Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

1.1

Денес во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање градоначалникот Горан Трајковски заедно со директорот на ЈПКД Брегалница Розета Цонева и Н.Е. Сибил Сутер Техада, амбасадор на Швајцарија потпишан е Билатерален договор за доделување на техничка и финансиска помош за проектот „Водоснабдување на Делчево”. Со потпишување на овој билатерален договор помеѓу Владата на Република Македонија претставувана од Министерство за животна средина и просторно планирање и Владата на Швајцарската Конфедерација претставувана од Државниот секретаријат за економски работи на Швајцарија (SECO), официјално започна реализација на проектот со кој на жителите на Делчево ќе им се обезбеди пристап до поквалитетна вода за пиење и ќе се подобри квалитетот на водата од реката Брегалница.

1.3

Јас како градоначалник на Општина Делчево сакам да ја изразам огромната благодарност од граѓаните на мојата општина за оваа финансиска подршка која што ја дава Владата на Швајцарската конфедерација за имплементација на проектот „Водоснабдување во Делчево“. Овој проект чија имплементација ќе започне наскоро, е проект кој што не се случил никогаш во Делчево во историјата на неговот постоење. Уште еднаш ја изразувам нашата благодарност за тоа што граѓаните на општина Делчево конечно ќе добијат чиста и квалитетна вода за пиење и овој проект е директно насочен кон зачувувањето на здравјето на граѓаните на општина Делчево. Јас се надевам дека оваа соработка со Швајцарската конфедерација ќе продолжи и понатаму во имплементација на други проекти од областа на третирањето на отпадните води во нашата општина и реализација на проект за изградба на пречистителна станица за отпадни води, истакна градоначалникот Трајковски.

Ми претставува задоволство да Ве известам дека подршката на Швајцарија кон Македонија, односно кон македонскиот сектор за води продолжува и понатаму. Овој договор што денеска ќе го потпишеме, се однесува на изградба на филтер-станица која што ќе обезбеди добар квалитет на водата за пиење на жителите на Делчево. Исто така овој проект ќе ги зајакне институционалните капацитети на ЈПКД „Брегалница“ и ќе му помогне да се трансформира во модерно и одржливо јавно претпријатие. Ние сметаме дека управувањето на ЈП се извонредно важни за да биде ефикасно искористена и заштитена водата како ресурс, но исто така да се овозможи правилна валоризација на водата како економска категорија, изјави амбасадорката на Швајцарската конфедерација во Македонија, Сибил Сутер Тејада.

Договорот предвидува реализацијата на проектот да се спроведува во две фази: првата фаза е финансиска и техничка помош за системот за водоснабдување во Делчево, а втората фаза е третман на отпадни води во Делчево.
Со реализација на зафатите предвидени со проектот ќе се обезбеди: подобрен квалитет на водата за пиење, унапреден систем за водоснабдување во општина Делчево со прифатлива цена на чинење, зајакнати капацитети за финансиско и оперативно управување на јавното претпријатие Брегалница во Делчево и подобрено управување со водните ресурси во Делчево како поддршка на адаптацијата кон климатските промени .

Во рамките на инфраструктурните инвестиции предвидена е изградба на пречистителна станица за вода, продолжување на мрежата за водоснабдување до селата Ѕвегор и Габрово, инсталација на два капацитети за производство на обновлива енергија, а во текот на институционалната поддршка предвидени се корпоративни мерки за развој во Јавното претпријатие за комунални дејности „Брегалница“.
Овие зафати ќе чинат околу 7,3 милиони швајцарски франци, од кои приближно 1,3 милиони се домашна контрибуција на Владата преку Министерството за животна средина и просторно планирање и општина Делчево.

Според зборовите на министерот Садула Дураки со овој проект не само што ќе им се обезбеди на жителите на Делчево пристап до поквалитетна вода за пиење со што ќе се подобрат и условите за живеење, ќе се заштитат водите од реката Брегалница и ќе се придонесе кон економскиот развој на регионот во целост, туку ќе ѝ се помогне на Македонија да одговори на директивите на ЕУ за пречистување на водата за пиење.

 1.4

1.2

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 18 Април 2019, 12.43 од Д.Чапевски
2019-04-18-11-47-47 Во просториите на Спомен домот АСНОМ во Делчево се одржа  јавна консултација со засегнатите страни и локалното население на населените места долж делниците кои се предвидени за реконструкција т.е...
Објавено на 18 Април 2019, 11.32 од Д.Чапевски
2019-04-18-10-35-30 Амабсадорот на Република Франција, Кристијан Тимоние, денеска престојуваше во  Делчево. Во рамките на посетата, амбасадорот Тимоние оствари работна средба со градоначалникот на Општина Делчево,...
Објавено на 18 Април 2019, 11.21 од Д.Чапевски
2019-04-18-10-24-32 Донаторот на изградбата на фасадата на црквата „Св.Кирил и Методиј“, д-р Милен Врабевски е задоволен од текот и од квалитетот на работите на изградба на фасадата која го добива и својот конечен...
Објавено на 18 Април 2019, 07.54 од Д.Чапевски
2019-04-18-06-56-15  Деновиве започна реконструкцијата на старата училишна зграда во подрачното училиште „Св.Климент Охридски“ во селото Стамер. Во првата фаза од реконструкцијата е опфатена  промена на...
Објавено на 18 Април 2019, 07.39 од Д.Чапевски
2019-04-18-06-41-31 Започна асфалтирањето на првата улица во новата населба „Пролет“.  Се асфалтираат 262 метри од улица „1“ која води од старата зграда на Општина Делчево покрај река Габровчица и на која ќе бидат...
Објавено на 17 Април 2019, 12.59 од Д.Чапевски
2019-04-17-12-02-26  Над 200 средношколци од регионот денеска учествуваат на семинарот за „Иновации, прогрес и дигитален свет“ кој е во организација на Фондацијата „Бугарско сеќавање“и Општина Делчево,  како...
Објавено на 16 Април 2019, 13.55 од Д.Чапевски
2019-04-16-12-57-27 По неколку децении во делчевското Јавно комунално претпријатие „Брегалница“ е набавена нова машина ровокопач-утоварач. Вредноста на машината е 5,3 милиони денари, а инвестицијата е од сопствени средства...
Објавено на 15 Април 2019, 13.18 од Д.Чапевски
2019-04-15-12-21-04 Со пригодна свеченост, денеска делчевската гимназија „М.М. Брицо“ го одбележа својот патронен празник и прослави 95- години од раѓањето на патронот, истакниот делчевски првоборец и организатор на НОБ,...
Објавено на 15 Април 2019, 13.06 од Д.Чапевски
2019-04-15-12-13-20 Средношколците од регионот повторно ќе имаат можност да се запознаат со новините во дигиталниот свет и претприемништвото. Делчево ќе биде домаќин на регионалниот семинар „Иновации, прогрес и дигитален...
Објавено на 15 Април 2019, 07.23 од Д.Чапевски
2019-04-15-06-27-09 Општина Делчево во соработка со локалните образовни и институции од областа на културата и оваа година ја организира традиционалната Велигденска изложба која има продажно-хуманитарен...
Објавено на 15 Април 2019, 06.50 од Д.Чапевски
2019-04-15-05-53-18  Продолжува изградбата на крак од улица „Острец“ во населбата Маџир Маало. ЈПКД „Брегалница“ Делчево работи на порамнување и поставување бехатон плочки и рабници на овој дел од улицата. Предвидена...
Објавено на 12 Април 2019, 08.12 од Д.Чапевски
2019-04-12-07-15-52 Првиот стратешки документ на Општина Делчево кој треба да ја унапреди состојбата со родовата еднкавост на жените и мажите во општината е изработен во рамките на проектот „ Со стратегија и акциски...
Објавено на 10 Април 2019, 08.19 од Д.Чапевски
2019-04-10-07-35-04 ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЈАВНА КОНСУЛТАЦИЈА ЗА ИЗВЕШТАЈ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И СОЦИЈАЛНИ АСПЕКТИ И ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЖИВОТНА СРЕДИНА ЗА ПРОЕКТИТЕ “РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ПАТНА ДЕЛНИЦА МЕЃУ ДЕЛЧЕВО И...
Објавено на 09 Април 2019, 11.22 од Д.Чапевски
2019-04-09-10-26-00 Над 50 м3 комунален отпад се собрани во последната реализирана акција за пролетно чистење на дивите депонии, а организирана од ЈПКД „Брегалница“. Екипи на ова Јавно претпријатие ги чистеа дивите депонии...
Објавено на 08 Април 2019, 11.37 од Д.Чапевски
2019-04-08-10-39-56 Ученици и професори од словенечката гимназија „Полјане“ кои деновиве престојуваат во посета на делчевската гимназија, денеска беа на работна средба кај градоначалникот на Општина Делчево, Горан...
Објавено на 08 Април 2019, 11.07 од Д.Чапевски
2019-04-08-10-16-51 По повод Светскиот ден на Ромите 8 Април, најдобрите ученици Роми од трите образовни институции во Делчево, денеска беа на прием кај градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски. Ученичката во...
Објавено на 05 Април 2019, 10.28 од Д.Чапевски
2019-04-05-09-29-50 На 13 април во Делчево во организација на Здружението „Kings of the roаds“ од Делчево, а со поддршка на Општина Делчево ќе се одржи четвртата ревија на популарните „олд тајмери“ на која се очекува...
Објавено на 05 Април 2019, 10.20 од Д.Чапевски
2019-04-05-09-22-44 Фондот за иновации и технолошки развој на 30.03.2019 година објави Јавен повик за поднесување предлог проекти за финансирање под Инструментот за поддршка – Ко-финансирани грантови за...
Објавено на 04 Април 2019, 14.20 од Д.Чапевски
2019-04-04-13-24-51 За прв пат во Делчево пред љубителите на пишаниот збор беше претставена најдобрата кинеска детска литература. Преку презентација на литературата творена од најдобрите кинески автори за деца, публиката...
Објавено на 04 Април 2019, 10.37 од Д.Чапевски
2019-04-04-09-40-31 Се решава долгогодишниот проблем со улицата „Македонска“ во населбата Милково Брдо. Во тек се градежните работи за реконструкција на дел од улицата „Македонска“ со која е опфатена должина од 190 метри...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес712
mod_vvisit_counterВчера2610
mod_vvisit_counterОваа недела10708
mod_vvisit_counterПретходна недела18543
mod_vvisit_counterОвој месец49958
mod_vvisit_counterПретходен месец73356
mod_vvisit_counterВкупно2605964

Присутни online: 44
Ваша IP: 54.91.121.255
,
Денес: Апр 19, 2019