Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0010_resize

- Во моментов, екипите на ЈПКД „Брегалница“ работат на  реконструкција на потисен цевковод од пумпа до резервоар во должина од 800 метри, досега реконструирана е водоводна линија во должина од 160 метри. Се вградуваат полиетиленски цевки Ф 110, а цевките се обезбедени со средства од Буџетот на Општина Делчево.

DSC 0007_resize DSC 0012_resize

Ова е приоритетна активност за решавање и е дел од програмата за работа на градоначалникот Трајковски. Како што изјави градоначалникот за медиумите - во 21 век не смее да дозволиме нашите граѓани да имаат проблеми со водоснабдувањето. Во селото Габрово, каде што живеат околу 700 жители, минатото лето , но и во текот на зимата, проблемот со водоснабдувањето кулминираше, така што жителите со денови немаа вода во домовите. Причината за овој проблем, како што потенцираа стручните лица од ЈПКД „Брегалница“, била дотраеноста на старата водоводна инсталација, поради што цевките постојано пукале, при што се јавуваа големи загуби на водата, а се правеа дополнителни трошоци и за струја.

Со оваа интервенција ќе се решат голем дел од проблемите соводоснабдувањето во Габрово. Во иднина Локалната самоуправа ќе изнаоѓа решенија и во соработка со најразлични донатори ќе работи проекти со цел обезбедување на чиста вода за пиење.

Во контекст на оваа проблематика сакаме да потенцираме дека отпочнуваме со проектот за изградба на филтер-станица на браната Лошана.

Проектот за изградба на филтер -станицата на браната е со вкупна вредност од 7, 5 милиони швајцарски франци. Донацијата од Швајцарската Конфедерација е 6 милиони швајцарски франци, во самиот проект ќе инвестира и македонската Влада преку Министерството за животна средина со 1, 4 милиони швајцарски франци, додека Општина Делчево ќе учествува со 30 илјади швајцарски франци.

 Со иградбата на овој капитален проект ќе се обезбеди чиста вода за пиење, ќе се реши и недостигот на вода, а Општина Делчево е подготвена со стручните тимови да работат заедно со консултаните со цел да се реши горливото прашање со квалитетот на водата за пиење.

DSC 0014_resize

DSC 0018_resize

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 19 Јануари 2019, 10.51 од Д.Чапевски
2019-01-19-09-57-24 Од трисетината момчиња кои денеска се фрлија во студените води на реката Брегалница во Делчево, 25 годишниот Васил Панчовски од Делчево беше највешт и најсреќен и успеа да го фати светиот крст од...
Објавено на 18 Јануари 2019, 14.18 од Д.Чапевски
2019-01-18-13-20-36 Во Делчево одржана првата работилница за креирање родови политики на комисиите за еднакви можности помеѓу жените и мажите во општините Делчево, Берово и Пехчево. Како што информираше Анита Цоневска од...
Објавено на 18 Јануари 2019, 08.16 од Д.Чапевски
2019-01-18-07-24-20  Звуците на познатите хитови од седумдесетите, осумдесетите и деведесетите години, но и актуелни популарни хитови, интерпретирани на гудачки инструменти, синоќа ја наполнија киносалата во Делчево....
Објавено на 16 Јануари 2019, 15.06 од Д.Чапевски
2019-01-16-14-08-32 Снегот од тротоарите и јавните површини ЈПКД „Брегалница“од Делчево од денеска ќе го чисти со современа машина за чистење снег. Машината денеска пристигна во дворот на ЈПКД „Брегалница“ и според...
Објавено на 16 Јануари 2019, 09.24 од Д.Чапевски
2019-01-16-08-25-49 Фотоволтаични системи ќе се инсталираат на Спомен-домот АСНОМ-општинска административна зграда, ООУ „Св.Климент Охридски“ и ООУ „Ванчо Прке“ во Делчево, како дел од Програмата за подобрување на...
Објавено на 14 Јануари 2019, 14.02 од В.Мицевски
2019-01-14-13-16-27 „Сурова“ ечеше денеска во делчевски Ѕвегор со што Ѕвегорските суроваскари го продолжија живото културно наследство во Пијанец поврзано со Василица. Локалниот обичај под маски или театарот на отворено во...
Објавено на 14 Јануари 2019, 09.22 од В.Мицевски
2019-01-14-08-27-41 Во рамките на новогодишните и божиќните празнувања, Општина Делчево организира целовечерен концерт на гудачкиот квартет ВИВА Стрингс, кој ќе се одржи на 17 јануари (четврток) во киносалата во Делчево со...
Објавено на 10 Јануари 2019, 14.59 од Д.Чапевски
2019-01-10-14-06-24   Пробиени се патиштата до горните села во Општина Делчево. Пристапните локални патишта до селата, Вирче, Град, Истевник, Пасјакот, Ветрен Илиово, Турија кои претставуваат прв приоритет за зимско...
Објавено на 10 Јануари 2019, 13.50 од Д.Чапевски
2019-01-10-12-53-50 Се одржа Конститутивната седница на Локалниот совет за превенција на Општина Делчево кој е составен од претставници на локалната и централната власт, како и други владини и невладини...
Објавено на 10 Јануари 2019, 11.47 од Д.Чапевски
2019-01-10-10-50-00  Учениците и студентите од Делчево кои ќе добиваат стипендии од Општина Делчево за учебната 2018/2019 година денеска ги добија решенијата од Општина Делчево. Годинава, вкупно 12 средношколци...
Објавено на 04 Јануари 2019, 12.49 од Д.Чапевски
-1087- Согласно со Законот за постапување со бесправно изградени објекти од 2011 г. и неговите измени и дополнувања за поднесување барања за легализација на бесправно изградени објкети, заклучно со 31.12.2018...
Објавено на 04 Јануари 2019, 09.27 од Д.Чапевски
-12019-2- Врз основа на член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор(Службен Весник на Република Македонија бр.27/14, 199/14, 27/16,35/18 и 198/18) ,член 11 од Законот за...
Објавено на 31 Декември 2018, 11.48 од Д.Чапевски
2018-12-31-10-48-53     Општина Делчево им соопштува на граѓаните кои имаат намера да поднесат барање за легализација на бесправно изградени објекти дека тоа можат да го сторат  во текот на денешниот...
Објавено на 31 Декември 2018, 11.41 од Д.Чапевски
2018-12-31-10-43-02 Почитувани сограѓани, Влегуваме во последните часови од старата година во која имаше многу неизвесности и предизвици, но и убави моменти,реализиравме проекти и заедно со вас работевме да ја направиме...
Објавено на 28 Декември 2018, 13.41 од Д.Чапевски
2018-12-28-12-55-51 Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, денеска им додели новогодишни пакетчиња на учениците од пониските одделенија од двете основни училишта и децата од Дневниот центар за лица со...
Објавено на 28 Декември 2018, 13.25 од Д.Чапевски
2018-12-28-12-28-46  Со пригодна свеченост и новогодишен коктел во организација на Општина Делчево беше ставен во функција мултикултурниот и мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од...
Објавено на 28 Декември 2018, 08.41 од Д.Чапевски
2018-12-28-07-46-49 Пред преполната сала во ООУ „Ванчо Прке“, децата од детската градинка „Весели цветови“ ја реализираа новогодишната програма насловена како „Новогодишна бајка“. Со многу аплауз, детска смеа и среќни...
Објавено на 27 Декември 2018, 14.53 од Д.Чапевски
-2019- Советниците од Советот на Општина Делчево на 18 Седница на Советот го усвоија Буџетот на Општина Делчево за 2019 година, кој е планиран во вкупен износ од 265.985.412 денари, додека основниот буџет...
Објавено на 27 Декември 2018, 11.59 од Д.Чапевски
2018-12-27-11-04-45  Денеска во детската градинка „Весели цветови“ градоначалникот Горан Трајковски со помош на  Дедо Мраз поделија 350 новогодишни пакетчиња на сите дечиња кои ја посетуваат градинката. Оваа...
Објавено на 27 Декември 2018, 11.07 од Д.Чапевски
-2019- , Согласно член 2 точка 8 од Законот за буџети, буџетот на општината претставува годишен план на вкупните приходи и други приливи и одобрени средства и се состои oд основен буџет,буџет на дотации,...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес503
mod_vvisit_counterВчера1401
mod_vvisit_counterОваа недела503
mod_vvisit_counterПретходна недела14453
mod_vvisit_counterОвој месец38929
mod_vvisit_counterПретходен месец62265
mod_vvisit_counterВкупно2396023

Присутни online: 18
Ваша IP: 54.226.58.177
,
Денес: Јан 20, 2019