Честит и вековит празникот на големиот просветител Св.Климент Охридски
Градоначалникот г-дин Горан Малешевски, на сите граѓани на општина Делчево, и Република Македонија им го честита празникот на еден од најважните личности од Македонската историја Денот на Св.Климент Охридски.
Значењето на овој просветител, учител и духовен водач во Македонската историја е огромно, и неговиот живот и дело претставува еден од камените темелници на македонскиот идентитет и постоење. Св. Климент заедно со Св. Наум претставуваат двајца од најистакнатите ученици на Светите Кирил и Методи и основоположници на охридската духовна и книжевна школа во лицето на првиот балкански универзитет (втор во Европа). Преку писменоста која произлегла како резултат на оваа школа, се манифестираат придобивките на современата македонска писменост, чиј корен и почетоци наоѓаме токму во Св.Климентовиот универзитет во Охрид. Светителот Климент е роден околу 840-тата година, не е познато каде во Македонија но најверојатно (според претпоставките на научниците) во близината на Солун. Уште од раните почетоци на работата на неговите учители светите браќа Кирил и Методиј, тој се покажал како еден од најумешните и најдаровитите ученици. Со своите учители учествувал на многу мисии за ширење на писменоста и учењето на светото писмо.
Се упокоил во духот на својот создател на 9-ти август 916 година во Охрид каде сега во црквата Свети Климент-Света Богородица Перивлептос, почиваат неговите чудотворни мошти.
Република Македонија по петти пат го празнува Денот на Свети Климент Охридски со највисоки државни почести , откако со одлука на Владата на Република Македонија, 8-ми декември беше прогласен за државен празник.



На почетокот дозволете ми да Ве поздравам од мое име и од името на Општина Делчево и да Ви посакам добредојде на официјалниот ВЕБ портал на општината.































Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.