Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Согласно Програмата за извршување на јавни работи во Општина Делчево за 2018 година, бр.08-140/1 од 30.01.2018 година, Општина Делчево објавува Јавен повик до сите заинтересирани работоспособни невработени лица, за пријавување за ангажирање во извршувањето на јавни работи на подрачјето на Општина Делчево. Право на пријавување имаат невработени лица евидентирани во АВРМ и тоа: долгорочно евидентирани невработени лица, ниско квалификувани невработени лица , повозрасни невработени лица (над 55 години) кои тешко наоѓаат постојано вработување и се соочуваат со висок степен на сиромаштија. Истите за својата работа ќе примаат паричен надомест од 7.000 денари месечен нето износ, со вклучен персонален данок и осигурување во случај на повреда при работа.

Организатор на Јавните работи е Општина Делчево.

Главни активности за извршување на јавните работи:

  • Чистење на ендеци и холтикултурно уредување на кејот на река Брегалница и река Габровчица ;
  • Чистење на канавки и банкини по локалните патишта во населените места во општината;
  • Чистење на гробиштата во селските средини ;
  • Одржување и заштита на веќе поставената урбана опрема;
  • Подигање на нови зелени површини на неколку локации во урбаниот дел од градот ;
  • Чистење на постојните канали за наводнување од наносен материјал во градот и селските населби;
  • Сечење на застарени дрвни видови и грмушки во заштитната зона на патот во селските средини;
  • Отстранување на сите суви, трули и заболени дрвни видови во градот;
  • Расчистување на диви депонии во градската средина;
  • Чистење на дивите депонии во населените места на општина Делчево;
  • Санација и одржување на тротоари во градот;
  • Кроење, подкастрување и уредување на крошните на сите дрвни видови и грмушки во градската средина на општина Делчево;
  • Редовно спроведување на одгледувачките мерки на зелените површини и тоа: наводнување, оросување, окопување, одгледување на крошните, прихранување  и др. 

Времетраењето на извршувањето на јавните работи и ангажирањето на невработените лица започнува од месец Март 2018 година па се до месец Декември 2018 година (доколку дозволуваат временските услови).

Пријавувањето по Јавниот повик ќе трае 15 дена од денот на објавувањето на Јавниот повик.

Пријавувањето ќе се врши во архива на Општина Делчево, ул:Светозар Марковиќ бр.1, секој работен ден од 08 до 16 часот. Кон пријавата невработените лица треба да приложат:

-          Копија од важечка лична карта
-          Потврда за невработеност
-          Изјава/согласност за користење на личните податоци.

 

ОПШТИНА   ДЕЛЧЕВО
Градоначалник
Горан  Трајковски

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 14 Февруари 2019, 12.42 од Д.Чапевски
2019-02-14-11-44-37 Општина Делчево и градоначалникот Горан Трајковски изразуваат најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите во трагичната сообраќајна несреќа којашто вчера се случи на автопатот Скопје – Тетово и во...
Објавено на 13 Февруари 2019, 11.49 од Д.Чапевски
2019-02-13-10-55-43 Максимално вклучување на учениците во изработката на проекти кои ќе донесат соработка со училишта од други држави, подобрување на наставниот процес и односот на учениците кон училишниот инвентар и...
Објавено на 12 Февруари 2019, 14.05 од Д.Чапевски
-monilinia-fructicola Овоштарите од Пијанец и Малешевијата денеска на едукативна трибина ги слушнаа причините за појавата на штетниот организам кај коскестото овошје Monilinia Fructicola и начините како да се справуваат со...
Објавено на 11 Февруари 2019, 13.43 од Д.Чапевски
2019-02-11-12-44-29   Екипи од ЈПКД „Брегалница“ денеска ги започнаа градежните работи за реконструкција на  водоводната линија во делчевското село Габрово. Станува збор за реконструкција на потисен цевковод...
Објавено на 08 Февруари 2019, 12.50 од Д.Чапевски
2019-02-08-11-51-22 ОЈУДГ,,Весели Цветови,, Делчево во воспитната 2019/2020 година има предвидено 900.000 денари за реализација на повеќе инвестиции за подобрување на квалитетот на услугите во воспитно згрижувачката...
Објавено на 08 Февруари 2019, 09.56 од Д.Чапевски
2019-02-08-08-58-46 Вторник (12.02.2019) со почеток во 11:30 часот, во фоајето на спомен-домот АСНОМ ќе се одржи едукативна трибина со производителите и откупувачите на слива и друго коскесто овошје на тема...
Објавено на 07 Февруари 2019, 15.15 од Д.Чапевски
-012019- Врз основа на член 52 став 1 и став 2 од Законот за административните службеници (Службен Весник на Република Македонија бр.27/2014, 199/2014 ,48/15 154/15, 5/16 , 142/16,11/2018), Секретарот на Општина...
Објавено на 06 Февруари 2019, 11.28 од Д.Чапевски
2019-02-06-10-30-57 Во ООУ „Ванчо Прке“ во тек се градежни работи за изградба на дворната ограда со која ќе се реши голем проблем на училиштето поврзан со безбедноста на учениците и заштитата на имотот на...
Објавено на 05 Февруари 2019, 14.03 од Д.Чапевски
2019-02-05-13-07-56 Средношколците од Делчево, Берово, Виница и Македонска Каменица кои деновиве престојуваат во посета на европската престолнина Брисел и Европскиот парламент, остварија средби Манфред Вебер, кандидат на...
Објавено на 05 Февруари 2019, 12.04 од Д.Чапевски
2019-02-05-11-07-55 Јавната локална библиотека „Илинден“ денеска подари дваесетина наслови од детска литература на подрачното училиште во с. Ѕвегор. Целта на оваа активност е да се збогати библиотечниот фонд на подрачното...
Објавено на 04 Февруари 2019, 11.28 од Д.Чапевски
2019-02-04-10-34-00  Општина Делчево со пригодна свеченост ја одбележа 147-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот...
Објавено на 04 Февруари 2019, 07.38 од Д.Чапевски
2019-02-04-06-45-38  Во Општина Делчево се одржа работна средба на градоначалниците од регионот со бугарскиот европратеник Андреј Новаков за подбро искористување на европските фондови. Средбата беше на иницијатива на...
Објавено на 01 Февруари 2019, 11.13 од Д.Чапевски
2019-02-01-10-15-00 Во тековната 2019 година, Општина Делчево заедно со Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Делчево ќе ги зајакнуваат капацитетите и ќе ја промовираат родовата еднкавост како вредност...
Објавено на 31 Јануари 2019, 14.18 од Д.Чапевски
2019-01-31-13-20-40 Во деветолетката „Ванчо Прке“ во Делчево во тек е е втората фаза од проектот„Учење и запознавање преку заедничко учење во современи услови“ кој се однесува на подобрување на условите во училиштето во...
Објавено на 30 Јануари 2019, 15.23 од Д.Чапевски
-------2019-- Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски денеска го посети домот на првороденото новороденче во 2019 година во Делчево, Мила Стојковска. Малата Мила е родена на 6 јануари во државната...
Објавено на 30 Јануари 2019, 12.24 од Д.Чапевски
2019-01-30-11-25-58 Селото Полето и приградската населба Басарица во Делчево ќе добијат улично осветлување.  Деновиве екипи на ЈПКД „Брегалница“ започнаа со монтирање улични светилки по претходно поставено електрично...
Објавено на 30 Јануари 2019, 12.08 од Д.Чапевски
2019-01-30-11-10-26 Во партнерство со Владата и Агенцијата за планирање на просторот, Општина Делчево по период од 20 години, изработува Генерален урбанистички план со што ќе се решат сите тесни грла во досегашното...
Објавено на 30 Јануари 2019, 12.00 од Д.Чапевски
-012019- Општина Делчево објавува Интерен оглас за унапредување на 1(еден) административен службеник за следното работно место:   УПР0101Б04000,Раководител на Одделение за урбанизам,заштита на животната...
Објавено на 29 Јануари 2019, 09.34 од Д.Чапевски
2019-01-29-08-35-28 Триесетина средношколци од Делчево, М. Каменица, Пехчево, Берово и Виница, во придружба на наставници и претставници од општинската администрација, на почетокот на идниот месец ќе го посетат Брисел и...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1286
mod_vvisit_counterВчера1388
mod_vvisit_counterОваа недела12335
mod_vvisit_counterПретходна недела11523
mod_vvisit_counterОвој месец31398
mod_vvisit_counterПретходен месец61166
mod_vvisit_counterВкупно2449557

Присутни online: 15
Ваша IP: 52.23.192.92
,
Денес: Фев 16, 2019