Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

IMG resize IMG 0001_resize

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Општина Делчево, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година усвоен од Владата на Република Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РМ, на ден 14.09.2017 година се објавува:

 Ј  А  В  Е  Н     О  Г  Л  А  С

до

евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинско - корисна работа

 

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  „Подобри услуги за подобри луѓе”  за работно ангажирање со скратено работно време за период од 6 (шест) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Делчево. 

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 6 (шест) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 6.200,00 денари, што вклучува персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

 - Невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 1 година;

- Млади невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 6 месеци;

- Роми 

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на: 

- Неговател за грижа на стари лица – 6 (шест) извршители:

Потребни квалификации – ССП, комуникативни вештини

 - Неговател за грижа на деца – 6 (шест) извршители:

Потребни квалификации – ССП, комуникативни вештини 

- Психолог – 1 (еден) извршител:

Потребни квалификации – ВСС – Дипломиран психолог

 - Помошник во народна кујна – 2 (два) извршители

Потребни квалификации – Основно образование или ССП, комуникативни вештини.

 Заинтресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да подигнат и поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Делчево во периодот од 14.09.2017 година до 20.09.2017 година.

 Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Делчево и избраните кандидати.

 Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Делчево кај лицето Наташа Димитровска, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Делчево кај лицето Билјана Прачковска,  Центар за социјална работа Делчево кај лицето Горан Николовски.

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 13 Јуни 2018, 08.32 од Д.Чапевски
2018-06-13-07-35-33 Се чистат каналите за наводнување во делчевскиот регион. Во моментов, екипи од АД Водостопанство- Подружница Берово, работат на чистење на каналите и поставување каналетки во атарот на село Тработивиште...
Објавено на 13 Јуни 2018, 07.01 од Д.Чапевски
2018-06-13-06-06-17 Роднокрајни автори од  Делчево на 15 и 16 јуни годинава, ќе ги презентираат своите дела  во Пландиште ,Србија,во рамки на проектот „Презентација на роднокрајни автори и размена на активности...
Објавено на 12 Јуни 2018, 07.15 од Д.Чапевски
2018-06-12-06-16-15 Најдобрите ученици од делчевските училишта кои се прогласени за првенци на генерацијата, како резултат на постигнатите успеси во учебната 2017/2018 година, ќе добиваат стипендии од Општина Делчево....
Објавено на 12 Јуни 2018, 07.13 од Д.Чапевски
2018-06-12-06-14-45 Советниците на својата редовна 10 Седница донесоа одлуки за определување имиња на улици во населбите „Пролет“, „Сервисна зона“ и „Ѕвегорска река“. Советниците едногласно ги прифатија имињата кои се...
Објавено на 12 Јуни 2018, 07.09 од Д.Чапевски
2018-06-12-06-13-17 Советниците од Советот на Општина Делчево на својата редовна седница одржана на 08.06.18 годија ја донесоа Програмата за урбана опрема на територијата на град Делчево. Целта на донесување на Програмата...
Објавено на 11 Јуни 2018, 14.15 од Д.Чапевски
2018-06-11-13-19-12 Општина Делчево распиша Јавен конкурс за избор на идеен проект за реконструкција на градски плоштад пред спомен дом АСНОМ во Делчево во централното градско подрачје во Делчево на локалитетот согласно...
Објавено на 06 Јуни 2018, 14.22 од В.Мицевски
2018-06-06-13-31-21 Во организација на ЈЛБ„Илинден“ в  четврток во 18,30 часот во фоајето на спомен-домот АСНОМ, ќе се одржи вечер на хумор и сатира „Малку јас, малку ти“. Со свои афоризми ќе се претстават афористичарите...
Објавено на 05 Јуни 2018, 14.35 од Д.Чапевски
2018-06-05-13-42-19 Јавните градски тоалети сместени во центарот на Делчево од неодамна се повторно во функција. За потребите на овој објект, Општина Делчево набави нови чешми, црева, цевки, беше направено комплетно...
Објавено на 05 Јуни 2018, 10.42 од Д.Чапевски
2018-06-05-09-47-47 Во ООУ „ Ванчо Прке“ денеска беше спроведена акција за симулација  и евакуација во случај на пожар, која се реализира согласно со Годишната програма на училиштето.Во акцијата беа вклучени...
Објавено на 05 Јуни 2018, 10.19 од Д.Чапевски
2018-06-05-09-20-31  Со детски песнички, тетатарска претстава и со игра, 98 дечиња од предучилишното воспитание и образование ѝ кажаа збогум на детската градинка. Директорката на детската градинка „Весели цветови“...
Објавено на 04 Јуни 2018, 10.24 од Д.Чапевски
2018-06-04-09-26-11 „Уживај во летото со мирисот на нова книга“, со оваа порака ЈЛБ„Илинден“ од Делчево ги поканува учениците и децата од предучилишна возраст да ја посетат библиотеката и да одберат добра книга и овој...
Објавено на 04 Јуни 2018, 10.11 од Д.Чапевски
2018-06-04-09-14-06 Словенечки и македонски играорци викендов во Делчево го одржаа „Концертот на пријателство“. На сцената во Спомен-домот „АСНОМ“ во Делчево, се славеше словенечкиот фолклор интерпретиран од фолклористите...
Објавено на 04 Јуни 2018, 08.35 од Д.Чапевски
2018-06-04-07-37-28 Во присуство на Неговото Високо Преосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, на планината Голак, покрај стариот манастир, беше поставен и осветен камен- темелникот на новиот храм...
Објавено на 04 Јуни 2018, 08.15 од Д.Чапевски
2018-06-04-07-21-43 Десеттата редовна седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 08.06.2018 (пeток) во фоајето на Спомен домот АСНОМ во 14.00 часот. За седницата е предложен следниот Дневен ред -Усвојување на...
Објавено на 31 Мај 2018, 13.47 од Д.Чапевски
2018-05-31-12-49-31 Претставници на Младинската локална иницијатива беа на работна средба со градоначалникот Горан Трајковски. На средбата беше разговарано за актуелните проекти и иницијативи на Младинската локална...
Објавено на 31 Мај 2018, 13.17 од Д.Чапевски
2018-05-31-12-19-48 В недела на 3 јуни со почеток во 10, 30 мин на планината Голак на врвот Чавка, ќе се постави и освети камен-темелник на новиот храм „Свети Пантелејмон“. Ктитор на манастирот е Мите Стојковски со...
Објавено на 31 Мај 2018, 11.58 од Д.Чапевски
2018-05-31-11-02-21 Почна реконструкцијата на регионалниот пат од селото Бигла до Виница. Во моментов се работи на подготовка на коловозот за асфалтирање, а планирано е да се асфалтираат 2,4 километри до селото од...
Објавено на 31 Мај 2018, 09.00 од Д.Чапевски
2018-05-31-08-02-38  Општина Делчево ги известува граѓаните дека согласно со „Програмата за заштита на населението од заразни болести“ на ден 01.06.2018 година, ќе се врши општа дератизација на градската канализациска...
Објавено на 31 Мај 2018, 08.30 од Д.Чапевски
2018-05-31-07-31-46 На завршната Конференција од пректот на Република Македонија и Република Словенија за ЛИДЕР-пристапот во Македонија која се одржа во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и...
Објавено на 30 Мај 2018, 08.36 од Д.Чапевски
-ii  По повод рамазанските пости градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски ја организираше традиционалната Рамазанска Ифтарска вечера на која покрај претставници на Исламската верска...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес34
mod_vvisit_counterВчера1118
mod_vvisit_counterОваа недела1152
mod_vvisit_counterПретходна недела12010
mod_vvisit_counterОвој месец23833
mod_vvisit_counterПретходен месец35461
mod_vvisit_counterВкупно1996231

Присутни online: 21
Ваша IP: 54.224.85.115
,
Денес: Јун 18, 2018