Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

IMG 1615_resize

Денес 06.05.2015 година со почеток во 11 часот во организација на Општина Делчево во фоајето на Спомен домот АСНОМ беше организирана јавна расправа за неопходноста за довршување на проектот „Социјална кохезија преку воспоставување на активности во центри по интереси“,  финансиран од Европската унија преку ИПА фондовите во рамки на програмата за прекугранична соработка во кој партнери се СОУ „М.М Брицо“ од Делчево и Седмо СОУ „Кузман Шапкарев“ од Благоевград, Р. Бугарија.

Со реализацијата на предвидените проектни активности ќе се изврши реконструкција и реновирање на училишните објекти, со што СОУ „М.М Брицо“ ќе добие изградени и целосно опремени 6 нови училници во кои откако ќе се формираат  групите на ученици ќе се одржуваат активностите за клубовите по интереси од различните училишни дисциплини (математика, информатика, претприемништво, странски јазици итн.).

Со цел успешно реализирање на првата фаза (изградбата) потребно е да се изврши краткорочно домашно задолжување кај една од  домашните комерцијални банки во висина од 1 милион денари, пари кои што Општина Делчево ќе ги даде како позајмица на СОУ„М.М. Брицо “ – Делчево, а по успешното завршување на оваа фаза финансиските средства ќе бидат вратени од страна на обезбедениот гранд од  IPA CROSS BORDER BULGARIA – MACEDONIA.

Во својство на координатор на расправата ја отвори и ги образложи потребите од организирање на истата Кирчо Анастасов претставник од ЕЛС Делчево вработен во одделението за урбанизам, уредување и одржување на градежно земјиште и заштита на животната средина.

Анка Христова, Раководител на Одделението за финансии и буџет на Општина Делчево детално го образложи финансискиот аспект на проектот, додека Биљана Петровска директор на СОУ„М.М. Брицо“ Делчево ги образложи во детали фазите за реализација на проектот како и целите кои ќе се постигнат.

По претставувањето на деталите од причината за организација на оваа јавна расправа, се разви плодна дискуија во која свое учество зедоа присутните гости од повеќе институции, присутните професори и ученици од гимназијата, претставници на невладини организации и заинтересирани граѓани кои дадоа свои видувања околу значењето на проектот, бенефитите кои ќе ги имаат граѓаните и општината во целост.

IMG 1620_resize IMG 1621_resize

Share/Save/Bookmark