Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Категорија-Тековни соопштенија

Соопштение до сите правни и физички лица од Општина Делчево

Печати PDF

Категорија-Тековни соопштенија

Се известуваат сите правни и физички лица од Општина Делчево кои не го платиле долгот по основ на данок на имот и комунална такса за истакнатата фирма, тоа да го сторат најкасно до 15.12.2017 година, во спротивно, за неплатениот долф на истите ќе им бидат блокирани трансакциските жиро сметки задолжени со законска затезна камата од 0,05% за секој ден на задоцнување.

ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Градоначалник,
Горан Трајковски

Закажан состанок на Советодавната група граѓани на Општина Делчево

Печати PDF

Категорија-Тековни соопштенија

Во рамките на проектот „Соработка помеѓу полицијата и локалното население “ имплементиран од страна на ОБСЕ -  Мисијата во Скопје, преку Одделението за соработка со полицијата и локалното население, кој се имплементира на територијата на Република Македонија на 21.03.2017 година (Вторник) во 13.00 часот во салата за состаноци во новата зграда на Полициската Станица во Делчево, советодавната група на граѓани на Општина Делчево ќе одржи состанок со следниот дневен ред

Дневен ред

 

1.  13:00 часот – 14:00 часот  - Превенција од Пожари на отворен простор

Досега превземени превентивни мерки и активности како и мерки кои се планираат во престојниот период.

  • Кирчо Анастасов – ЕЛС Делчево
  • Јонче Атанасовски – ТППЕ Делчево
  • Милчо Станојковски – РЦ за ГР Исток
  • Марко Петровски – ЈПШС Голак Делчево
  • Драган Балас – РЦУК Делчево
  • Тони Начевски, Ванчо Велиновски  - МЗШВ
  • Сузана Велкова – ДЗС
  • Претставник од РЦ за ГР Исток
  • Виолета Илиевска – ПСОН Делчево

2.14:00 часот – 14:15 часот

Проект – Вози мотор биди безбеден

  • Васев Звонко – ПСОН Делчево
  • Ангел Митревски – ПСОН Делчево

Одлука за избор за унапредување по Интерен оглас бр.03/2016 од 27.09.2016 година

Печати PDF

Категорија-Тековни соопштенија

Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа(Службен Весник на Република Македонија бр.5/2002),член 52 став 1 од Законот за административните службеници (Службен Весник на Република Македонија бр.27/2014,199/2014,48/15,154/15,5/16 и 142/16), Градоначалникот на Општина Делчево донесе 

Одлука за избор за унапредување

по Интерен оглас бр.03/2016 од 27.09.2016 година

 

1.За извршител на работите на работното место Помлад соработник-Внатрешен ревизор на обука,во Одделението за внатрешна ревизија при Општина Делчево се избира:

1. Катерија Трајановска.

2.Именуваната ќе биде унапредена на работно место по претходниот став,по завршување на постапката за избор и конечноста на оваа одлука,врз основа на Решение за унапредување донесено од Градоначалникот.

3.Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето.

 

Образложение

Комисијата за селекција и унапредување на административен службеник за пополнување на работното место Помлад соработник-Внатрешен ревизор на обука,формирана со Решение од Градоначалникот на Општина Делчево бр.08-2232/6 од 04.10.2016 година,одржа состанок заради спроведување на интервју.

Во функција на спроведување на постапката за селекција за унапредување на административен службеник за извршување на работните задачи од став 1 на ова Одлука,а по објавениот Интерен оглас за унапредување на административен службеник бр.03/2016 од 27.09.2016 година,Комисијата за унапредување и селекција изготви Записник од административна селекција за интерен оглас со број 08-2232/9 од 06.10.2016 година,Записник од работа на Комисијата за селекција за унапредување на административен службеник заради спроведување на интервју со број 08-2232/10 од 06.10.2016 година и финална ранг листа на интервјуираните кандидати и предлог одлука за избор на прво рангираниот кандидат со број 08-2232/11 од 06.10.2016 година ги достави до Градоначалникот на општината.

Врз основа на изнесеното, Градоначалникот на општина делчево одлучи како во дизспозитивот на ова Одлука.

По завршување на постапката за избор односно конечноста на Одлуката, Градоначалникот ќе донесе Решение за унапредување на именуваната.

 

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО:

Против ова Одлука незадоволниот кандидат има право да поднесе жалба до Агенцијата за администрација на РМ во рок од осум(8) дена од денот на објавувањето на Одлуката на интернет страницата на општината.

 

 

ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Градоначалник
Дарко Шехтански

Доставено до:
-Архива;
-Одделение за управување со човечки ресурси;
-Агенција за администрација ;
-Именуваната; 

Соопштение

Печати PDF

Категорија-Тековни соопштенија

alt

Општина Делчево им соопштува на граѓаните на општина Делчево дека на ден 19.09.2016 година (понеделник) со почеток во 13,00 часот, во салата на Спомен дом АСНОМ ќе се одржи ЈАВНА РАСПРАВА за неопходноста за довршување на проектите:

a) Основен проект за реконструкција на дел од улица “Маршал Тито” во Делчево;
b) Основен проект за реконструкција на улица “Орце Николов” и улица “Скопска” во Делчево;
c) Основен проект за реконструкција на ул. “Кеј на Брегалница” во Делчево;
d) Основен проект за реконструкција на улица “Вера Јоциќ” во Делчево;
e) Основен проект, СРЦ-Делчево Улици, Дел за “Улица бр. 7” во Делчево.

ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
ГРАДОНАЧАЛНИК
Дарко Шехтански

Извештај за стратегиска оцена на животната средина за ДУП за УЕ 2, дел од урбан блок 2.1 - кожара, КО Делчево

Печати PDF

Категорија-Тековни соопштенија

Врз основа на барање на мислење доставено од страна на Општина Делчево до Министерство за животна средина и просторно планирање - Сектор за просторно планирање под бр.15-3303/1 од 03.05.2016 година поврзано со носење на планска документација ДУП за урбана единица 2 , дел од урбан блок 2.1- Кожара, Општина Делчево, доставено е известување дека Стратегиската оцена за влијание врз животната средина се прифаќа од страна на министерството за животна средина и просторно планирање.

Последни актуелни информации

Објавено на 19 Февруари 2019, 13.19 од Д.Чапевски
2019-02-19-12-28-14 20  редовна седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 26.02.2019 (вторник) со почеток во 14.00 часот,, во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од...
Објавено на 18 Февруари 2019, 09.34 од Д.Чапевски
-75- По повод 75-годишнината од Февруарскиот поход, Општина Делчево организира планинарски марш до планината Голак на ден 24.02.2019. За таа цел, Општина Делчево  ги повикува граѓаните на Општина...
Објавено на 14 Февруари 2019, 12.42 од Д.Чапевски
2019-02-14-11-44-37 Општина Делчево и градоначалникот Горан Трајковски изразуваат најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите во трагичната сообраќајна несреќа којашто вчера се случи на автопатот Скопје – Тетово и во...
Објавено на 13 Февруари 2019, 11.49 од Д.Чапевски
2019-02-13-10-55-43 Максимално вклучување на учениците во изработката на проекти кои ќе донесат соработка со училишта од други држави, подобрување на наставниот процес и односот на учениците кон училишниот инвентар и...
Објавено на 12 Февруари 2019, 14.05 од Д.Чапевски
-monilinia-fructicola Овоштарите од Пијанец и Малешевијата денеска на едукативна трибина ги слушнаа причините за појавата на штетниот организам кај коскестото овошје Monilinia Fructicola и начините како да се справуваат со...
Објавено на 11 Февруари 2019, 13.43 од Д.Чапевски
2019-02-11-12-44-29   Екипи од ЈПКД „Брегалница“ денеска ги започнаа градежните работи за реконструкција на  водоводната линија во делчевското село Габрово. Станува збор за реконструкција на потисен цевковод...
Објавено на 08 Февруари 2019, 12.50 од Д.Чапевски
2019-02-08-11-51-22 ОЈУДГ,,Весели Цветови,, Делчево во воспитната 2019/2020 година има предвидено 900.000 денари за реализација на повеќе инвестиции за подобрување на квалитетот на услугите во воспитно згрижувачката...
Објавено на 08 Февруари 2019, 09.56 од Д.Чапевски
2019-02-08-08-58-46 Вторник (12.02.2019) со почеток во 11:30 часот, во фоајето на спомен-домот АСНОМ ќе се одржи едукативна трибина со производителите и откупувачите на слива и друго коскесто овошје на тема...
Објавено на 07 Февруари 2019, 15.15 од Д.Чапевски
-012019- Врз основа на член 52 став 1 и став 2 од Законот за административните службеници (Службен Весник на Република Македонија бр.27/2014, 199/2014 ,48/15 154/15, 5/16 , 142/16,11/2018), Секретарот на Општина...
Објавено на 06 Февруари 2019, 11.28 од Д.Чапевски
2019-02-06-10-30-57 Во ООУ „Ванчо Прке“ во тек се градежни работи за изградба на дворната ограда со која ќе се реши голем проблем на училиштето поврзан со безбедноста на учениците и заштитата на имотот на...
Објавено на 05 Февруари 2019, 14.03 од Д.Чапевски
2019-02-05-13-07-56 Средношколците од Делчево, Берово, Виница и Македонска Каменица кои деновиве престојуваат во посета на европската престолнина Брисел и Европскиот парламент, остварија средби Манфред Вебер, кандидат на...
Објавено на 05 Февруари 2019, 12.04 од Д.Чапевски
2019-02-05-11-07-55 Јавната локална библиотека „Илинден“ денеска подари дваесетина наслови од детска литература на подрачното училиште во с. Ѕвегор. Целта на оваа активност е да се збогати библиотечниот фонд на подрачното...
Објавено на 04 Февруари 2019, 11.28 од Д.Чапевски
2019-02-04-10-34-00  Општина Делчево со пригодна свеченост ја одбележа 147-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот...
Објавено на 04 Февруари 2019, 07.38 од Д.Чапевски
2019-02-04-06-45-38  Во Општина Делчево се одржа работна средба на градоначалниците од регионот со бугарскиот европратеник Андреј Новаков за подбро искористување на европските фондови. Средбата беше на иницијатива на...
Објавено на 01 Февруари 2019, 11.13 од Д.Чапевски
2019-02-01-10-15-00 Во тековната 2019 година, Општина Делчево заедно со Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Делчево ќе ги зајакнуваат капацитетите и ќе ја промовираат родовата еднкавост како вредност...
Објавено на 31 Јануари 2019, 14.18 од Д.Чапевски
2019-01-31-13-20-40 Во деветолетката „Ванчо Прке“ во Делчево во тек е е втората фаза од проектот„Учење и запознавање преку заедничко учење во современи услови“ кој се однесува на подобрување на условите во училиштето во...
Објавено на 30 Јануари 2019, 15.23 од Д.Чапевски
-------2019-- Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски денеска го посети домот на првороденото новороденче во 2019 година во Делчево, Мила Стојковска. Малата Мила е родена на 6 јануари во државната...
Објавено на 30 Јануари 2019, 12.24 од Д.Чапевски
2019-01-30-11-25-58 Селото Полето и приградската населба Басарица во Делчево ќе добијат улично осветлување.  Деновиве екипи на ЈПКД „Брегалница“ започнаа со монтирање улични светилки по претходно поставено електрично...
Објавено на 30 Јануари 2019, 12.08 од Д.Чапевски
2019-01-30-11-10-26 Во партнерство со Владата и Агенцијата за планирање на просторот, Општина Делчево по период од 20 години, изработува Генерален урбанистички план со што ќе се решат сите тесни грла во досегашното...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1032
mod_vvisit_counterВчера2437
mod_vvisit_counterОваа недела6358
mod_vvisit_counterПретходна недела14013
mod_vvisit_counterОвој месец39434
mod_vvisit_counterПретходен месец61166
mod_vvisit_counterВкупно2457593

Присутни online: 40
Ваша IP: 54.90.204.233
,
Денес: Фев 21, 2019