Категорија-Тековни соопштенија
Општина Делчево ги известува граѓаните дека е во тек редовна постапка за изготвување на Програмата за уредување градежно земјиште и Програмата за изградба, реконстрикција и одржување општински (локални) патишта и улици за 2019 година.
Со цел пореално и поквалитетно изготвување на овие програми, апелираме до сите граѓани на Општина Делчево активно да се вклучат во процесот на одредување приоритетни проблеми во нивните урбани и месни заедници. Со тоа ќе придонесат за подобри решенија, решавање на актуелните проблеми што од своја страна ќе придонесе за поквалитетен живот на сите граѓани во општината.
Воедно ги информираме претседателите на урбаните и месните заедници или од нив овластените лица, во најкраток можен рок да ги подигнат потребните документи (образец Записник) од Архивата во Општина Делчево и според дадените насоки да постапат по нив.
Постапката за поднесување приоритети завршува до 15.11.2018 г.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.