Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0002_resize

Денес 04.02.2018 година се навршуваат 146 години од раѓањето на идеологот, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век.

Почит и поклон пред ликот и делото на великанот на македонското револуционерно движење - Гоце Делчев, со букети свежо цвеќе оддадоа претставници на Општина Делчево предводени од градоначалникот Горан Трајковски, претседателот на Советот на Општина Делчево Драган Маневски, претставници на локални и државни институции, училишта, здружение на борци и политички партии.

DSC 0004_resize

DSC 0005_resize DSC 0006_resize

DSC 0009_resize

Гоце Делчев се школувал во Кукуш, каде што завршил прогимназиско образование (1879– 1887), во Солун, во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ каде што раководел таен ученички револуционерен кружок, и во Софија во Военото училиште (1891–1894). Се вратил во Македонија (1894) и во Штип бил учител во Ново Село.

Тука се сретнал со Даме Груев и се вклучил во раководењето на Mакедонска револуционерна организација. Тој ја проширил мрежата на Организацијата (пролетта 1895 г.) и преку Виница организирал тајни канали. Во Солун учествувал на советувањето со водечките личности на Организацијата: Даме Груев, Пере Тошев и др. за заземање став кон Македонскиот комитет основан во Софија. Во септември бил назначен за директор на училиштето во Штип. Пред крајот на декември 1895 г. Делчев ополномоштен од ЦК на МРО, отпатувал во Софија на разговори со Македонскиот комитет и неговиот придонес кон македонското дело, меѓутоа разговорите биле неуспешни. Организирал пунктови на МРО во Ќустендил и во Дупница (во почетокот на 1896), а во февруари во Штип организирал протестна демонстрација против власта.

Учествувал на Солунскиот конгрес на кој била усвоена нова идеологија и стратегија во дејствувањето. Со Ѓорче Петров ги изработиле новиот Устав и Правилник на Организацијата.

DSC 0010_resize DSC 0013_resize

DSC 0016_resize


Во текот на Доневата афера поради недостаток на докази бил ослободен, меѓутоа во мај повторно бил уапсен и спроведен во Скопје каде што бил затворен во Куршумли-ан, но повторно бил ослободен. Сепак аферата го свртела вниманието на турските власти кон Делчев. Во септември бил назначен за главен учител (директор) во Банско од каде што ја продолжил дејноста за ширење на мрежата на Револуционерната организација. Се откажал од учителската должност и целосно се посветил на македонското ослободително дело. Ја презел должноста на задграничен претставник на МРО во Софија. Со писмо до католичкиот надбискуп во Пловдив, Менини на Ватикан му ја претставил целта на македонската борба: да се исправи неправедното решение на Берлинскиот договор за Македонија и за добивање полна политичка автономија.

По Солунската афера, Делчев и Ѓорче Петров, како задгранични претставници, ги презеле надлежностите на Централниот комитет. По добиеното известување за апсењето на членовите на ЦК во Солун, со Ѓорче Петров во средината на март издале инструктивно писмо до окружните, до околиските и до селските комитети, како и до војводите на четите, за продолжување на дејствувањето според постојната програма.

Делчев бил посветен на функционирањето на тајните канали, курирската служба, тајната пошта, обезбедувањето материјални средства и снабдувањето на Организацијата со оружје, со муниција, со револуционерна литература и со весници. Организирал производство на бомби и експлозиви во с. Саблер (Ќустендилско), Бургас, Пловдив, а потоа и на Св. Гора (меѓу Зографскиот манастир и Хиландар). Тој е основач на Четничкиот институт и творец и воспитувач на првите организациско-агитациони чети и војводи. Заедно со Ѓорче Петров изработиле Правилник за четите. Со формирањето на селската милиција била доградена четничката организација, која непосредно ја раководел Делчев, со статус на главен ревизор. Револуционерната организација ја презела на дело судската и извршната власт. Дејствувала тајна македонска држава во Османлиската Империја.

DSC 0018_resize

DSC 0020_resize DSC 0022_resize

За зацврстување на редовите во Организацијата Делчев извршил неколку инструктивни обиколки. Во зимата на 1900 година тој ги обиколил комитетите во Одринско, со цел подобра координација меѓу македонските и тракиските револуционери. Од август 1901 до март 1902 година Делчев ги обиколил и комитетите во централниот и во западниот дел од Македонија. Тој исто така го предводел конгресот на Одринскиот револуционерен округ одржан во Пловдив, во април 1902 година, а потоа Делчев презел обиколка и во централните Родопи. На крајот од септември жестоко го осудил Горноџумајското востание. Делчев го отфрлил решението на Солунскиот конгрес од 1903 година за кревање востание и со чета заминал во внатрешноста на Македонија со раководните кадри да издејствува повлекување на решението за масовно востание. Во април, во Солун се сретнал со Даме Груев, кој штотуку се вратил од заточение, двајцата се договориле востанието да се води со засилени четнички дејствија и терористички акции.

Од Солун се упатил за Серско на закажаниот конгрес на Серскиот револуционерен округ. Пристигнал во селото Баница, Серско на 3 мај. Војската го опколила селото и во борбата утрото загинал Делчев, бескомпромисниот борец за самостојна македонска држава.

DSC 0026_resize

DSC 0027_resize DSC 0029_resize

DSC 0031_resize DSC 0033_resize

DSC 0036_resize

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 24 Мај 2019, 10.06 од Д.Чапевски
2019-05-24-09-12-00  Делчево е домаќин на научна трибина посветена на годишнината од смртта на најмаркантната личност од сесловенската историја, Константин Кирил Филозоф. Одбележувајќи 1150 години од смртта на...
Објавено на 23 Мај 2019, 13.48 од Д.Чапевски
2019-05-23-12-51-28  Во работна посета на Делчево денеска престојуваше амбасадорот на Кралството Холандија, Вилем Ваутер Пломп, а во рамките на кампањата на  ЕУ,  „ЕУ за тебе“по повод  Денот на Европа и...
Објавено на 23 Мај 2019, 13.37 од Д.Чапевски
2019-05-23-12-41-22  Приказната на теракотните икони од Виничко кале раскажана преку изложбата Ранохристијански керамички релјефи од Виничко Кале, денеска  ја слушнаа и видоа граѓаните на Делчево. Изложбата е...
Објавено на 23 Мај 2019, 07.15 од Д.Чапевски
2019-05-23-06-16-36 Во рамките на одбележувањето на празникот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј,  вечерва во киносалата во Делчево со почеток во 20 часот, Општина Делчево организира целовечерен...
Објавено на 21 Мај 2019, 11.07 од Д.Чапевски
2019-05-21-10-09-29 Громогласен аплауз од публиката ја пречека синоќа актерката Зорица Нушева на премиерното прикажување на  филмот на Теона Стругар Митевска, „Господ постои, името ѝ е Петрунија, каде Нушева го...
Објавено на 20 Мај 2019, 13.54 од Д.Чапевски
ff   Советниците од Општина Делчево на денешната 23 Редовна седница расправаа по 28 точки од дневниот ред. Пред советниците денеска се најде и Извештајот на Општина Делчево за вкупниот договорен...
Објавено на 20 Мај 2019, 11.26 од Д.Чапевски
2019-05-20-10-37-53   По период од скоро две децении делчевските пожарникари добија нова заштита опрема. Опремата денеска им ја донираше градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски во рамките на...
Објавено на 20 Мај 2019, 09.25 од Д.Чапевски
2019-05-20-08-27-50 По повод денот на Светите Кирил и Методиј кој Делчево ги слави како светители- заштитници на градот, се организира еднонеделна програма која содржи низа културни настани.  Од денеска во чест...
Објавено на 20 Мај 2019, 06.46 од Д.Чапевски
----143-----  Во организација на Општина Делчево, НУЦК„Никола Јонков Вапцаров“, а со поддршка на Министерството за култура, во исконскиот амбиент во селото Разловци со богата културно-уметничка програма беше...
Објавено на 17 Мај 2019, 19.22 од Д.Чапевски
2019-05-17-18-25-10 Генерацијата матуранти 2018/2019  од делчевската гимназија СОУ„М.М.Брицо“вечерва ја прославуваат својата матура. Традиционално, прославата на матурата започна со дефилето на матураните низ центарот...
Објавено на 17 Мај 2019, 12.33 од Д.Чапевски
2019-05-17-11-39-42 Над 1600 цвеќиња во боите на македонското знаме и знамето на Општина Делчево  го облагородија паркот пред општинската зграда во Делчево околу споменикот на Никола Јонков Вапцаров. Денеска екипи на...
Објавено на 17 Мај 2019, 12.25 од Д.Чапевски
2019-05-17-11-29-03 Делчево денеска е домаќин на државното првенство во ракомет, како дел од финалниот турнир што го организира Федерацијата на училишни спортови на Република Северна Македонија. На завршниот турнир своите...
Објавено на 16 Мај 2019, 12.09 од Д.Чапевски
-143- Ликовни уметници на платно ќе доловуваат мотиви од исконскиот амбиент на живописното делчевско село Разловци, во рамките на ликовната колонија „Разловци на платно“ организирана во рамките на...
Објавено на 16 Мај 2019, 08.22 од Д.Чапевски
2019-05-16-07-29-57 По повод рамазанските пости градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски ја организираше традиционалната Рамазанска ифтарска вечера на која покрај претставници на Исламската верска заедница при...
Објавено на 15 Мај 2019, 11.31 од Д.Чапевски
2019-05-15-10-33-49 Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, на најдобрите 10 матуранти од СОУ „М.М.Брицо“ ќе им додели награда во вид на наградно патување низ Европа. Патувањето ќе трае 14 дена и е на...
Објавено на 14 Мај 2019, 14.29 од Д.Чапевски
2019-05-14-13-30-50 Согласно со Насоките од Дирекцијата за заштита и спасување на Република Северна Македонија, денеска се одржа состанок на Штабот за заштита и спасување на Општина Делчево. Целта на состанокот беше да се...
Објавено на 14 Мај 2019, 12.02 од Д.Чапевски
2019-05-14-11-04-32 Привршува рехабилитација на патниот правец Делчево-Ѕвегор-Граничен премин во должина од 5 км. Градежните работи на овој патен правец се завршени, според изведувачот ГП „Гранит“, останува уште...
Објавено на 14 Мај 2019, 09.12 од Д.Чапевски
-143- Општина Делчево НУЦК „Никола Ј. Вапцаров“ со посебна чест и задоволство Ве покануваат на одбележување на годишнината од значајниот датум од Предилинденскиот период, 143 години од Разловечкото...
Објавено на 14 Мај 2019, 09.00 од Д.Чапевски
-23- 23. седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 20.05.2019 година (понеделник) во 14.00 часот во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ...
Објавено на 13 Мај 2019, 08.03 од Д.Чапевски
-143-19052019 Општина Делчево и НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ од Дечево, ве покануваат да земете учество на традиционалниот планинарскиот марш организиран по повод 143 години од Разловечкото востание. Планинарскиот...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2042
mod_vvisit_counterВчера2525
mod_vvisit_counterОваа недела2042
mod_vvisit_counterПретходна недела17077
mod_vvisit_counterОвој месец60576
mod_vvisit_counterПретходен месец80252
mod_vvisit_counterВкупно2693484

Присутни online: 38
Ваша IP: 107.23.129.77
,
Денес: Мај 26, 2019