Добредојдовте !!!

Почитувани пријатели,

На почетокот дозволете ми да Ве поздравам од мое име и од името на Општина Делчево и да Ви посакам добредојде на официјалниот ВЕБ портал на општината.

Читај повеќе...

Пријавување



Честитки

Честитка за Св.Климент Охридски

Печати PDF

Thumbnail image

Честит и вековит празникот на големиот просветител Св.Климент Охридски

Thumbnail imageГрадоначалникот г-дин Горан Малешевски,  на сите граѓани на општина Делчево, и Република Македонија им го честита празникот на еден од најважните личности од Македонската историја Денот на Св.Климент Охридски.

Значењето на овој просветител, учител и духовен водач во Македонската историја е огромно, и неговиот живот и дело претставува еден од камените темелници на македонскиот идентитет и постоење. Св. Климент заедно со Св. Наум претставуваат двајца од најистакнатите ученици на Светите Кирил и Методи и основоположници на охридската духовна и книжевна школа во лицето на првиот балкански универзитет (втор во Европа). Преку писменоста која произлегла како резултат на оваа школа, се манифестираат придобивките на современата македонска писменост, чиј корен и почетоци наоѓаме токму во Св.Климентовиот универзитет во Охрид. Светителот Климент е роден околу 840-тата година, не е познато каде во Македонија но најверојатно (според претпоставките на научниците) во близината на Солун. Уште од раните почетоци на работата на неговите учители светите браќа Кирил и Методиј, тој се покажал како еден од најумешните и најдаровитите ученици. Со своите учители учествувал на многу мисии за ширење на писменоста и учењето на светото писмо.

Се упокоил во духот на својот создател на 9-ти август 916 година во Охрид каде сега во црквата Свети Климент-Света Богородица Перивлептос, почиваат неговите чудотворни мошти.

Република Македонија по петти пат го празнува Денот на Свети Климент Охридски со највисоки државни почести , откако со одлука на Владата на Република Македонија, 8-ми декември беше прогласен за државен празник.

Срекни велигденски празници

Печати PDF
Thumbnail image

Мир, благосостојба, љубов, меѓусебна почит и толеранција на сите граѓани на општина Делчево и Република Македонија во пресрет на претстојните велигденски празници, им посакуваат Градоначалникот на Општина Делчево г-дин, Горан Малешевски и Претседателот на Советот на Општина Делчево, г-дин Тони Трајановски. Со желби за успех во работата и спокојство во семејството на сите граѓани во општината и државата, кон честитките по повод најголемиот христијански празник, се придружуваат и сите вработени на ЕЛС Делчево.

Срекна нова 2011 год.

Печати PDF
Градоначалникот  г-дин Горан Малешевски на сите граѓани на општина Делчево и Република Македонија им посакува Среќни новогодишни и божиќни празници.
Thumbnail image
Кликни на сликата за преглед во поголем формат

Последни статии

Објавено на 22 Февруари 2012, 13.29 од Кирчо Анастасов
2012-02-22-13-26-39 Во рамки на јавната расправа за Студијата  за оцена на влијание врз животната средина за проектот: “Изградба на автопат М-5 на делница, граничен премин на Република Бугарија (Црна Скала) -...
Објавено на 22 Февруари 2012, 11.01 од Кирчо Анастасов
2012-02-22-10-05-02 Поради големиот износ на финансиски сретства кои се потребни за транспорт на телото на неодамна трагично починатиот 23-годишен сограѓанин од Делчево, Дарко Миленковски, општина  Делчево и...
Објавено на 22 Февруари 2012, 09.05 од Кирчо Анастасов
2012-02-22-08-22-00 Во вторник 21.02.2012 година, саменик амбасадорот Валтер Лојкс, во придружба на првиот секретар Франк Штосел од амбасадата на Сојузна Република Германија во Република Македонија, донираа медицински...
Објавено на 20 Февруари 2012, 11.45 од Кирчо Анастасов
2012-02-20-10-57-37 Во понеделник 20.02.2012 година во кабинетот на градоначалникот на општина Делчево, г-дин Горан Малешевски свечено беа доделени Решенијата за доделување на стипендии за ученици од СОУ ММ Брицо, како и...
Објавено на 16 Февруари 2012, 14.57 од Кирчо Анастасов
2012-02-16-14-02-55 Информација за одржување на Јавна расправа по Студија  за оцена на влијаниe врз животната средина за проектот “Изградба на автопат М-5 на делница, граничен премин на Република Бугарија (Црна Скала) -...
Објавено на 16 Февруари 2012, 14.57 од Кирчо Анастасов
2012-02-16-14-02-55 Информација за одржување на Јавна расправа по Студија  за оцена на влијаниe врз животната средина за проектот “Изградба на автопат М-5 на делница, граничен премин на Република Бугарија (Црна Скала)...
Објавено на 14 Февруари 2012, 15.36 од Кирчо Анастасов
-3  На ден 09.02.2012 година беа одржани две јавни презентации за следните Нацрт-детални урбанистички планови: 1. Нацрт-детален урбанистички план за Урбана единица 3, дел од блок 3.1 од ГУП...
Објавено на 08 Февруари 2012, 15.44 од Кирчо Анастасов
2012-02-08-14-49-56 Општина Делчево во партнерство со општина Благоевград од Република Бугарија, во периодот мај 2011-мај 2012 година го спроведува проектот „Разумно искористување на еко ресурсите на планините Голак и...
Објавено на 08 Февруари 2012, 14.45 од Кирчо Анастасов
-1 Брошурата во Pdf  формат може да се превземе тука.
Објавено на 08 Февруари 2012, 14.45 од Кирчо Анастасов
-1 Брошурата во Pdf  формат може да се превземе тука.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес574
mod_vvisit_counterВчера473
mod_vvisit_counterОваа недела1625
mod_vvisit_counterПретходна недела3285
mod_vvisit_counterОвој месец10495
mod_vvisit_counterПретходен месец14124
mod_vvisit_counterВкупно426403

Присутни online: 16
Ваша IP: 38.107.179.207
,
Денес: Фев 22, 2012

Интерактивни мапи

Плански региони во Р.М.