читај повеќе...
 

Пријавување



Ке се одржи редовната годишна средба "Можности и потреби на граѓанскиот сектор во општина Делчево" за 2012

Печати PDF

Категорија-Минати соопштенија

nvo sorabotka

Во рамки на програмските определби на градоначалникот на општина Делчево, во вторник 06.12.2011 година ке се одржи редовната работна средба на претставници од ЕЛС на општина Делчево со претставници од сите граѓански организации, кои активно работат во општината. 

Целта на оваа конференција е граѓанските организации подетално да се запознаат со можностите за нивна подршка во рамки на буџетското работење за наредната 2012 година. Во функција на градење на подобра соработка и унапредување на функционирањето на  граѓанскиот сектор преку оваа средба, како и понатамошна комуникација во наредниот период, ке се идентификуваат потребите на граѓанските организации, за нивно поуспешно работење во наредната година, во насока на имплементирање на нивните проекти и програми кои ги имаат планирано за оваа година.

Оваа конференција се одржува трет пат по ред, по одржаните вакви средби во 2009 и 2010 година, и претставува еден од позначајните механизми за воспоставување на соработка меѓу градоначалникот на општина Делчево и граѓанските организации во Делчево, преку транспарентна и системска подршка која ке се одрази во севкупниот општествен развој на општина Делчево. Се очекува активно учество на сите граѓански организации кои активно работат во општина Делчево, при креирањето на годишниот Буџет на општината за наредната 2012 година, со што претставниците на овие организации ке дадат особен  влог во креирањето на развојот и унапредувањето на Делчево во пооделни сфери, зависно од делокругот на нивното работење. Исто така по одржувањето на оваа средба се очекува интензивна комуникација со заинтересираните граѓански организации, за секакви дополнителни консултации, во врска со прецизирање на сите детали за градење потенцијална соработка меѓу општина Делчево и граѓанскиот сектор во 2012 година

Ваквата практика на комуникација е предвидена од страна на градоначалникот уште од април 2009 година и истата ке продолжи да се спроведува и во иднина.

Предвидената агенда за настанот е сл.

ПРОГРАМА

Годишна конференција

Можности и потреби на граѓанскиот сектор во општина Делчево 2012"

06 декември 2011 (вторник)           хотел „Македонија“ – Делчево

време

Активност

12.00  – 12.15

Пристигнување и регистрација на учесниците

12.15 –  12.20

Поканување на говорниците - модератор

 

Поздравни говори

12.20-12.25

Горан Малешевски, Градоначалник на општтина Делчево

12.25-12.30

Анка Христова, раководител на одделение за финансии, буџет, даноци, јавнидејности и локален економски развој

12.30 – 12.45

Завршени проекти и активности на општина Делчево во 2011

12.45 – 13.00

Планирани активности на општина Делчево во 2012 година

13.00 - 13.20

Како граѓанските организации го перцепираат учеството на граѓаните во креирање на општинскиот буџет

13.20-14.00

Дискусија

14.00

Коктел

 

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Безбедносен код
Освежи

Последни статии

Објавено на 18 Мај 2012, 13.28 од Super Administrator
-24- Откако со одлука на Советот на општина Делчево, 24-ти Мај денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј беше прогласен за патрон на градот Делчево, оваа година во четврток 24.05.2012 година...
Објавено на 18 Мај 2012, 13.20 од Super Administrator
2012-05-18-12-24-08 Општина Делчево во рамки на програмата „100 настани за 100 години град“, а во соработка со Македонскиот олимписки комитет(МОК), Ве поканува да присуствувате на Олимписки ден во Делчево кој ќе се одржи...
Објавено на 18 Мај 2012, 13.05 од Super Administrator
--20--------136---- Почитувани, Градоначалникот на Општина Делчево во рамки на програмата „100 настани за 100 години град“, во соработка со Организацијата на резервни офицери на РМ, Делчево, а по повод 136 години од...
Објавено на 18 Мај 2012, 07.00 од Super Administrator
-sea-forma-  Предмет:Доставување на одлука за стратегиска отцена и SEA forma  ДУП Делчево  за објавување Врз основа на член 65 Став (6) од Законот за животна средина  (,,Службен весник на...
Објавено на 17 Мај 2012, 11.47 од Super Administrator
2012-05-17-11-37-21 Во четврток 17.05.2012 година во работна посета на кабинетот на градоначалникот  на општина Делчево Горан Малешевски беше министерот за транспорт и врски во Владата на Република...
Објавено на 15 Мај 2012, 07.46 од Super Administrator
2012-05-15-06-57-38 Во периодот 11-12.05.2012 година општина Делчево беше домаќин на средбата „Можности за соработка и партнерства“, која беше организирана од општина Делчево, во соработка со Центарот за развој на Источен...
Објавено на 10 Мај 2012, 07.12 од Super Administrator
-9------- Во среда 09.05.2012 пред споменикот на паднатите борци од НОБ во центарот на Делчево беа одбележани 67 години од падот на фашизмот во Европа, ден кој подоцна беше прогласен за Ден на Европа. Свечената...
Објавено на 08 Мај 2012, 09.09 од Super Administrator
2012-05-08-08-28-00 Во вторник 08.05.2012 година во рамки на наставната програма на учениците од ООУ Св.Климент Охридски од Делчево, во посета на просториите на општина Делчево и кабинетот на Градоначалникот Малешевски,...
Објавено на 07 Мај 2012, 14.48 од Super Administrator
----q9--q--- Градоначалникот на Општина Делчево во рамки на програмата „100 настани за 100 години град“, Ве поканува да присуствувате на настанот организиран по повод одбележување на 67 години од победата над...
Објавено на 07 Мај 2012, 12.38 од Super Administrator
-q-q По иницијатива на Советот на станари во зграда бр.5 на улица Кеј на Брегалница, во изминатиот период беше изградена нова пристапна рампа за инвалидизирани лица, и  беше адаптиран дел од просторот...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес33
mod_vvisit_counterВчера525
mod_vvisit_counterОваа недела2011
mod_vvisit_counterПретходна недела2382
mod_vvisit_counterОвој месец6496
mod_vvisit_counterПретходен месец11110
mod_vvisit_counterВкупно458955

Присутни online: 14
Ваша IP: 38.107.179.209
,
Денес: Мај 19, 2012

Интерактивни мапи

Плански региони во Р.М.