Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

 MG_8351_resize  MG_8352_resize

Вчера, 25.12.2014 Советот на Општина Делчево ја одржа Дваесет и третата седница. Седницата се одржа во во  салата на  ООУ „Ванчо Прке“-Делчево, со почеток во  14.00 часот.

За седницата беа предложени 26 точки на дневен ред, а воедно Претседателот на Советот г-дин Драган Христов даде предлог за уште една дополнителна точка – Одлука за давање на согласност за почеток и завршеток на работно време на ОЈУДГ „Весели Цветови“.

Точките по однос на Буџетскиот календар, Предлог-Буџет на Општина Делчево за 2015 година и Предлог-  Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Делчево за 2015 година беа образложени од страна на Анка Христова-раководител на Одделението за финансиски прашања.

 MG_8353_resize  MG_8357_resize

Буџетот на Општина Делчево за 2015 година изнесува 296.642.800 денари и е планиран согласно законските рамки и врз основа на досегашниот тренд на анализа на наплатата на изворните приходи, приходи согласно анализата на историските податоци како и предвидувањата за очекувани приходи на одделението за Финанскиски прашања при Општина Делчево.

Буџетот на Општина Делчево е составен од основен буџет, буџет на дотации, буџет на донации, буџет на самофинансирачки активности и буџет на кредити.

Приходите на буџетот на општината за 2015 година се планирани во износ од 296.642.800 денари и домашни приливи во износ од 54.676.000 денари.

Даночни приходи

39.388.000

13,2%

Неданочни приходи

14.692.360

5%

Трансфери и донации

61.635.740

21%

Капитални приходи

4.400.000

1,5%

Приходи од дотации

121.850.700

41%

Приливи од заеми

54.676.000

18,3

ВКУПНО:

296.642.800

100%

 

Даночните приходи во 2015 година се планираат во износ од 39.388.000 денари и структурата на овие даночни приходи е следната:

Данок од доход, добивка и од капитални добивки

1.620.000

4%

Даноци од имот

16.200.000

41,4%

Даноци од специфични услуги

21.348.000

54%

Такси за користење или дозволи за вршење дејност

220.000

0,6%

ВКУПНО:

39.388.000

100%

 

Структурата на неданочните приходи за 2015 година во вкупниот буџет на Општина Делчево изгледа вака:

Такси и надоместоци

11.776.000

Административни такси и надоместоци

876.360

Други владини услуги

100.000

Други неданочни приходи

1.800.000

ВКУПНО:

14.692.360

 

Учеството на трансферите од други нивоа на власт и донациите од странство во вкупниот Буџет на Општина Делчево за 2015 година се застапени со износ од 183.486.440 или 61,8%.

Средствата за блок дотации кои служат за остварување на надлежностите во образованието, детска заштита и културата , се утврдени од надлежните министерствасогласно законската регулатива и фискалната политика утврдена од Владата на РМ.

Вкупните расходи на Општината за 2015 година изнесуваат 296.642.800 денари и со тоа се запазува буџетското начело на балансирани приходи и расходи. Истите се утврдени по одредени намени и видови согласно економската класификација на расходи.

40

Плати и надоместоци

127.738.500

43,1%

41

Резерви и недефинирани расходи

200.000

0,1%

42

Стоки и услуги

50.805.600

17,1%

46

Субвенции и трансфери

3.038.200

1%

47

Социјални бенефиции

900.000

0,3%

48

Капитални расходи

113.960.500

38,4%

 

ВКУПНО:

296.642.800

100%


 MG_8358_resize  MG_8367_resize

Капиталните расходи кои се планирани во износ од 113.960.500 денари или 38,4% во најголем дел се однесуваат на изготвување на проекти, изградба на улици и патишта и реконструкција на улици и патишта како во урбаниот така и во руралниот дел на општината. Овие расходи се во функција на подобрување на инфраструктурата на општината.

Капиталните расходи во основниот буџет изнесуваат 35.830.00 денари или 42,2% во вкупните расходи во основниот буџет, додека учеството на расходите планирани за градежнни објекти во вкупните капитални расходи во основниот буџет изнесува 95%. Сето тоа укажува дека Буџетот на Општина Делчево за 2015 година има развојна компонента а која подетално е искажана во посебниот дел од Буџетот по поодделни програми и потпрограми искажани преку развојните програми кои веќе се донесени од Советот.

 MG_8369_resize  MG_8371_resize

Љубен Ефтимовски-Раководител  на регионален центар за управување со кризи, детално ја образложи Предлог-Одлуката за донесување на процена на загрозеноста на подрачјето на општина Делчево од сите ризици и опасности.

Сашко Ивановски-Директор на ООУ „Ванчо Прке“-Делчево ги образложи точките 5,6 и 7 односно:

  • Предлог-Мислење на Програмата за реализација на ученичка екскурзија низ РМ за ученици од 3 одделение при ООУ „Ванчо Прке“ – Делчево бр.10-431/1 од 20.11.2014;
  • Предлог-Мислење на Програмата за реализација на ученичка екскурзија низ РМ за ученици од 6 одделение при ООУ „Ванчо Прке“ – Делчево бр.10-432/1 од 20.11.2014;
  • Предлог-Мислење на Програмата за реализација на ученичка екскурзија низ РМ за ученици од 9 одделение при ООУ „Ванчо Прке“ – Делчево бр.10-433/1 од 20.11.2014.

Предлог-Одлуката за давање согласност за употреба на името ДЕЛЧЕВО во името на Училишниот спортски клуб КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ДЕЛЧЕВО од Делчево
ја образложи Димитар Видимлиски – Зам. Директор на ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево. 

 MG_8372_resize  MG_8373_resize

Предлог-Програма за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Делчево за 2015 година и Предлог-Програма  за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општински патишта и улици во Општина Делчево за 2015 година; 
Беа образложени од страна на  Звонко Атанасов-Советник за уредување на градежно земјиште;

Горан Петровски-Раководител на Одделението за  урбанизам ја образложи Предлог-Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Делчево за 2015 година;

Предлог-Програмата за управување со отпад за 2015 во општина Делчево детално беше образложена од страна на Крум Николовски-Раководител на Одделението за инспекциски надзор.

Од страна на Стојмир Мицевски-Самостоен референт за сообраќај и патишта беа образложени од 13 до 24 во кои се опфатени  Предлог-Одлуките за вклопување на бесправно изграден објект во урбанистичко-планска документација со различна намена.

Тони Стоименовски-Советник за ЛЕР детално го образложи значењето од усвојувањето на Предлог-Одлуката  за  одвојување на средства за финансиско учество на општина Делчево во имплементација на проектот “Пристапност до туристички, историски и археолошки локалитети и знаменитости во ИПР со цел создавање на интегрирана туристичка понуда“

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 27 Јануари 2020, 14.25 од Д.Чапевски
2020-01-27-13-27-45 Со дислокација на подземната инфраструктура на локацијата предвидена за изградба на градската капела кај градските гробишта во Делчево, економскиот оператор „ПАНЕЛ-М Мехаз“ ДООЕЛ од Тетово,...
Објавено на 22 Јануари 2020, 14.50 од Д.Чапевски
------12-- Општина Делчево денеска објави Поедноставена отворена постапка за јавна набавка на работи за изградба на улици, пристапни патеки и тротоари во Општина Делчево. По јавната набавка на работи отворањето...
Објавено на 20 Јануари 2020, 12.03 од Д.Чапевски
-2020- Врз основа на член 5 од Правилникот за условите, начинот и постапката за доделување на финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на...
Објавено на 19 Јануари 2020, 11.02 од Д.Чапевски
2020-01-19-10-17-32 Васил Панчовски денеска беше најсреќен и највешт и успеа од триесетината момчиња кои се фрлија во студените води на река Брегалница, да го фати светиот крст при церемонијата за осветување на реката...
Објавено на 17 Јануари 2020, 12.58 од Д.Чапевски
2020-01-17-11-59-11   Привршуваат подготовките за чествувањето на православниот христијански празник Св. Богојавление-Водици во Делчево. Почитувајќи ја традицијата, в недела на 19 јануари, празнувањето ќе започне во...
Објавено на 17 Јануари 2020, 09.50 од Д.Чапевски
-msip Повик за поднесување на понуди (ППП) - РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА  МАКЕДОНИЈА ПРОЕКТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ УСЛУГИ (MSIP)MSIP-NCB-109-19   1.Овој Повик за поднесување на понуди ја следи...
Објавено на 15 Јануари 2020, 11.13 од Д.Чапевски
2020-01-15-10-14-47 Екипи на ЈКП „Брегалница“ деновиве интензивно работат на изградба на крак од одводна канализација во с. Град. Како што истакна директорот на ЈКП „Брегалница“, Стојче Стојковски, изградбата на одводната...
Објавено на 14 Јануари 2020, 13.23 од Д.Чапевски
2020-01-14-12-27-55  Ѕвегорските суроваскари го продолжија живото културно наследство во Пијанец поврзано со Василица. Локалниот обичај под маски или театарот на отворено во кој главните ликови, невестата и...
Објавено на 14 Јануари 2020, 11.08 од Д.Чапевски
2020----- Градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски на денешната прес-конференција информираше дека во Делчево, 2020 година ќе биде година на инфраструктурна офанзива со која се решаваат децениски...
Објавено на 14 Јануари 2020, 10.26 од Д.Чапевски
2020-01-14-09-28-12 Новогодишно украсената елка поставена во паркот кај Езерцата во Делчево, на Стара нова година  беше мета на вандали. Денеска , полуизгорена, таа сведочеше за односот на поединци кон општинскиот...
Објавено на 14 Јануари 2020, 10.01 од Д.Чапевски
2020-01-14-09-02-45 Општина Делчево денеска го објави Јавниот повик за доделување финансиска помош на здруженија на граѓани од Општина Делчево за 2020 година. Годинава во Буџетот на Општина Делчево се предвидени 400.000...
Објавено на 13 Јануари 2020, 08.21 од Д.Чапевски
2020-01-14-07-24-00 Комисијата за доделување ученички стипендии ја утврди листата  ученици кои ќе добиваат ученички стипендии за учебната 2019/2020 година по  повторениот Конкурс за доделување ученички стипендии...
Објавено на 13 Јануари 2020, 07.54 од Д.Чапевски
-2020-    Врз основа на член 27 од Правилникот за условите, начинот и постапкатаза доделување на финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и...
Објавено на 10 Јануари 2020, 15.20 од Д.Чапевски
2020-01-10-13-41-32  Советот на Општина Делчево на редовната 34 Седница ја донесе Стратегијата за надворешна комуникација за период 2020-2024 година со што Општина Делчево се запиша како прва општина од крајниот исток...
Објавено на 10 Јануари 2020, 07.54 од Д.Чапевски
-34- 34. седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 10.01.2020 (петок) во 14:00 часот во Мултимедијалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ...
Објавено на 08 Јануари 2020, 13.28 од Д.Чапевски
2020-01-08-12-41-01  На 1 јануари во 10, 25 ч во штипската болница се роди првиот жител на Делчево во 2020 година. Новороденчето го носи името Нино и е прво дете во семејството на Наталија и Горан Илиевски од с....
Објавено на 31 Декември 2019, 12.40 од Д.Чапевски
2019-12-31-11-42-09 Делчево ќе гради партнерство со реонот Младост кој припаѓа на еден од најголемите црноморски градови во Бугарија и трет по големина во земјата, Варна. Ова беше договорено денеска на првата...
Објавено на 31 Декември 2019, 11.20 од Д.Чапевски
2019-12-31-10-23-11 Почитувани сограѓани, Ги броиме последните часови од старата година, кога вообичаено, се прави резиме на годината што изминува. Во старата, одговоривме на дел од потребите на граѓаните, цврсто работиме...
Објавено на 27 Декември 2019, 12.31 од Д.Чапевски
2019-12-27-12-34-17  Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, денеска додели илјада новогодишни пакетчиња на децата од детската градинка „Весели цветови“, пониските...
Објавено на 27 Декември 2019, 08.18 од Д.Чапевски
-2020-    Согласно член 2 точка 8 од Законот за буџети, буџетот на општината претставува годишен план на вкупните приходи и други приливи и одобрени средства и се состои oд основен буџет, буџет на...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес521
mod_vvisit_counterВчера2330
mod_vvisit_counterОваа недела5472
mod_vvisit_counterПретходна недела13977
mod_vvisit_counterОвој месец61073
mod_vvisit_counterПретходен месец76002
mod_vvisit_counterВкупно3249838

Присутни online: 40
Ваша IP: 18.207.240.35
,
Денес: Јан 29, 2020