Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Минати конкурси

 

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2019 за вработување на неопределено време на 2(две) други помошно технички лица воТериторијалната Противпожарна Единица-ТППЕ Делчево

Врз основа на член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор(Службен Весник на Република Македонија бр.27/14, 199/14, 27/16,35/18 и 198/18) ,член 11 од Законот за пожарникарство-Пречистен текст(Службен Весник на Република Македонија бр.168/2017) и член 22 од Закон за работните односи-Пречистен ткест(Службен Весник на Република Македонија бр.167/2015) а во согласност со Правилникот за систематизација на работните места бр.08-563/1 31.03.2016 година,Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места на општинската администрација на Општина Делчево бр.08-389/2 од 01.03.2018 година и Правилникот за измени и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места на општинската администрација бр.08-2110/1 од 06.12.2018 година, Градоначалникот на Општина Делчево објавува:

 

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2019

За вработување на неопределено време на 2(две) други помошно технички лица во

Територијалната Противпожарна Единица-ТППЕ Делчево

 

Општина Делчево има потреба од вработување на неопределено работно време на 2(две ) други помошно технички лица во Територијалната Противпожарна единица-ТППЕ за следното работно место:

1.а) -реден број 63.1, шифра-УПР0402Б13000,назив на работното место-Пожарникар спасител,број на извршители 2(два);

б) –општи услови:

  • -кандидатот да е државјанин на Република Македонија;
  • -да е полнолетен;
  • -да има општа здравствена способност за работното место;
  • -со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење на професија,дејност или должност и
  • -активно да го користи македонскиот јазик;

-општи работни компетенции на основно ниво:

учење и развој,комуникација,оставрување на резултати,работење со други/тимска работа и ориентираност кон засегнатите страни-(проверка на општите и посебните работни компетенции ќе биде извршена во фазата на интревју);

в)посебни услови

-стручни квалификации-Средно образование(IV степен);

-работно исксутво :со или без работно искуство во струката евидентирано во Агенцијата за вработување на Република Македонија како работен стаж;

-други посебни услови:

-сертификат за стекната квалификација пожарникар,(вработениот во Територијалната Противпожарна Единица има обврска во рок од една година од денот на вработувањето, да се стекне со сертификат за стекната квалификација пожарникар,издаден од институција овластена од Министерството за образование и наука на РМ во спротивно му претстанува вработувањето).

  г)распоред на работно време

-дневно работно време во две смени од 07.00 часот со 19.00часот и од 19.00часот до 07.00 часот, 40 часовно-неделно работно време;

д) паричен износ на плата: 15.240,00 денари.

ѓ) напомена: согласно Годишниот план за вработување за 2019 година вработувањето е предвидено за Македонец(ка).

 3.а) Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите се доставува во рок од 3(три) работни дена од денот на објавувањето на јавниот оглас во дневен печат.

 

Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите се доставува во хартиена форма на адреса-

Општина Делчево, ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320 Делчево

Лице за контакт Владимир Мерзликин,телефон:076/404-390;

Пријавата за вработување може да се подигне од Архивата на Општина Делчево или да се превземе од веб страната на Oпштина Делчево:www.delcevo.gov.mk.

Пријавата за вработување треба да содржи:

  • -податоци на кандидатот(име и презиме,матичен број,датум и место на раѓање,адреса и место на живеење,електронска адреса на кандидатот, контакт телефон,припадност на заедницата);
  • -кратко мотивациско писмо;
  • -кратка биографија;
  • -изјава за исполнување на општите услови за работното место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделено;
  • -изјава за исполнување на посебниte услови за работното место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно;
  • -изјава за исполнување на други посебни услови за работното место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно;

            Кандидатите кон Пријавата треба да ја достават следната потребна документација:

  • -уверение за Државјанство на Република Македонија(оригинал или заварено на нотар);
  • -диплома за завршено средно образование (оригинал или заверена на нотар);
  • -извод од историјата на вработување од Центар за вработување;
  • -преглед од Фондот за ПИОМ за потврда на работно искуство;
  • -лекарско уверение како доказ да има општа здравствена способност за работното место;
  • -уверение дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење на професија,дејност или должност издадено од Основен суд;
  • -уверение дека не е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија,дејност или должност издадена од Централен регистер на РМ; 
  • -сертификат за стекната квалификација пожарникар(вработениот во територијалната противпожарна единица има обврска во рок од една година од денот на вработувањето, да се стекне со сертификат за стекната квалификација пожарникар,издаден од институција овластена од Министерство за образование и наука на РМ,во спротивно му претстанува вработувањето);

Ненавремени и некомплетени пријави нема да се разгледуваат.

б)постапка за селекција ќе биде спроведена во следните фази:

-проверка на веродостојност на доказите(проверка на комплетност на пријавата и доказите) и интервју;

-Градоначалникот со Решение формира Комисија за селекција, која во рок од осум дена од истекот на рокот од осум дена од истекот на рокот за пријавувањето на огласот врши проверка дали кандидатите ги доставиле задолжителните докази за исполнување на условите од огласот.

  • Комисијата за селекција врши проверка на веродостојноста на доказите.
  • По проверката на веродостојност на доказите,преку емаил или телефонот за контакт наведени во пријавата се закажува ден,час и место каде ќе се изврши интервју.
  • Селекцијата на кандидатите се врши врз основа на јасни и транспарентни критериуми пропишани од Градоначалникот на Единицата на локалната самоуправа.
  • По спроведената постапка за селекција, за секое работно место од јавниот оглас се прави ранг-листа на кандидатите кои успешно ги поминале сите фази на селекција.
  • Од ранг-листата се избираат онолку кандидати со припадност на заедница согласно со одредбите од Законот за вработените во јавниот сектор.Комисијата за селекција ранг листата на кандидати му ја доставува на Градоначалникот,кој врши избор во рок од 15(петнаесеет) дена.

Вработениот во Територијалната противпожарна единица има обврска во рок од една (1) година од денот на вработувањето, да се стекне со сертификат за стекнатат квалификација пожарникар,издаден од институција овластена од Mинистертсво за образование и наука на РМ, во спротивно му претстанува вработувањето.

 

4. Одлуката за избор ќе биде донесена во рок согласно член 23 од Законот за работни односи.

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2019 за вработување на неопределено време на 2(две) други помошно технички лица во Територијалната Противпожарна Единица-ТППЕ Делчево

 

                                                                                    ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
             ГРАДОНАЧАЛНИК
Горан Трајковски

Доставено до:
-Архива;

Изготвила:
Џ.Мемедова

Одобрил:
В.Мерзликин

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 24 Мај 2019, 10.06 од Д.Чапевски
2019-05-24-09-12-00  Делчево е домаќин на научна трибина посветена на годишнината од смртта на најмаркантната личност од сесловенската историја, Константин Кирил Филозоф. Одбележувајќи 1150 години од смртта на...
Објавено на 23 Мај 2019, 13.48 од Д.Чапевски
2019-05-23-12-51-28  Во работна посета на Делчево денеска престојуваше амбасадорот на Кралството Холандија, Вилем Ваутер Пломп, а во рамките на кампањата на  ЕУ,  „ЕУ за тебе“по повод  Денот на Европа и...
Објавено на 23 Мај 2019, 13.37 од Д.Чапевски
2019-05-23-12-41-22  Приказната на теракотните икони од Виничко кале раскажана преку изложбата Ранохристијански керамички релјефи од Виничко Кале, денеска  ја слушнаа и видоа граѓаните на Делчево. Изложбата е...
Објавено на 23 Мај 2019, 07.15 од Д.Чапевски
2019-05-23-06-16-36 Во рамките на одбележувањето на празникот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј,  вечерва во киносалата во Делчево со почеток во 20 часот, Општина Делчево организира целовечерен...
Објавено на 21 Мај 2019, 11.07 од Д.Чапевски
2019-05-21-10-09-29 Громогласен аплауз од публиката ја пречека синоќа актерката Зорица Нушева на премиерното прикажување на  филмот на Теона Стругар Митевска, „Господ постои, името ѝ е Петрунија, каде Нушева го...
Објавено на 20 Мај 2019, 13.54 од Д.Чапевски
ff   Советниците од Општина Делчево на денешната 23 Редовна седница расправаа по 28 точки од дневниот ред. Пред советниците денеска се најде и Извештајот на Општина Делчево за вкупниот договорен...
Објавено на 20 Мај 2019, 11.26 од Д.Чапевски
2019-05-20-10-37-53   По период од скоро две децении делчевските пожарникари добија нова заштита опрема. Опремата денеска им ја донираше градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски во рамките на...
Објавено на 20 Мај 2019, 09.25 од Д.Чапевски
2019-05-20-08-27-50 По повод денот на Светите Кирил и Методиј кој Делчево ги слави како светители- заштитници на градот, се организира еднонеделна програма која содржи низа културни настани.  Од денеска во чест...
Објавено на 20 Мај 2019, 06.46 од Д.Чапевски
----143-----  Во организација на Општина Делчево, НУЦК„Никола Јонков Вапцаров“, а со поддршка на Министерството за култура, во исконскиот амбиент во селото Разловци со богата културно-уметничка програма беше...
Објавено на 17 Мај 2019, 19.22 од Д.Чапевски
2019-05-17-18-25-10 Генерацијата матуранти 2018/2019  од делчевската гимназија СОУ„М.М.Брицо“вечерва ја прославуваат својата матура. Традиционално, прославата на матурата започна со дефилето на матураните низ центарот...
Објавено на 17 Мај 2019, 12.33 од Д.Чапевски
2019-05-17-11-39-42 Над 1600 цвеќиња во боите на македонското знаме и знамето на Општина Делчево  го облагородија паркот пред општинската зграда во Делчево околу споменикот на Никола Јонков Вапцаров. Денеска екипи на...
Објавено на 17 Мај 2019, 12.25 од Д.Чапевски
2019-05-17-11-29-03 Делчево денеска е домаќин на државното првенство во ракомет, како дел од финалниот турнир што го организира Федерацијата на училишни спортови на Република Северна Македонија. На завршниот турнир своите...
Објавено на 16 Мај 2019, 12.09 од Д.Чапевски
-143- Ликовни уметници на платно ќе доловуваат мотиви од исконскиот амбиент на живописното делчевско село Разловци, во рамките на ликовната колонија „Разловци на платно“ организирана во рамките на...
Објавено на 16 Мај 2019, 08.22 од Д.Чапевски
2019-05-16-07-29-57 По повод рамазанските пости градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски ја организираше традиционалната Рамазанска ифтарска вечера на која покрај претставници на Исламската верска заедница при...
Објавено на 15 Мај 2019, 11.31 од Д.Чапевски
2019-05-15-10-33-49 Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, на најдобрите 10 матуранти од СОУ „М.М.Брицо“ ќе им додели награда во вид на наградно патување низ Европа. Патувањето ќе трае 14 дена и е на...
Објавено на 14 Мај 2019, 14.29 од Д.Чапевски
2019-05-14-13-30-50 Согласно со Насоките од Дирекцијата за заштита и спасување на Република Северна Македонија, денеска се одржа состанок на Штабот за заштита и спасување на Општина Делчево. Целта на состанокот беше да се...
Објавено на 14 Мај 2019, 12.02 од Д.Чапевски
2019-05-14-11-04-32 Привршува рехабилитација на патниот правец Делчево-Ѕвегор-Граничен премин во должина од 5 км. Градежните работи на овој патен правец се завршени, според изведувачот ГП „Гранит“, останува уште...
Објавено на 14 Мај 2019, 09.12 од Д.Чапевски
-143- Општина Делчево НУЦК „Никола Ј. Вапцаров“ со посебна чест и задоволство Ве покануваат на одбележување на годишнината од значајниот датум од Предилинденскиот период, 143 години од Разловечкото...
Објавено на 14 Мај 2019, 09.00 од Д.Чапевски
-23- 23. седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 20.05.2019 година (понеделник) во 14.00 часот во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ...
Објавено на 13 Мај 2019, 08.03 од Д.Чапевски
-143-19052019 Општина Делчево и НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ од Дечево, ве покануваат да земете учество на традиционалниот планинарскиот марш организиран по повод 143 години од Разловечкото востание. Планинарскиот...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2041
mod_vvisit_counterВчера2525
mod_vvisit_counterОваа недела2041
mod_vvisit_counterПретходна недела17077
mod_vvisit_counterОвој месец60575
mod_vvisit_counterПретходен месец80252
mod_vvisit_counterВкупно2693483

Присутни online: 42
Ваша IP: 107.23.129.77
,
Денес: Мај 26, 2019