Категорија-Тековни соопштенија
Почитувани,
Ве известуваме дека Непрофитното партнерство „Руско-Балканска економска информациона агенција“ (РусБалканИнформ) го основа меѓународниот трговски и информативен портал за претпријатија од Македонија, Русија и земјите од Балканскиот регион(Албанија, Бугарија, Србија, Романија, Словенија, Хрватска) и Турција. Истиот е достапен на интернет адресата www.tradeportal.mk.
На овој портал се наоѓа база на податоци за повеќе од 2 милиони бизниси кои работат во секторот на реалната економија. Главната цел на оваа трговска платформа е создавање на директни деловни контакти меѓу македонските претпријатија, на меѓурегионално и меѓународно ниво и преку него се планира организирање на деловни состаноци и бизнис форуми.
Овој проект и платформа е поддржан од Меѓувладината комисија за трговско-економско и научно-техничка соработка меѓу Руската Федерација и Република Македонија, што се одржа на 20-21 декември 2010 година во Москва.
Ве охрабруваме да се регистрирате на оваа платформа, со што преку објавување на видови на производи и услуги ќе се олесни спроведување на заеднички економски и социјални проекти и соработки.



На почетокот дозволете ми да Ве поздравам од мое име и од името на Општина Делчево и да Ви посакам добредојде на официјалниот ВЕБ портал на општината.






























Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.