Среда, 24 Јануари 2018 08:47
Четвртата седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 30.01.2018 година (вторник) во ООУ „Ванчо Прке“ со почеток во 14.00 часот. За седницата е предложен следниот дневен ред:
ДНЕВЕН РЕД
-Усвојување на Записникот од Tретата седница
- Предлог-Програма за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Делчево за 2018 година;
- Предлог-Одлука за вклопување на бесправно-изграден објект магацин за прехранбени и предмети за домаќинство во урбанистичко-планска документација на Надица Стојменовска;
- Предлог-Одлука за вклопување на бесправно-изграден објект станбена куќа во урбанистичко-планска документација на Икма Зекировска;
- Предлог-Одлука за вклопување на бесправно-изграден објект помошен објект во урбанистичко-планска документација на Зоран Ордев;
- Предлог-Одлука за вклопување на бесправно-изграден објект викенд куќа А4 во урбанистичко-планска документација на Мухамед Кајтазов Делчево;
- Предлог-Одлука за вклопување на бесправно-изграден објект помошен објект во урбанистичко-планска документација на Мухамед Кајтазов Делчево;
- Предлог-Одлука за утврдување на Нацрт урбанистички план вон населено место за придружни и услужни објекти на магистрален пат М5 Делчево-М.Каменица-Општина Делчево;
Образлагач: Горан Петровски-Раководител на Одделението за урбанизам, уредување на градежно земјиште и заштита на животна средина.
8.Предлог-Одлука за утврдување на зони за процена на пазарна вредност на недвижен имот и утврдување на пазарна вредност на градежно земјоделско земјиште според просечни цени на извршени купопродажби во претходната година на подрачјето на општина Делчево.
Образлагач:Звонко Атанасов-Советник за уредување на градежно земјиште.
9.Предлог-Листа за определување на имиња на улици,плоштади,мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на општина Делчево
Образлагач: Маја Стоименовска-Соработник за работа со ГИС.
10.Предлог-Програма за работа на Одделението за превенција, заштита и спасување при Општина Делчево;
Образлагач:Кире Цоневски
11.Одлука за давање согласност на Програмата за работа на ЈПКД „Брегалница“-Делчево за 2018 година;
Образлагач:Розета Цонева, ВД директор на ЈПКД „Брегалница“-Делчево.
12.Програма за реализација на ученичка екскурзија од трето одделение при ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево со Мислење;
13.Програма за реализација на ученичка екскурзија од шесто одделение при ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево со Мислење;
14.Програма за реализација на ученичка екскурзија од деветто одделение при ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево со Мислење;
Образлагач: Горан Димитровски-ВД Директор на ООУ „Св.Климент Охридски“
15.Предлог-Одлука за формирање на Локален совет за превенција;
16.Предлог-Одлука за формирање на Совет за јавно здравје наОпштина Делчево;
17.Предлог-Одлука за формирање на Комисија за заштита на правата на пациентите;
18.Предлог-Одлука за формирање на Совет за заштита на потрошувачите;
Образлагач: Драган Маневски, претседател на Советот на Општина Делчево
19.Предлог-Одлука за приоритетен проект „Одделеување на фекалната од атмосферската канализација на Милково Брдо-дел 2-Делчево во Делчево;
20.Предлог-Одлука за приоритетен проект „Изработка на техничка документација за одделеување на фекалната од атмосферската канализација во населба Ново Делчево, СРЦ и Шумски расадник и одделување на фекалната од атмосферската канализација на ул. „Орце Николов“ и изградба на главен колектор од СРЦ и Шумски расадник.
21.Предлог-Одлука за краткорочно домашно задолжување на општина Делчево;
Образлагач:Тони Стоименовски-Советник за поддршка на ЛЕР.
22.Информација за загадувањето на воздухот во Општина Делчево и мерки преземени од страна на овластениот инспектор заживотна средина.
Образлагач: Љупчо Симоновски-Овластен инспектор за животна средина.
23.Правилник за начинот, условите, критериумите и постапката за доделување на награди и признанија на Општина Делчево;
Образлагач: Сузана Петровска-Раководител на Одделението за правни и општи работи и јавни дејности.
Присуството на членовите на Советот на Општина Делчево е задолжително, а секое отсуство потребно е да се пријави кај Претседателот на Советот на Општина Делчево.
Број 09-104/1
23.01.2018 година
Делчево
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Претседател,
Драган Маневски
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.