Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

КОНКУРС за доделување на 12 стипендии на одлични ученици од СОУ „М.М.Брицо“ од II, III и IV година -2018

Печати PDF
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Минати конкурси

1. Општина Делчево ќе додели 6 стипендии на редовни одлични ученици од СОУ „М.М.Брицо“ Делчево од II, III и IV година, во учебната 2018/2019 година, кои ги исполнуваат следните услови:

 1.1. Редовни одлични ученици од II, III и IV година во учебната 2018/2019 година, со континуиран просечен одличен успех од 4.50 до 5.00 и со примерно поведение

  1.2. Ученици чии родители се невработени, со ниски месечни примања или приматели на социјална помош.

 Комисијата за доделување на ученички стипендии ги утврди следните критериуми со бодови, за доделување на 6 (шест) стипендии од точка 1 на конкурсот:

1.1.1Континуиран просечен одличен успех (4.50 до 5.00)

  • континуиран одличен успех (5.00)-30 бода
  • континуиран одличен успех ( од 4.50 до 4,99)- 25 бода

1.1.2.Против ученикот да нема изречено никаква педагошка мерка (вкупно 10 бода)

  • примерно поведение (до 10 неоправдани изостаноци)-10 бода
  • за секој неоправдан вкупниот број на претходно освоените бодови се намалува за 0,5 бода.

 1.2.1Семејно-материјалната положба на ученикот

     За овој критериум се утврдени следните подкритериуми:

  • Семејство без никакви примања-60 бода;
  • Семејство со примања до 3.100,00 денари по член на сeмејство - 55 бода;
  • Семејство со примања од 3.101,00 до 4.600,00 денари по член на семејство - 50 бода
  • Семејство со примања од 4.601,00 до 6.100,00 денари по член на семејство - 45 бода;

 

2. Општина Делчево ќе додели 6 (шест) стипендии на ученици од СОУ „М.М.Брицо„ Делчево кои постигнале особено висок успех во учењето, кои ги исполнуваат следните услови:

2.1 Редовни ученици од II, III и IV година во учебната 2018/2019 година, со континуиран просечен одличен успех од 5.00 и со примерно поведение

2.2. Ученици кои освоиле најмалку една награда во поединечна категорија за освоено прво, второ или трето место на државни или регионални натпревари.

 

Комисијата за доделување на ученички стипендии ги утврди следните критериуми со бодови, за доделување на 6 (шест) стипендии од точка 2 на конкурсот:

2.1.1 Континуиран одличен успех ( 5.00)

  • -континуиран одличен успех (5.00)-50 бода

2.1.2 Против ученикот да нема изречено никаква педагошка мерка (вкупно 10 бода)

  • примерно поведение (до 10 неоправдани изостаноци)-10 бода
  • за секој неоправдан вкупниот број на претходно освоените бодови се намалува за 0,5 бода.

 

2.2.1 Освоени награди во поединечна категорија на државни или регионални натпревари организирани од лиценцирани институции од МОН или Биро за развој на образованието.

     За овој критериум се утврдени следните подкритериуми:

  • за освоено прво место во поединечна категорија на државен натпревар – 40 бода
  • за освоено второ место во поединечна категорија на државен натпревар – 35 бода
  • за освоено трето место во поединечна категорија на државен натпревар – 30 бода
  • за освоено прво место во поединечна категорија на регионален натпревар – 25 бода
  • за освоено второ место во поединечна категорија на регионален натпревар – 20 бода
  • за освоено трето место во поединечна категорија на регионален натпревар – 15 бода

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

За доделување на ученички стипендии од точка 1 на конкурсот

1.Барање за доделување на ученичка стипендија (Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk)

2. Фотокопија од свидетелства за претходни години;

3. Потврда за остварена плата за вработените членови на семејството за месец Октомври 2018 година или за последниот месец од 2018 година за кој е земено плата;

4. Потврда за редовен ученик/студент за членовите на семејството кои се ученици или студенти;

5. Потврда за невработените членови на семејството од Агенцијата

за вработување;

6. Потврда од Центарот за социјални работи доколку некој член е корисник на социјална или постојана парична помош;

7. Изјава потпишана од родител/старател за обработка на личните податоци на кандидадот и членовите на неговото потесно семејство(Архива на Општина Делчево и интернет страница:delcevo.gov.mk)

8.Изјава од родител/старател за веродостојност на податоците(Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk)

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

За доделување на ученички стипендии од точка 2 на конкурсот

1.Барање за доделување на ученичка стипендија за ученици кои постигнале особено висок успех во учењето (Архива на Општина Делчево и интернет страница:www.delcevo.gov.mk)

2. Фотокопија од свидетелства за претходни години;

3. Фотокопија од дипломи за освоени награди во поединечна категорија

4. Изјава потпишана од родител/старател за обработка на личните податоци на кандидадот и членовите на неговото потесно семејство(Архива на Општина Делчево и интернет страница:delcevo.gov.mk)

5.Изјава од родител/старател за веродостојност на податоците(Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk)

  

Постапка за доделување на ученички стипендии

1. Сите потребни документи се поднесуваат до Архива на Општина Делчево, секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот или по пошта на адреса:

Општина Делчевоул. „Светозар Марковиќ“ бр.1, со назнака „за ученички стипендии за одлични ученици“ за ученици кои конкурираат за точка 1 од конкурсот и со назнака „ за ученички стипендии за ученици со особен успех„ за ученици кои конкурираат за точка 2 од конкурсот;

2. Доставените документи по Конкурсот ги разгледува Комисија формирана од Градоначалникот на Општина Делчево;

3. Некомплетните документи или документите доставени по истекувањето на конкурсниот рок, нема да бидат разгледани;

4. Висината на стипендиите од точка 1 од конкурсот ќе изнесува 1.000 денари месечно, а висината на стипендијата од точка 2 од конкурсот ќе изнесува 1.500 денари месечно, а ќе се доделува 9 месеци почнувајќи од месец Јануари 2018 година;

5. Стипендиите се неповратни;

6. Конкурсот трае 15 дена од денот на објавувањето а рокот за пријавување е од 23.11.2018 година до 08.12.2018 година;

7. Конкурсот ќе се објави на Огласната табла во Општина Делчево, СОУ „М.М.Брицо„ Делчево, регионалните медиуми и интернет страницата на Општина Делчево www.delcevo.gov.mk

 

 ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
КОНКУРСНА КОМИСИЈА

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 14 Декември 2019, 10.03 од Д.Чапевски
2019-12-14-09-09-34   Во рамките на акцијата „Чисти ме со ‘Не биди ѓубре’“иницирана од Владата, вработените од Општина Делчево, ЈКП „Брегалница“, претставници од институциите денеска масовно се вклучија во...
Објавено на 13 Декември 2019, 11.15 од Д.Чапевски
-032019-1- Врз основа на член 48 став 4 од Законот за административни службеници(Службен весник на Република Македонија бр.27/2014,199/2014,48/2015,154/2015,5/2016,142/16,142/2016 и 11/2018), како и член 2 од...
Објавено на 13 Декември 2019, 11.06 од Д.Чапевски
2019-12-13-10-14-16 В сабота, 14.12.2019 е работна за вработените од ЕЛС Делчево со што ќе се одработува неработниот ден за администрацијата од 2 јануари 2019 г. Според Одлуката на Владата, сабота, 14 декември, од страна...
Објавено на 13 Декември 2019, 09.07 од Д.Чапевски
2019-12-13-08-09-05 Општина Делчево и Општина Виница по вторпат беа активни учесници на Бизнис-самитот „Патот на свилата“ кој овој месец се одржа во Кина. Двете општини се активни членки и  први општини од Р. С....
Објавено на 12 Декември 2019, 22.41 од Д.Чапевски
2019-12-12-21-47-24 Во рамките на новогодишната програма, Академскиот хор „Мирче Ацев“ ќе одржи новогодишен концерт во Делчево на 14.12.2019 (сабота) во 19 часот во киносалата.На програмата се композиции од Мокрањац,...
Објавено на 11 Декември 2019, 14.00 од Д.Чапевски
8----  Уникатната изложба под работен наслов „8 Мега- ана“ плод на повеќегодишна работа на стручните тимови од Природонаучниот музеј од Скопје и Музејот од Софија денеска беше отворена во Делчево....
Објавено на 11 Декември 2019, 13.48 од Д.Чапевски
2019-12-11-12-59-19 Се известуваат сите спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани кои имаат добиено и исплатено финансиска помош од Општина Делчево  да достават...
Објавено на 11 Декември 2019, 10.25 од Д.Чапевски
8- Сѐ е подготвено за уникатната по многу нешта изложба под работен наслов „8 Мега ана“ плод на повеќегодишна работа на стручните тимови од Природонаучниот музеј од Скопје и несебичната поддршка на...
Објавено на 09 Декември 2019, 19.15 од Д.Чапевски
2019-12-09-18-16-14 Комисијата за доделување ученички стипендии ја утврди листата од 14 ученици од СОУ „М.М.Брицо“ од 2, 3 и 4 година кои ќе добиваат ученички стипендии за учебната 2019/2020 година. На јавно објавениот...
Објавено на 09 Декември 2019, 19.10 од Д.Чапевски
2019-12-09-18-14-09 Комисијата за доделување студентски стипендии ја утврди листата на студенти кои за учебната 2019/2020 ќе добиваат студентска стипендија од Буџетот на Општина Делчево. Согласно со критериумите објавени...
Објавено на 06 Декември 2019, 10.44 од Д.Чапевски
2019-12-06-09-47-39 Во делчевската деветолетка „Св.Климент Охридски“ се инсталира националниот библиотечен информациски систем КОБИС со што ова делчевско училиште е прво училиште кое ја има започнато оваа постапка која има...
Објавено на 06 Декември 2019, 10.31 од Д.Чапевски
2019-12-06-09-36-52 Фосилите од палеонтолошката гробница на животни кај Стамер, Делчевско ќе бидат изложени за прв пат пред делчевци во рамките на тематската изложба „8 MEGA ANNA“ . Изложбата  е плод на...
Објавено на 05 Декември 2019, 13.40 од Д.Чапевски
2019-12-05-12-45-05   „Везот на животот“ новото дело на поетесата Ана Дедова, денеска беше промовирано во Делчево во рамките на кампањата „Денови на хуманост-дарувај со љубов“ организирана од Општина Делчево и ЈЛБ...
Објавено на 05 Декември 2019, 09.14 од Д.Чапевски
2019-12-05-08-16-59 Осум ученици од СОУ „М.М.Брицо“ од Делчево се закитија со награди на манифестацијата за популаризација на природните науки „Ноември – месец на науката“ во организација на Македонското географско...
Објавено на 03 Декември 2019, 14.12 од Д.Чапевски
2019-12-03-13-16-25   Денеска во Дневниот центар e пуштена во употреба сензорната собаопремена преку иновативниот проект „Здрави деца – сигурна иднина“  и Источно- планскиот регион со средства од Швајцарската...
Објавено на 03 Декември 2019, 12.47 од Д.Чапевски
2019-12-03-11-50-21  Претставници од 11 општини од Косово и од нво-секторот од оваа земја, денеска престојуваат во Делчево со цел размена на искуства во делот на ЕУ-фондовите, но и градење нови партнерства и...
Објавено на 03 Декември 2019, 08.39 од Д.Чапевски
2019-12-03-07-43-45  „Музиката од светот“ во интерпретација на маестро Ѕене и прекрасниот вокал Елена, синоќа од Делчево испрати порака за поголема свест за лицата со посебни потреби со фокус на правата на овие лица....
Објавено на 02 Декември 2019, 12.19 од Д.Чапевски
2019-12-02-11-20-23   Општина Делчево денеска објави Поедноставена отворена постапка за набавка на работи„Изградба на придружни и услужни објекти на гробишта мртовечница-КАПЕЛА со ладилник и помошни простории во...
Објавено на 02 Декември 2019, 11.09 од Д.Чапевски
2019-12-02-10-12-55 Во рамките на манифестацијата „Денови на хуманост- дарувај со љубов“ посветен на Светскиот ден на лицата со попреченост, 3 Декември, вечерва делчевскиот композитор Дејан Ѓеоргиевски-Ѕене и вокалната...
Објавено на 28 Ноември 2019, 14.50 од Д.Чапевски
-32- 32 седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 06.12.2019година (петок) во 14:00 часотво Мултимедијалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес122
mod_vvisit_counterВчера3422
mod_vvisit_counterОваа недела3544
mod_vvisit_counterПретходна недела19520
mod_vvisit_counterОвој месец40156
mod_vvisit_counterПретходен месец74155
mod_vvisit_counterВкупно3149836

Присутни online: 63
Ваша IP: 3.234.214.113
,
Денес: Дек 16, 2019