ЈАВЕН ПОВИК за доделување на финансиска помош на здруженија на граѓани од Општина Делчево за 2018 година
Со цел да се зацврсти и унапреди соработката на Општината со граѓанските организации, Општина Делчево ќе врши распределба на средства од Буџетот на Општината за 2018 година кои се наменети зa финансиска помош на здруженија на граѓани согласно Правилникот за условите, начинот и постапката за доделување на финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани (Сл.гласник на Општина Делчево бр.2/2018) и согласно утврдените критериуми објавени во овој повик.
Се повикуваат сите граѓански здруженија кои се регистрирани на подрачјето на Општина Делчево, да достават свои апликации во предвидениот рок.
За подетални информации прочитајте го јавниот повик на следниот ЛИНК
Доколку сте заинтересирани да аплицирате потребно е да ја пополните следната пријава , како и ИЗЈАВА дека немате одобрено и добиено финансиски средства од други институции, организации или други извори на средства, а што би значело двојно финансирање на истите активности од различни извори