Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

ОГЛАС ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ВОЗНИ РЕДОВИ ЗА НОВИ ЛИНИИ И ЗА ПРОМЕНА НА ОДОБРЕНИ ЛИНИИ ЗА ВРШЕЊЕ НА ОПШТИНСКИ ЛИНИСКИ ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО

Печати PDF

Категорија-Тековни соопштенија

Врз основа на членовите 18,19 и 20 од Законот за превоз во патниот сообраќај (Службен весник на Република Македонија број 68/2004, 127/06, 114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 06/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14, 112/14, 166/14, 97/15, 124/15, 129/15, 193/15, 37/2016, 71/16, 64/18 и 163/18) и од член 3 до член 13 одОдлуката за уредување на превозот во патниот сообраќај на подрачјето на општина Делчево број 07-296/1 од 02.02.2012 година и измената и дополнувањето на Одлуката за уредување на превозот во патниот сообраќај на подрачјето на Општина Делчево бр.07-2328/1 од 27.09.2012 год. бр.09-241/1 од 22.02.2017 год., бр.09-771/1 од 30.04.2019 год. и бр.09-1275/1 од 08.07.2019 год., Општина Делчево распишува оглас за доделување линии за вршење на општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина Делчево на следните релации:

ЛИНИЈА БР.1:           ДЕЛЧЕВО-с.ГАБРОВО

ЛИНИЈА БР.2:           ДЕЛЧЕВО-с.ЅВЕГОР

ЛИНИЈА БР.3:           ДЕЛЧЕВО-с.СТАМЕР

ЛИНИЈА БР.4:           ДЕЛЧЕВО-с.ГРАД

ЛИНИЈА БР.5:           ДЕЛЧЕВО-с.ВИРЧЕ

ЛИНИЈА БР.6:           ДЕЛЧЕВО-с.ТРАБОТИВИШТЕ

ЛИНИЈА БР.7:           ДЕЛЧЕВО-с.СТАР ИСТЕВНИК-с.НОВ ИСТЕВНИК

ЛИНИЈА БР.8:           ДЕЛЧЕВО-с.РАЗЛОВЦИ

ЛИНИЈА БР.9:           ДЕЛЧЕВО-ГОЛАК (сабота и недела)

ЛИНИЈА БР.10:         ДЕЛЧЕВО-с.БИГЛА-с.ИЛИОВО-с.ТУРИЈА

ЛИНИЈА БР.11:         ДЕЛЧЕВО-с.ОЧИПАЛА-с.ДРАМЧЕ

ЛИНИЈА БР.12:         ДЕЛЧЕВО-с.ВЕТРЕН-с.КИСЕЛИЦА

ЛИНИЈА БР.13:         ДЕЛЧЕВО-ГРАНИЧЕН ПРЕМИН „ДЕЛЧЕВО“

ЛИНИЈА БР.14:         ДЕЛЧЕВО - ЧИФЛИК

ЛИНИЈА БР.15:         ВИРЧЕ – ГРАД – СТАМЕР – ДЕЛЧЕВО

ЛИНИЈА БР.16:         БИГЛА (Крзно и стара школа) – ИЛИОВО (Марковска маала и Витановска маала) – ДРАМЧЕ (Димовска маала) – ДЕЛЧЕВО

ЛИНИЈА БР.17:         ДЕЛЧЕВО – СТАМЕР – ГРАД – ТРАБОТИВИТЕ – РАЗЛОВЦИ

ЛИНИЈА БР.18:         ОЧИПАЛА – ВЕТРЕН – ПОЛЕТО – ДЕЛЧЕВО

 

Превозот на горенаведените линии ќе се врши со патнички моторни возила минимум (8+1) седиште.

Линиите се одржуваат секој ден со најмалку две тргнувања кои се одредуваат со возен ред. На одредени релации превозот може да се врши и во одредени денови во неделата (зависно од потребите на жителите на неселените места), а деновите ќе се определат со предложениот возен ред.

Возниот ред го предлага превозникот при што е должен да ги има во предвид барањата и потребите на граѓаните, месните заедници, претпријатијата и други органи.Тарифата за превозот е определена од Советот на општина Делчево.

На огласот можат да аплицираат превозниците кои имаат добиено лиценца за вршење на општински линиски превоз на патници од Општина Делчево.

Рок за поднесување на барањата за одобрување на возни редови за нови линии и промена на возни редови за одобрени линии за вршење на општински линиски превоз на патници е 10 дена од денот на објавување на огласната табла во просториите на Општина Делчево.

 

Потребна документација:

  • копија од лиценца за вршење на општиски линиски превоз на патници за подрачјето на општина Делчево;
  • список на возила регистрирани на име на фирмата (фотокопија од сообраќајните дозволи за секое возило одделно, односно фотокопија од Договорот за лизинг и од сообраќајната дозвола за возилата што ги користи по договор за лизинг од овластен дистрибутер);
  • копија од извод од лиценца за возилата за вршење на општински линиски превоз на патници;
  • број на возачи во редовен работен однос; и
  • предлог возен ред изготвен за линијата за која аплицира (доколку превозникот аплицира за повеќе линии треба да достави предлог возен ред за тие линии) на пропишан образец;

Превозниците кои сакаат да извршат промена на возниот ред на одобрена линија за општински линиски превоз на патници исто така ја поднесуваат погоре наведената документација со предлог нов возен ред.

Постапката за доделување на нови линии за вршење на општински линиски превоз на патници и за промена на одобрени линии за вршење на општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина Делчево ја спроведува Комисија формирана од градоначалникот на Општина Делчево.

Заинтересираните превозници потребната документација да ја достават до ЕЛС Делчево – Едношалтерски систем на ЕЛС Делчево, со потврден прием во архивата со назнака „Пријава за оглас за доделување на линии за вршење на општински линиски превоз на патници“.

 

                                                                                    Комисија за одобрување на возни редови
за нови линии и за промена на возни редови за одобрени линии

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 20 Септември 2019, 13.29 од Д.Чапевски
2019-09-20-12-41-26    На  петнаесет штандови богати со најразлични вкусни производи од сливи денеска се славеше традицијата. На едно место се вареше ракија, се подготвуваше мармалад и слатко, а се...
Објавено на 20 Септември 2019, 11.51 од Д.Чапевски
oliver   Модерните концепти на делување на полицијата се во насока на делување во партнерство со граѓаните и градење доверба кон институциите, а посетите на високи претставници од МВР на локалната...
Објавено на 20 Септември 2019, 07.45 од Д.Чапевски
2019-09-20-06-49-12 РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВОЛОКАЛНА САМОУПРАВАБр.04-1668/1120/09/2019 година ДЕЛЧЕВО Врз основа на член 17, член 23 став (1) и став (5) и член 25 став (1) од Законот за...
Објавено на 19 Септември 2019, 11.43 од Д.Чапевски
-29- 29 Седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 27.09.2019 година (петок) во 14:30 часот во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ...
Објавено на 18 Септември 2019, 09.00 од Д.Чапевски
2019-09-18-08-04-12 Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, со сопствени средства ја помага доизградбата на црквата „Св.Кирил и Методиј“ во Делчево. На донаторската сметка тој уплати 500 евра во денарска...
Објавено на 18 Септември 2019, 07.48 од Д.Чапевски
-2-msip2-ncb-009-19 Повик за поднесување на понуди Република Северна Македонија  Втор Проект за подобрување на општинските услуги – МСИП2  MSIP2-NCB-009-19     1. Овој Повик за Понуди ја следи...
Објавено на 17 Септември 2019, 11.24 од Д.Чапевски
2019-09-17-10-31-33  Претставници од Здружението за турско-македонско пријателство со седиште во Борнова-Измир од Турција беа во посета на Општина Делчево при што остварија работна средба со градоначалникот на Општина...
Објавено на 16 Септември 2019, 11.01 од Д.Чапевски
2019-09-16-10-05-09   Со обележување на хоризонталната сигнализација, заврши рехабилитација на транзитниот булевар „Македонија“ во Делчево кој е дел од државниот пат А3 кој поминува низ Делчево. Согласно со проектот...
Објавено на 13 Септември 2019, 13.00 од Д.Чапевски
2019-09-13-12-04-07  Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, денеска го потпиша Договорот со Министерството за локална самоуправа со кој Општина Делчево доби средства од Буџетот на РСМ за поддршка за...
Објавено на 13 Септември 2019, 08.59 од Д.Чапевски
-2019- Општина Делчево во соработка со локалните институции традиционално ја организира манифестацијата „Пијанечки денови на сливата 2019“. Манифестацијата ќе се одржи на 20.09.2019 година (петок) на...
Објавено на 12 Септември 2019, 12.20 од Д.Чапевски
------------msip-ncb-109-19 1.     Овој Повик за поднесување на понуди ја следи општата објава за набавки за овој проект објавена во изданието на UN DevelopmentBusiness со бр. 767 од 31 јануари, 2010 година...
Објавено на 12 Септември 2019, 08.49 од Д.Чапевски
2019-09-12-07-52-19 На иницијатива на градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, Општина Делчево организира екоакција „За почисто Делчево“ на ден 15 септември (недела). За таа цел се повикуваат сите граѓани,...
Објавено на 10 Септември 2019, 08.02 од Д.Чапевски
2019-09-10-07-06-06 Согласно со Законот за заштита на природата, Министерството за животна средина и просторно планирање ја прогласи за природна реткост -спелеолошкиот објект – Киселичката Пештера која се наоѓа на...
Објавено на 07 Септември 2019, 10.31 од Д.Чапевски
kitki    Со букети свежо цвеќе и со поклон пред спомен-обележјето што го чува споменот на паднатите борци од НОВ, Делчево денеска ги продолжи активностите за одбележување на двата значајни датуми...
Објавено на 07 Септември 2019, 10.24 од Д.Чапевски
----13----   Делчево денеска живее во знакот на традицијата почитувајќи ја оставштината од минатото и старите добро познати свадбарски обичаи обединети во традиционалната Пијанечко-малепшевска свадба....
Објавено на 06 Септември 2019, 11.33 од Д.Чапевски
-7-8    Со низа активности и во празнична атмосфера, Делчево денеска одбележува 75 години од ослободувањето и  28 години од независноста на Република Северна Македонија.  Во рамките на...
Објавено на 02 Септември 2019, 13.56 од Д.Чапевски
2019-09-02-13-00-33   Денешниов ден е празник на сите деца кои прв пат седнуваат во училишните клупи, на нивните родители, но и на сите нас, бидејќи денеска нова генерација запловува во образовниот процес од кој...
Објавено на 27 Август 2019, 15.04 од Д.Чапевски
2019-09-02-13-07-37 Денеска сме во просториите на детската градинка каде беа завршени сите работи околу реконструкцијата на кујната. На мое лично задоволство, на задоволство на сите вработени во градинката, а пред се за...
Објавено на 21 Август 2019, 07.56 од Д.Чапевски
2019-08-21-07-03-15 Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Делчево, Оперативниот план за активни програми и мерки за...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2276
mod_vvisit_counterВчера2458
mod_vvisit_counterОваа недела2276
mod_vvisit_counterПретходна недела16605
mod_vvisit_counterОвој месец50841
mod_vvisit_counterПретходен месец62812
mod_vvisit_counterВкупно2952117

Присутни online: 38
Ваша IP: 3.227.254.12
,
Денес: Сеп 23, 2019