Петок, 20 Февруари 2015 15:20
Денес во просториите на Општина Делчево од страна на градоначалникот Дарко Шехтански и овластено лице од ДОО „Изолација“ – Скопје, се потпиша договорт за почеток на градежните активности за регулација на коритото на р. Брегалница во Делчево.
Станува збор за реализација на проектот “Мерки за заштита од поплави на реките Бреганица и Бистрица”, финансиран од Европска Унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка Бр. CCI 2007CB16IPO007.
Проектот е со времетраење од 24 месеци и во рамки на градежните активности предвидена е изградба (регулација) на коритото на р. Брегалница на потегот од гумената преграда (гумената брана) во центарот на градот низводно со должина од 70 метри.
Проектот е од големо значење за Делчево бидејќи како една од основните мерки за заштита од поплави се препорачува токму регулацијата на речните корита.
Важно е да се напомене дека водечки партнер во овој проект е Општина Делчево, а додека партнер од Р.Бугарија е Општина Благоевград, приоритетна цел на проектот е „Подобрувањето на квалитетот на живеење“. Вкупен буџет предвиден за проектот е 500.000 евра од кои 239.813 се за реазлизација на проектот и проектните активности во Делчево.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.