Вторник, 23 Декември 2014 13:17
Учениците од ООУ „Ванчо Прке“ Делчево денес, 23.12.2014 година беа во посета на Општина Делчево при што на Градоначалникот и вработените им приредија неочекувано и особено оригинално изненадување по повод претстојните божиќни и новогодишни празници.
Имено, учениците под менторство на проф. Антонела Манева во текот на наставните часови по ликовно образование, изработиле новогодишни украси исклучиво од природни материјали. Тие своите креации кои секоја на свој начин ја симболизира новата година ги подарија на вработените и Градоначалникот Дарко Шехтански кој видно изненаден од неочекуваната посета од страна на овие дечиња ги прими во својот Кабинет, при што дечињата накратко поразгоравараа со градоначалникот и ја искористија можноста да му ги честитаат престојните божиќни и новогодишни празници.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.