Откако со одлука на Советот на општина Делчево, 24-ти Мај денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј беше прогласен за патрон на градот Делчево, оваа година во четврток 24.05.2012 година за првпат овој празник ке биде одбележан во во тоа својство.
За одбележување на тој ден предвидена е свечена програма и настани во организација на општина Делчево.
Се покануваат сите граѓани на општина Делчево и други посетители да земет што е можно помасовно присуство на манифестацијата, со цел за достојно одбележување.
Програмата со распоред на активностите е дадена како што следува:
08:00 – 10:00
Архиерејска Света Литургија во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во градскиот парк со која ќе чиноначалствува Митрополит Брегалнички г-дин Иларион
10:00 – 10:10
Литија (од храм Св. Кирил и Методиј до двор на средно училиште „М.М.Брицо“ Делчево)
10:10 – 10:20
Славски колач, мал водосвет
10:30 – 11:00
Свечена седница на Советот на општина Делчево(голема сала за свечености во спомен дом АСНОМ)
Поздравен говор на г-дин Горан Mалешевски - Градоначалник на општина Делчево
Обраќање до присутните за значењето на „Св.Кирил и Методиј-просветители и покровители на општина Делчево“ - Митрополит Брегалнички г-дин Иларион
Читање на најдобрите творби од литературниот конкурс на тема „Св.Кирил и Методиј“ и доделување на благодарници
Општина Делчево во рамки на програмата „100 настани за 100 години град“, а во соработка со Македонскиот олимписки комитет(МОК), Ве поканува да присуствувате на Олимписки ден во Делчево кој ќе се одржи на 23.05.2012 година(среда).
На настанот ќе бидат присутни 20-ина врвни спортисти од Македонија чија цел е промоција на спортот и олимпизмот во Македонија.
ПРОГРАМА
09:30-10:00
Кабинет на Градоначалник
- Пристигнување на спортистите и прием кај Градоначалникот на општина Делчево
10:00-11:00
СОУ „М.М.Брицо“
- Литературно читање на тема Олимпизмот во Македонија
- Доделување на признанија на најдобрите литературни творби и цртежи
11:00-12:00
Спортска сала СОУ „М.М.Брицо“
- Турнир во женски ракомет меѓу екипи од локални училишта
12:00-12:10
Плато пред Стопанска банка Делчево
- Свечено отварање на настанот, поздравен говор од Градоначалникот и претставник на МОК
12:10-12:45
Стопанска банка Делчево-Споменик на паднатите борци
- Трка на 400 метри со 200 учесници од локални училишта
12:45-13:00
Доделување на награди/признанија на победниците на трката
Градоначалникот на Општина Делчево во рамки на програмата „100 настани за 100 години град“, во соработка со Организацијата на резервни офицери на РМ, Делчево, а по повод 136 години од Разловечкото востание, Ве поканува да присуствувате на централната прослава која ќе се одржи во село Разловци, Делчево на 20.05.2012 година(недела) со почеток во 10 часот.
Во продолжение следува официјалната програма на манифестацијата:
08:00-10:00
Марш по повод Разловечко востание во организација на ОРОРМ Делчево
(од плоштад во с.Тработивиште до црква во с.Разловци)
10:00-10:15
Полагање на свежо цвеќе на спомен плоча на поп Стојан во дворот на црква „Свети Цар Константин и Царица Елена“
Предмет:Доставување на одлука за стратегиска отцена и SEA forma ДУП Делчево за објавување
Врз основа на член 65 Став (6) од Законот за животна средина (,,Службен весник на Република Македонија,,бр.53/05,, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 124/10 и 51/11) , и одлука за спроведување на стратегиска отцена донесена од Градоначалникот на Општина Делчево за Локална урбанистичка планска документација на (КП бр. 4676 и дел од КП бр.4045, 4046/2 и 4677), КО Град за стопански комплекс производство на елементи од фурнир и брикет со придружни објекти доставено е: SEA формулар бр.12 – 1143 / 2 и одлука за спроведување стратегиска отцена бр.12- 1143/1 од 09.05.2012год.
Пропратните документи во врска оваа јавна анкета се достапни на сл. линк тука.
Во четврток 17.05.2012 година во работна посета на кабинетот на градоначалникот на општина Делчево Горан Малешевски беше министерот за транспорт и врски во Владата на Република Македонија, Миле Јанакиевски.
Во рамки на работниот состанок со министерот, градоначалникот Малешевски се осврна на повеќе практични придобивки кои што произлегоа од новиот закон за легализација на дивоградбите како и динамиката на издавање на решенија за легализација на овие дивоградби. Градоначалникот го информираше министерот Јанакиевски дека до општина Делчево граѓаните имаат поднесено вкупно 2589 барања за легализација на дивоградби од кои над 180 се решени, а над 40 се во завршна процедура на издавање на решенија. Градоначалникот истакна дека во периодот што следува оваа динамика ке се интензивира, со оглед на воспоставената позитивна практика и расположливиот фонд на услуги од страна на приватните оператори кои се вклучени активно во процесот на обезбедување на минималниот фонд на документација опфатен во постапката.
Во рамки на средбата на неколку граѓани на општина Делчево им беа доделени решенијата за легализација од страна на министерот, при што граѓаните ја истакнаа својата неизмерна благодарност за подготвеноста на ова министерство и на Владата во целост да се справи со појавата на дивоградбите на територијата на цела Република Македонија, интегрирано.
Во продолжение на работната посета на министерот, беше остварена средба со членовите на Советот на Месната заедница од село Косово Дабје, кои што директно во разговор со министерот Јанакиевски се запознаа со динамиката на реализацијата на проектот за асфалтирање на дел од патот до село Косово Дабје од клучката со регионалниот пат кон туристичкиот центар Голак. Овaa делница од патот кој е истакнат како приоритет од страна на граѓаните во непосредните контакти со Градоначалникот како и во рамки на Форумот на Месни и Урбани заедници кој се одржа кон крајот на 2011 година, беше најавен за реализација во програмата за 2012 година а се очекува почетокот на градежните работи да стартува до 10-ти Јуни, по што за 30-тина денови патот во должина од 1200 метри ке биде асфалтиран.
Во рамки на разговорот на граѓаните на оваа месна заедница од Делчево со министерот и градоначалникот, беше истакнат позитивниот пример на донесувањето на одлуки на Локалната власт во директна комуникација со самите граѓани преку нивните урбани и месни заедници, процес кој дава големи придобивки за целата општина Делчево во целост-рамномерно.
Исто така во рамки на посетата министерот Јанакиевски накратко се запозна со позначајните инфраструктурни проекти кои што општина Делчево ги има реализирано и тековно ги реализира во изминатиот период со подршка на национални фондови како и позначајните проекти кои што општина Делчево ги има реализирано од Буџетот на општината и други фондови.
Презентацијата која што беше презентирана е дадена во продолжение:
Во периодот 11-12.05.2012 година општина Делчево беше домаќин на средбата „Можности за соработка и партнерства“, која беше организирана од општина Делчево, во соработка со Центарот за развој на Источен плански регион.
Во среда 09.05.2012 пред споменикот на паднатите борци од НОБ во центарот на Делчево беа одбележани 67 години од падот на фашизмот во Европа, ден кој подоцна беше прогласен за Ден на Европа.
Свечената програма започна со изведба на Химната на Република Македонија, како и Ода на радоста (Химната на Европа) од страна на хорот при СОУ ММ Брицо.
Потоа Претседателот на ОО на Сојузот на борци од НОВ прочита пригоден реферат во чест на значењто на овој ден, а ученици при литературната секција во НУЦК Никола Јонков Вапцаров прочитаа реферат за значењето на овој ден во контекст на неговата функција како Ден на Европа.
Потоа пред споменикот на паднатите борци од НОБ во Делчево, делагации од општина Делчево, Советот на општина Делчево, политички партии и организации положија свежо цвеке и се поклонија пред ликот и делото на загинатите борци во борбите против фашистичкиот окупатор од Делчево.
Во вторник 08.05.2012 година во рамки на наставната програма на учениците од ООУ Св.Климент Охридски од Делчево, во посета на просториите на општина Делчево и кабинетот на Градоначалникот Малешевски, беа ученици од ова училиште.
Градоначалникот на Општина Делчево во рамки на програмата „100 настани за 100 години град“, Ве поканува да присуствувате на настанот организиран по повод одбележување на 67 години од победата над фашизмот и одбележување на денот на Европската унија.
Настанот ќе се одржи на 09.05.2012 година (среда) со почеток во 10:30 часот пред Споменикот на паднатите борци во Делчево.
По иницијатива на Советот на станари во зграда бр.5 на улица Кеј на Брегалница, во изминатиот период беше изградена нова пристапна рампа за инвалидизирани лица, и беше адаптиран дел од просторот за овозможување на непречена комуникација помеѓу лифтот и надворешност на зградата.
Во рамки на програмата Форуми на заедницата, која што Општина Делчево започна да ја спроведува, во сабота 05.05.2012 година во Скопје во Хотел Континентал се одржа првата Обука за членови на Оперативните групи, од 10 општини кои оваа година започнуваат со реализација на оваа програма.
Средното општинско училиште Методи Митевски Брицо од Делчево објави оглас за запишување на ученици во прва година за учебната 2012-2013 година.
Оваа година ке бидат запишани вкупно 238 ученици во 7 паралелки, од кои 5 паралелки се во гимназиско образование, 1 паралелка во текстилно-кожарска и текстилна струка со 4 годишно, и една паралелка во хемиско-технолошка четири-годишна струка.
Првото пријавување во јунскиот приемен рок за учениците ке биде на 14-ти и 15-ти Јуни 2012 (четврток и петок) а вториот на 28-ми и 29-ти Јуни 2012 година. Пријавувањето во августовскиот пријавен рок ке биде на 18-ти Август 2012 година.
По претходна најава и покана во петок 04.05.2012 година со почеток во 19.00 часот во Спомен домот АСНОМ се одржа отворен состанок на Градоначалникот Горан Малешевски со припадници на авто такси компаниите во Делчево.
Со почеток во 10.30 часот пред споменикот на Гоце Делчев во градот кој го носи неговото име- Делчево беа одбележани 109 години од загинувањето на овој голем револуционер и великан на македонското револуционерно движење од Илинденскиот период.
Од страна на КУД Гоце Делчев од Делчево беше прочитан пригоден реферат за ликот и делото, како и значењето на Гоце Делчев во историјата на Македонија, по што делегации на општина Делчево, Советот на општина Делчево, политички партии, претпријатија и здруженија положија свежо цвеќе пред неговиот споменик во центарот на Делчево.
Потоа претставници на Македонската православна црква предводени од Протоереј Атанас Поповски извршија панихида за упокоениот, а на крај настанот заврши со кратка културно уметничка програма во изведба на ЗФГ Копачка од село Драмче.
Во петок 04.05.2012 година со почеток во 10:30 часот пред споменикот на Гоце Делчев во Делчево ке се одржи чествување по повод одбележувањето на 109 години од смртта на овој голем великан на македонското револуционерно движење од Илинденскиот период.
Во оваа прилика пред споменикот во центарот во Делчево, свежо цвеќе ке положат делегации од општина Делчево, Советот на општина Делчево, политички партии, здруженија, како и други институции.
Овој настан се организира секоја година во рамки на годишната програма за одбележување на значајни датуми а годинава се реализира во рамки на програмата „100 настани за 100 години град“.
Објавено на 18 Мај 2012, 13.28 од Super Administrator
Откако со одлука на Советот на општина Делчево, 24-ти Мај денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј беше прогласен за патрон на градот Делчево, оваа година во четврток 24.05.2012 година...
Објавено на 18 Мај 2012, 13.20 од Super Administrator
Општина Делчево во рамки на програмата „100 настани за 100 години град“, а во соработка со Македонскиот олимписки комитет(МОК), Ве поканува да присуствувате на Олимписки ден во Делчево кој ќе се одржи...
Објавено на 18 Мај 2012, 13.05 од Super Administrator
Почитувани,
Градоначалникот на Општина Делчево во рамки на програмата „100 настани за 100 години град“, во соработка со Организацијата на резервни офицери на РМ, Делчево, а по повод 136 години од...
Објавено на 18 Мај 2012, 07.00 од Super Administrator
Предмет:Доставување на одлука за стратегиска отцена и SEA forma ДУП Делчево за објавување
Врз основа на член 65 Став (6) од Законот за животна средина (,,Службен весник на...
Објавено на 17 Мај 2012, 11.47 од Super Administrator
Во четврток 17.05.2012 година во работна посета на кабинетот на градоначалникот на општина Делчево Горан Малешевски беше министерот за транспорт и врски во Владата на Република...
Објавено на 15 Мај 2012, 07.46 од Super Administrator
Во периодот 11-12.05.2012 година општина Делчево беше домаќин на средбата „Можности за соработка и партнерства“, која беше организирана од општина Делчево, во соработка со Центарот за развој на Источен...
Објавено на 10 Мај 2012, 07.12 од Super Administrator
Во среда 09.05.2012 пред споменикот на паднатите борци од НОБ во центарот на Делчево беа одбележани 67 години од падот на фашизмот во Европа, ден кој подоцна беше прогласен за Ден на Европа.
Свечената...
Објавено на 08 Мај 2012, 09.09 од Super Administrator
Во вторник 08.05.2012 година во рамки на наставната програма на учениците од ООУ Св.Климент Охридски од Делчево, во посета на просториите на општина Делчево и кабинетот на Градоначалникот Малешевски,...
Објавено на 07 Мај 2012, 14.48 од Super Administrator
Градоначалникот на Општина Делчево во рамки на програмата „100 настани за 100 години град“, Ве поканува да присуствувате на настанот организиран по повод одбележување на 67 години од победата над...
Објавено на 07 Мај 2012, 12.38 од Super Administrator
По иницијатива на Советот на станари во зграда бр.5 на улица Кеј на Брегалница, во изминатиот период беше изградена нова пристапна рампа за инвалидизирани лица, и беше адаптиран дел од просторот...