КОНКУРС за доделување на 6 стипендии на талентирани ученици од СОУ „М.М.Брицо“ од II, III и IV година



Петок, 12 Декември 2014 13:30
КОНКУРС
за доделување на 6 стипендии на
талентирани ученици од СОУ „М.М.Брицо“ од II, III и IV година
1.Општина Делчево ќе додели 6стипендии на редовни талентирани ученици од СОУ „М.М.Брицо“ од II, III и IV година, во учебната 2014/2015 година, кои ги исполнуваат следните услови:
I.Редовни талентирани ученици од II, III и IV година во учебната 2014/2015 година, со континуиран просечен одличен успех од 5.00 и со примерно поведение
II.Ученици кои освоиле најмалку една награда во поединечна категорија за освоено прво, второ или трето место на државни или регионални натпревари.
III.Учениците да се жители на Општина Делчево
IV.Учениците да не се корисници на друга стипендија
Комисијата за доделување на ученички стипендии ги утврди следните критериуми:
I.1.Континуиран одличен успех ( 5.00)
-континуиран одличен успех (5.00)-50 бода
I.2.Против ученикот да нема изречено никаква педагошка мерка (вкупно 10 бода)
- примерно поведение (до 10 неоправдани изостаноци)-10 бода
- за секој неоправдан вкупниот број на претходно освоените бодови се намалува за 0,5 бода.
II.1.Освоени награди во поединечна категорија на државни или регионални натпревари организирани лиценцирани институции од МОН или Биро за развој на образованието.
- За овој критериум се утврдени следните подкритериуми:
- за освоено прво место во поединечна категорија на државен натпревар – 40 бода
- за освоено второ место во поединечна категорија на државен натпревар – 35 бода
- за освоено трето место во поединечна категорија на државен натпревар – 30 бода
- за освоено прво место во поединечна категорија на регионален натпревар – 25 бода
- за освоено второ место во поединечна категорија на регионален натпревар – 20 бода
- за освоено трето место во поединечна категорија на регионален натпревар – 15 бода
2.ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
3. Фотокопија од свидетелства за претходни години;
4. Фотокоипија од дипломи за освоени награди во поединечна категорија
6. Уверение за жителство
7. Изјава од родител/старател за веродостојност на податоците Изјава од родител/старател за веродостојност на податоците(Архива на Општина Делчево и веб страница: www.delcevo.gov.mk)
3.Постапка за доделување на стипендии
1. Сите потребни документи се поднесуваат до Архива на Општина Делчево, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот или по пошта на адреса:
Општина Делчево, ул. „Светозар Марковиќ“ бр.1, со назнака за „ученички стипендии за талентирани ученици“;
2. Доставените документи по Конкурсот ги разгледува Комисија формирана од Градоначалникот на Општина Делчево;
3. Некомплетните документи или документите доставени по истекувањето на конкурсниот рок, нема да бидат разгледани;
4. Кандидатите кои ќе добијат стипендии и оние кои ќе бидат одбиени, ќе добијат Известување;
5. Висината на стипендијата ќе изнесува 1.000 денари месечно во траење од 9 месеци во текот на учебната година 2014/2015;
6. На ученикот кој ќе даде лажни податоци поврзани со остварувањето на правото на стипендија, Решението за доделување на стипендија ќе му биде поништено и истиот ќе биде задолжен исплатените средства по основ на Решението да ги врати на Општина Делчево;
7. Стипендиите се неповратни;
8. Рок на пријавување од 12.12.2014 година до 29.12.2014 година.
9. Конкурсот трае 15 дена од денот на објавувањето;
10. Конкурсот ќе се објави на Огласната табла во Општина Делчево, СОУ „М.М.Брицо„ Делчево, локалните медиуми и интернет страницата на Општина Делчево www.delcevo.gov.mk
ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
КОНКУРСНА КОМИСИЈА
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.