КОНКУРС за доделување на 12 стипендии на одлични ученици од СОУ „М.М.Брицо“ од II, III и IV година 2016/2017



Вторник, 22 Ноември 2016 15:44
КОНКУРС
за доделување на 12стипендии на
одлични ученици од СОУ „М.М.Брицо“ од II, III и IV година
1.Општина Делчево ќе додели 6 стипендии на редовни одлични ученици од СОУ „М.М.Брицо“ од II, III и IV година, во учебната 2016/2017 година, кои ги исполнуваат следните услови:
1.1.Редовни одлични ученици од II, III и IV година во учебната 2016/2017 година, со континуиран просечен одличен успех од 4.50 до 5.00 и со примерно поведение
1.2.Ученици чии родители се невработени, со ниски месечни примања или приматели на социјална помош.
1.3.Учениците да се жители на Општина Делчево
1.4.Учениците да не се корисници на друга стипендија
Комисијата за доделување на ученички стипендии ги утврди следните критериуми со бодови, за доделување на 6 (шест) стипендии од точка 1 на конкурсот:
1.1.1Континуиран просечен одличен успех (4.50 до 5.00)
- -континуиран одличен успех (5.00)-30 бода
- -континуиран одличен успех ( од 4.50 до 4,99)- 25 бода
1.1.2.Против ученикот да нема изречено никаква педагошка мерка (вкупно 10 бода)
- примерно поведение (до 10 неоправдани изостаноци)-10 бода
- за секој неоправдан вкупниот број на претходно освоените бодови се намалува за 0,5 бода.
1.2.1Семејно-материјалната положба на ученикот
За овој критериум се утврдени следните подкритериуми:
- - Семејство без никакви примања-60 бода;
- - Семејство со примања до 2.500,00 денари по член на сeмејство 55 бода;
- - Семејство со примања од 2.501,00 до 4.000,00 денари по член на семејство-50 бода
- -Семејство со примања од 4.001,00 до 6.000,00 денари по член на семејство-45 бода;
2. Општина Делчево ќе додели 6 (шест) стипендии на ученици од СОУ „М.М.Брицо„ Делчево кои постигнале особено висок успех во учењето, кои ги исполнуваат следните услови:
2.1 Редовни ученици од II, III и IV година во учебната 2016/2017 година, со континуиран просечен одличен успех од 5.00 и со примерно поведение
2.2.Ученици кои освоиле најмалку една награда во поединечна категорија за освоено прво, второ или трето место на државни или регионални натпревари.
2.3 Учениците да се жители на Општина Делчево
2.4 Учениците да не се корисници на друга стипендија
Комисијата за доделување на ученички стипендии ги утврди следните критериуми со бодови, за доделување на 6 (шест) стипендии од точка 2 на конкурсот:
2.1.1 Континуиран одличен успех ( 5.00)
-континуиран одличен успех (5.00)-50 бода
2.1.2 Против ученикот да нема изречено никаква педагошка мерка (вкупно 10 бода)
- примерно поведение (до 10 неоправдани изостаноци)-10 бода
- за секој неоправдан вкупниот број на претходно освоените бодови се намалува за 0,5 бода.
2.2.1 Освоени награди во поединечна категорија на државни или регионални натпревари организирани од лиценцирани институции од МОН или Биро за развој на образованието.
За овој критериум се утврдени следните подкритериуми:
- - за освоено прво место во поединечна категорија на државен натпревар – 40 бода
- - за освоено второ место во поединечна категорија на државен натпревар – 35 бода
- - за освоено трето место во поединечна категорија на државен натпревар – 30 бода
- - за освоено прво место во поединечна категорија на регионален натпревар – 25 бода
- - за освоено второ место во поединечна категорија на регионален натпревар – 20 бода
- - за освоено трето место во поединечна категорија на регионален натпревар – 15 бода
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
За доделување на ученички стипендии од точка 1 на конкурсот
2. Фотокопија од свидетелства за претходни години;
3. Потврда за остварена плата за вработените членови на семејството за месец Септември 2016 година или за последниот месец од 2016 година за кој е земено плата;
4. Потврда за редовен ученик/студент за членовите на семејството кои се ученици или студенти;
5. Потврда за невработените членови на семејството од Агенцијата
за вработување;
6. Потврда од Центарот за социјални работи доколку некој член е корисник на социјална или постојана парична помош;
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
За доделување на ученички стипендии од точка 2 на конкурсот
2. Фотокопија од свидетелства за претходни години;
3. Фотокопија од дипломи за освоени награди во поединечна категорија
Постапка за доделување на ученички стипендии
1. Сите потребни документи се поднесуваат до Архива на Општина Делчево, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот или по пошта на адреса:
Општина Делчево, ул. „Светозар Марковиќ“ бр.1, со назнака „за ученички стипендии за одлични ученици“ за ученици кои конкурираат за точка 1 од конкурсот и со назнака „ за ученички стипендии за ученици со особен успех„ за ученици кои конкурираат за точка 2 од конкурсот;
2. Доставените документи по Конкурсот ги разгледува Комисија формирана од Градоначалникот на Општина Делчево;
3. Некомплетните документи или документите доставени по истекувањето на конкурсниот рок, нема да бидат разгледани;
4. Висината на стипендиите од точка 1 и точка 2 од конкурсот ќе изнесува 1.000 денари месечно, а ќе се доделува 9 месеци почнувајќи од месец Јануари 2017 година;
5. Стипендиите се неповратни;
6. Конкурсот трае 15 дена од денот на објавувањето а рокот за пријавување е од 23.11.2016 година до 07.12.2016 година;
7. Конкурсот ќе се објави на Огласната табла во Општина Делчево, СОУ „М.М.Брицо„ Делчево, регионалните медиуми и интернет страницата на Општина Делчево www.delcevo.gov.mk
ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
КОНКУРСНА КОМИСИЈА
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.