Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0009_resize

Завршната сметка на буџетот на општината на предлог на Градоначалникот се доставува и усвојува од страна на Советот на општината и истата потоа се доставува до Министерството за финансии.

Од вкупно планираните приходи во буџетот на општината во износ од 258.888.629 ден. наплатени се 204.376.439 ден.односно 79% во вкупниот буџет или ако го анализираме основниот буџет од вкупно планираните 89.134.000 денари наплатени се 67.802.800 или изразено во проценти 76%.

Прегледот на поголемиот дел од остварените приходи во основниот буџет по позиции изгледа вака:

Во групата 71 даночни приходи влегуваат: 

  • Данок од плати и др.лични примања -1.800.889 денари
  • Даноци од имот – 13.356.069 денари во кои пак влегуваат:
  • Данок на имот од физички лица 5.142.934 денари
  • Данок на наследство и подарок 729.063 денари
  • Данок на имот од правни лица 3.065.393 денари
  • Данок на промет на недвижности и права 4.418.679 денари

Даноци на специфични услуги 15.053.834 во кои влегуваат:

  • комунална такса за истакната фирма – 1.860.390
  • комунална такса за користење и одржување на јавно осветлување - 9.939.946 денари
  • комунална такса за користење на простор пред деловен простор - 65.779 денари
  • надоместок за уредување на градежно земјиште - 2.065.210 денари
  • комунална такса за користење на површини - 5.500 денари
  • омунална такса за користење улици со патни товарни возилашто се плаќа при регистрација - 1.013.740 денари
  • омунална такса за привремен престој - 38.144 денари
  • други комунални такси - 65.125 денари
  • такси за користење или дозволи за вршење дејност - 1.472.376 денари 
Во групата 72 неданочни приходи кои се наплатени во износ од 1.783.039 денари влегуваат:
  • Административни такси кои се плаќаат за списи 428.461 денари
  • Други владини услуги, приходи од катастерски услуги и други административни услуги 1.354.578 денари

Капиталните приходи се наплатени во износ од 2.486.949 денари

Расходите се делат според повеќе критериуми, но во буџетската пракса и во буџетот на Општина Делчево најзастапени се следниве:

1.Економска класификација
2.Функционална класификација и
3.Институционална класификација

Економската класификација го идентификува видот на приходот и расходот во согласност со

  • -Правилникот за класификација на приходите и
  • -правилникот за класификација на расходите

 

Согласно економската класификација расходите се делат на:

  • - тековно оперативни во кои спаѓаат:

Платите, наемнините и надоместоците на вработените, избраните и именуваните лица во општината, кои се регулираат согласно важечките прописи и интерните акти на општината, се планирани во износ од 22.584.000 а се реализирани во износ од 21.155.673 ден.Истите зафаќаат 31,7% од вкупно реализираните расходи во основниот буџет.

  • -резерви и недефенирани расходи

Во рамките на буџетот на општината се планирани средства за непредвидени случаи како тековна буџетска резерва.

     Истите кај нас се планирани во износ од 50.000 ден. а се реализирани во износ од 10.000,00 ден., и тоа по решение бр.08-59/1 од Градоначалникот за исплата на награда по повод празникот Водици за фаќањето на крстот на лицето Сашко Ковачки од Делчево.

  • -Стоки и услуги

Направените издатоци за набавка на стоки и услуги се класифицирани во тековни расходи согласно Правилникот за класификација на расходите, кои ги вклучуваат: издатоците за патни и дневни расходи, комунални услуги и греење, комуникација и транспорт, набавките на ситен инвентар, алат и други материјали за поправки и тековно одржување, договорни услуги и други тековни расходи.

Износот на стоки и услуги планирани во општинскиот буџет е 26.045.000 ден. од кои се реализирани 21.505.250 ден.

Од нив патни и дневни 490.692 ден.( 353.882 ден. во програма Д0 се платени за екскурзија на учениците-матуранти ), комунални услуги, греење, комуникација и транспорт во износ од 4.760.338 ден.( материјали и ситен инвентар во износ од 2.001.315 ден. поправки и тековно одржување во износ од 4.766.429, договорни услуги во износ од 3.219.968 ден. други тековни расходи 2.081.505 ден. и привремени вработувања во износ од 4.185.003 ден.

  •  -Субвенции и трансфери

Согласно Правилникот за класификација на расходите трансфери до невладини организации, во кои влегуваат трансфери до здруженија на граѓани и фондации, трансфери до спортски клубови, до организации кои се грижат за постари и хендикепирани лица, трансфери до хуманитарни организации, трансфери до политички партии и сл.

Кај нас во општинскиот буџет се планирани во вкупен износ од 2.859.000 ден. а се реализирани во износ од 1.280.600 денари, од нив (трансфери до здруженија на граѓани се реализирани во износ од 408.600 ден. и трансфери до спортски клубови реализирани се во износ од 555.000).

Во разни трансфери од планирани 1.459.000 ден. реализирани се 317.000 ден. (стипендии за ученици и млади таленти и стипендии за студенти во износ од 217.000,и разни трансфери 100.000 ден).

  • -Социјални бенефиции планирани се во износ од 1.000.000 ден. а се реализирани во износ од 764.500 ден.од кои за новороденчиња 313.000 и еднократна помош во износ од 451.500 ден.

Согласно Правилникот за класификација освен тековно оперативни постојат и капитални расходи.

 Во капитални расходи влегуваат:

  • -градежни објекти (станбени и деловни објекти)
  • -други градежни објекти (улици, патишта, мостови, пречистителни станици и колектори, депонии,
  • средства за енергетика и други објекти).
  • -купување на мебел, опрема,возила, и машини
  • -други нефинансиски средства ( компјутерски софтвер, уметнички дела, музејски експонати, надомест за одземен имот).    

 -Во општинскиот буџет се планирани вкупно капитални расходи во износ од 36.496.000 ден. , а се реализирани во износ од 21.807.673 ден. или изразено во проценти 60%, а во однос на вкупните расходи во основниот буџет процентот е 33%.

Од нив за купување на опрема и машини се потрошени 71.414. ден., за проекти за патишта 1.579.416 ден., за изградба на улици и патишта 10.044.195 ден., реконструкција на улици и патишта, 9.004.039 ден., изградба на капацитети за водоснабдување 384.792, проекти на други објекти 25.569 ден., надзор над изградбата 129.855 денари, и надомест за одземен имот во износ од 299.114 денари и купување на возила 269.279.

Во буџетот на донации од вкупно планирани приходи 21.418.000 остварени се 5.930.343 ден.

 Од планирани 21.418.000 расходи, реализирани се 5.930.343 ден.

Во буџетот на самофинансирачки активности се наплатени 7.014.595 или 43%, од вкупно планирани 16.257.000 ден. приходи, а во делот на расходите се реализирани 6.474.020 ден. од планирани 16.257.000 ден.или 40%.

 Во 2017 година реализирани капитални расходи се:

1.изградба на пат Делчево-Вратиславци-Очипала
2.Реконструкција на улици:„ В.Прќе“, „М.М.Брицо“, „4 ти јули“, „Кирил и Методиј“, „Рударска“, „Пере Тошев“, „М.Хаџи Василев Јасмин“ во с. Тработивиште, „Кеј на Брегалница“, „Разловечко востание“, пешачка патека „Илин камен“ и др. помали пристапни патеки.
3. Изготвување на проекти за улици и патишта.

budzet1

budzet1.2

budzet1.1

budzet1.3

budzet1.4

 

 


Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 24 Мај 2019, 10.06 од Д.Чапевски
2019-05-24-09-12-00  Делчево е домаќин на научна трибина посветена на годишнината од смртта на најмаркантната личност од сесловенската историја, Константин Кирил Филозоф. Одбележувајќи 1150 години од смртта на...
Објавено на 23 Мај 2019, 13.48 од Д.Чапевски
2019-05-23-12-51-28  Во работна посета на Делчево денеска престојуваше амбасадорот на Кралството Холандија, Вилем Ваутер Пломп, а во рамките на кампањата на  ЕУ,  „ЕУ за тебе“по повод  Денот на Европа и...
Објавено на 23 Мај 2019, 13.37 од Д.Чапевски
2019-05-23-12-41-22  Приказната на теракотните икони од Виничко кале раскажана преку изложбата Ранохристијански керамички релјефи од Виничко Кале, денеска  ја слушнаа и видоа граѓаните на Делчево. Изложбата е...
Објавено на 23 Мај 2019, 07.15 од Д.Чапевски
2019-05-23-06-16-36 Во рамките на одбележувањето на празникот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј,  вечерва во киносалата во Делчево со почеток во 20 часот, Општина Делчево организира целовечерен...
Објавено на 21 Мај 2019, 11.07 од Д.Чапевски
2019-05-21-10-09-29 Громогласен аплауз од публиката ја пречека синоќа актерката Зорица Нушева на премиерното прикажување на  филмот на Теона Стругар Митевска, „Господ постои, името ѝ е Петрунија, каде Нушева го...
Објавено на 20 Мај 2019, 13.54 од Д.Чапевски
ff   Советниците од Општина Делчево на денешната 23 Редовна седница расправаа по 28 точки од дневниот ред. Пред советниците денеска се најде и Извештајот на Општина Делчево за вкупниот договорен...
Објавено на 20 Мај 2019, 11.26 од Д.Чапевски
2019-05-20-10-37-53   По период од скоро две децении делчевските пожарникари добија нова заштита опрема. Опремата денеска им ја донираше градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски во рамките на...
Објавено на 20 Мај 2019, 09.25 од Д.Чапевски
2019-05-20-08-27-50 По повод денот на Светите Кирил и Методиј кој Делчево ги слави како светители- заштитници на градот, се организира еднонеделна програма која содржи низа културни настани.  Од денеска во чест...
Објавено на 20 Мај 2019, 06.46 од Д.Чапевски
----143-----  Во организација на Општина Делчево, НУЦК„Никола Јонков Вапцаров“, а со поддршка на Министерството за култура, во исконскиот амбиент во селото Разловци со богата културно-уметничка програма беше...
Објавено на 17 Мај 2019, 19.22 од Д.Чапевски
2019-05-17-18-25-10 Генерацијата матуранти 2018/2019  од делчевската гимназија СОУ„М.М.Брицо“вечерва ја прославуваат својата матура. Традиционално, прославата на матурата започна со дефилето на матураните низ центарот...
Објавено на 17 Мај 2019, 12.33 од Д.Чапевски
2019-05-17-11-39-42 Над 1600 цвеќиња во боите на македонското знаме и знамето на Општина Делчево  го облагородија паркот пред општинската зграда во Делчево околу споменикот на Никола Јонков Вапцаров. Денеска екипи на...
Објавено на 17 Мај 2019, 12.25 од Д.Чапевски
2019-05-17-11-29-03 Делчево денеска е домаќин на државното првенство во ракомет, како дел од финалниот турнир што го организира Федерацијата на училишни спортови на Република Северна Македонија. На завршниот турнир своите...
Објавено на 16 Мај 2019, 12.09 од Д.Чапевски
-143- Ликовни уметници на платно ќе доловуваат мотиви од исконскиот амбиент на живописното делчевско село Разловци, во рамките на ликовната колонија „Разловци на платно“ организирана во рамките на...
Објавено на 16 Мај 2019, 08.22 од Д.Чапевски
2019-05-16-07-29-57 По повод рамазанските пости градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски ја организираше традиционалната Рамазанска ифтарска вечера на која покрај претставници на Исламската верска заедница при...
Објавено на 15 Мај 2019, 11.31 од Д.Чапевски
2019-05-15-10-33-49 Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, на најдобрите 10 матуранти од СОУ „М.М.Брицо“ ќе им додели награда во вид на наградно патување низ Европа. Патувањето ќе трае 14 дена и е на...
Објавено на 14 Мај 2019, 14.29 од Д.Чапевски
2019-05-14-13-30-50 Согласно со Насоките од Дирекцијата за заштита и спасување на Република Северна Македонија, денеска се одржа состанок на Штабот за заштита и спасување на Општина Делчево. Целта на состанокот беше да се...
Објавено на 14 Мај 2019, 12.02 од Д.Чапевски
2019-05-14-11-04-32 Привршува рехабилитација на патниот правец Делчево-Ѕвегор-Граничен премин во должина од 5 км. Градежните работи на овој патен правец се завршени, според изведувачот ГП „Гранит“, останува уште...
Објавено на 14 Мај 2019, 09.12 од Д.Чапевски
-143- Општина Делчево НУЦК „Никола Ј. Вапцаров“ со посебна чест и задоволство Ве покануваат на одбележување на годишнината од значајниот датум од Предилинденскиот период, 143 години од Разловечкото...
Објавено на 14 Мај 2019, 09.00 од Д.Чапевски
-23- 23. седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 20.05.2019 година (понеделник) во 14.00 часот во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ...
Објавено на 13 Мај 2019, 08.03 од Д.Чапевски
-143-19052019 Општина Делчево и НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ од Дечево, ве покануваат да земете учество на традиционалниот планинарскиот марш организиран по повод 143 години од Разловечкото востание. Планинарскиот...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес587
mod_vvisit_counterВчера2329
mod_vvisit_counterОваа недела587
mod_vvisit_counterПретходна недела18039
mod_vvisit_counterОвој месец61450
mod_vvisit_counterПретходен месец80252
mod_vvisit_counterВкупно2694358

Присутни online: 33
Ваша IP: 54.234.227.202
,
Денес: Мај 27, 2019