Тековни конкурси

Bebe  

Парична помош од 3000 мкд за секое новородено бебе во Делчево

Почитувани,

Општина Делчево со години наназад е соочена со намалување на природниот прираст. Континуираното намалување на наталитетот претставува сериозна закана за демографскиот развој во општината и републиката. Општина Делчево е во редот на општини каде што природниот прираст е помал од 2,1 промили.

Врз основа на овие статистички податоци а водејки грижа за иднината и напредокот на Општина Делчево по иницијатива на Градоначалникот на општина Делчево, Советот на општината донесе одлука започнувајки од 01.01.2010  да се доделува еднократна парична помош во износ од 3.000,00 денари. Одлуката важи за секое ново родено дете чија мајка е жител на општина Делчево.

(Барањето за парична помош за новороденче во електронска PDF форма можете да го превземете тука)

Градоначалник,
Горан Трајковски

Share/Save/Bookmark