Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

stamer

Во фаза на заштита како природна реткост се три локалитети во Општина Делчево. Локалитетот кај Стамер кое е познато палеонтолошко наоѓалишпте на пикерминска фауна, карактеристичниот геолошки профил кај Свегор, како и Киселичката Пештера, спелеолошки објект,чекаат решение за заштита како природна реткост од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во постапката за заштита како природна реткост, а во рамките на Програмата за зачувување на природата во Македонија (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) координиран од Helvetas Swiss Intercooperation и Фармахем, во партнерство со Центарот за развој на Источен плански регион (ЦРИПР), Општина Делчево изработи три елаборати за валоризација на природната реткост. Прогласувањето на овие три локалитети за природна реткост ќе придонесе за заштита на значајните локалитети, но и нивно ставање во функција на туризмот која е приоритетна цел во ЛЕР на Општина Делчево.

Природната реткост „Карактеристичен геолошки профил во Ѕвегор“ се наоѓа на околу 0,5-1 км северно од селото Ѕвегор, Oпштина Делчево, КО Ѕвегор, на источните падински делови на возвишението Илин камен до патот, односно паралелно со него, за граничниот премин со Р. Бугарија, во должина од околу  0,75 км и средна широчина од стотина метри, значи со приближна површина од 8 до 10 ха и надморска висина од 740-850 м. Карактеристичниот геолошки профил, како во регионална смисла, така и во локални рамки, претставува интересен пример за развојот на делчевско-беровскиот тектонски ров, генезата на среднотријаските маси, односно нивната специфична положба во однос на помладите творевини. Со валоризирањето ќе се придонесе за научно-истражувачки и едукативни цели во контекст на редефинирање на геоеволутивните процеси во тој дел на српско-македонската маса, како типична манифестација, односно продукт на регионалните влијанија и состојби

Пештерата Киселица или Киселичка Дупка се наоѓа во котлината Пијанец, во атарот на с. Киселица, Делчевско. Пештерата се наоѓа на левата долинска страна на безимен поток, кој припаѓа на сливот на Киселичка Река, десна притока на р. Брегалница Главниот (горниот) влез се наоѓа на надморска височина од 770 m. Иако релативно мала, Киселичка Пештера е значајна од повеќе аспекти. Таа претставува ретка регистрирана појава на пештера во источниот дел од Македонија, поточно во Краиштидната тектонска зона, каде досега се регистрирани само две пештери (Киселичка Пештера и Коњска Дупка). Дополнително е значајна и по нејзината појава во мал тектонски блок од тријаски варовници, чија разместеност е многу мала во источниот дел на Македонија. Пристапноста до пештерата е релативно солидна, со оглед дека до оддалеченост од ~700 mсе стигнува по асфалтен пат, по што следи земјен пат, а само последните 100 m се по козја патека. Единствено, горниот влез е тешко пристапен и се наоѓа на карпест отсек на висина од 5 m од патеката.

Локалитетот со пикермиска фосилна фауна „Стамер“ се наоѓа на оддалеченост од 5 km југоисточно од Делчево, во непосредна близина на с. Стамер. Границата започнува од возвишението Кукуле (796 m) од каде што се протега на исток во должина од околу 250 m до пешачка патека. Оттука границата остро свртува во северен правец, пресекува една суводолица и избива на изохипса од 800 m по која се протега во северозападен правец до дното на една суводолица која се формира на источната страна од возвишението Шмрков Чукар (903 m). Одовде границата го менува правецот и се протега во југозападен правец низводно по суводолицата во должина од околу 500 m, потоа ја напушта и правејќи лачно свртување кон исток избива на почетната точка кај возвишението Кукуље. Во овие рамки површината на локалитетот изнесува 25.6 ha.

Палеонтолошкото наоѓалиште кај Стамер, каде се пронајдени значајни фосилни остатоци од пикерминксата фауна има, пред сè, научно значење (еволуционо, палеонтолошко и геолошко), но претставува и природно национално богатство (фосили и минерали). Во околината на с. Стамер, фосилната фауна е видлива на површината на повеќе локалитети поради зголемената ерозија на теренот. Нејзината распространетост е поради поволните услови за живот на крајот на миоценскиот и почетокот на плиоценскиот период, пред сè поради тоа што во минатото овој локалитет бил езеро и имало можност за развој на фауната. Значењето на локалитетите со фосилна фауна откриени во околината на с. Стамер, Делчево, се состои во фактот дека за првпат на овие терени е откриена фосилна фауна со старост меѓу 3 и 7 милиони години, односно фауна од различни геолошки периоди. Тоа е од исклучителна важност за проучувањето на еволуционите процеси на живиот свет, воопшто.

Kiselicka36a


Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 19 Февруари 2019, 13.19 од Д.Чапевски
2019-02-19-12-28-14 20  редовна седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 26.02.2019 (вторник) со почеток во 14.00 часот,, во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од...
Објавено на 18 Февруари 2019, 09.34 од Д.Чапевски
-75- По повод 75-годишнината од Февруарскиот поход, Општина Делчево организира планинарски марш до планината Голак на ден 24.02.2019. За таа цел, Општина Делчево  ги повикува граѓаните на Општина...
Објавено на 14 Февруари 2019, 12.42 од Д.Чапевски
2019-02-14-11-44-37 Општина Делчево и градоначалникот Горан Трајковски изразуваат најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите во трагичната сообраќајна несреќа којашто вчера се случи на автопатот Скопје – Тетово и во...
Објавено на 13 Февруари 2019, 11.49 од Д.Чапевски
2019-02-13-10-55-43 Максимално вклучување на учениците во изработката на проекти кои ќе донесат соработка со училишта од други држави, подобрување на наставниот процес и односот на учениците кон училишниот инвентар и...
Објавено на 12 Февруари 2019, 14.05 од Д.Чапевски
-monilinia-fructicola Овоштарите од Пијанец и Малешевијата денеска на едукативна трибина ги слушнаа причините за појавата на штетниот организам кај коскестото овошје Monilinia Fructicola и начините како да се справуваат со...
Објавено на 11 Февруари 2019, 13.43 од Д.Чапевски
2019-02-11-12-44-29   Екипи од ЈПКД „Брегалница“ денеска ги започнаа градежните работи за реконструкција на  водоводната линија во делчевското село Габрово. Станува збор за реконструкција на потисен цевковод...
Објавено на 08 Февруари 2019, 12.50 од Д.Чапевски
2019-02-08-11-51-22 ОЈУДГ,,Весели Цветови,, Делчево во воспитната 2019/2020 година има предвидено 900.000 денари за реализација на повеќе инвестиции за подобрување на квалитетот на услугите во воспитно згрижувачката...
Објавено на 08 Февруари 2019, 09.56 од Д.Чапевски
2019-02-08-08-58-46 Вторник (12.02.2019) со почеток во 11:30 часот, во фоајето на спомен-домот АСНОМ ќе се одржи едукативна трибина со производителите и откупувачите на слива и друго коскесто овошје на тема...
Објавено на 07 Февруари 2019, 15.15 од Д.Чапевски
-012019- Врз основа на член 52 став 1 и став 2 од Законот за административните службеници (Службен Весник на Република Македонија бр.27/2014, 199/2014 ,48/15 154/15, 5/16 , 142/16,11/2018), Секретарот на Општина...
Објавено на 06 Февруари 2019, 11.28 од Д.Чапевски
2019-02-06-10-30-57 Во ООУ „Ванчо Прке“ во тек се градежни работи за изградба на дворната ограда со која ќе се реши голем проблем на училиштето поврзан со безбедноста на учениците и заштитата на имотот на...
Објавено на 05 Февруари 2019, 14.03 од Д.Чапевски
2019-02-05-13-07-56 Средношколците од Делчево, Берово, Виница и Македонска Каменица кои деновиве престојуваат во посета на европската престолнина Брисел и Европскиот парламент, остварија средби Манфред Вебер, кандидат на...
Објавено на 05 Февруари 2019, 12.04 од Д.Чапевски
2019-02-05-11-07-55 Јавната локална библиотека „Илинден“ денеска подари дваесетина наслови од детска литература на подрачното училиште во с. Ѕвегор. Целта на оваа активност е да се збогати библиотечниот фонд на подрачното...
Објавено на 04 Февруари 2019, 11.28 од Д.Чапевски
2019-02-04-10-34-00  Општина Делчево со пригодна свеченост ја одбележа 147-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот...
Објавено на 04 Февруари 2019, 07.38 од Д.Чапевски
2019-02-04-06-45-38  Во Општина Делчево се одржа работна средба на градоначалниците од регионот со бугарскиот европратеник Андреј Новаков за подбро искористување на европските фондови. Средбата беше на иницијатива на...
Објавено на 01 Февруари 2019, 11.13 од Д.Чапевски
2019-02-01-10-15-00 Во тековната 2019 година, Општина Делчево заедно со Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Делчево ќе ги зајакнуваат капацитетите и ќе ја промовираат родовата еднкавост како вредност...
Објавено на 31 Јануари 2019, 14.18 од Д.Чапевски
2019-01-31-13-20-40 Во деветолетката „Ванчо Прке“ во Делчево во тек е е втората фаза од проектот„Учење и запознавање преку заедничко учење во современи услови“ кој се однесува на подобрување на условите во училиштето во...
Објавено на 30 Јануари 2019, 15.23 од Д.Чапевски
-------2019-- Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски денеска го посети домот на првороденото новороденче во 2019 година во Делчево, Мила Стојковска. Малата Мила е родена на 6 јануари во државната...
Објавено на 30 Јануари 2019, 12.24 од Д.Чапевски
2019-01-30-11-25-58 Селото Полето и приградската населба Басарица во Делчево ќе добијат улично осветлување.  Деновиве екипи на ЈПКД „Брегалница“ започнаа со монтирање улични светилки по претходно поставено електрично...
Објавено на 30 Јануари 2019, 12.08 од Д.Чапевски
2019-01-30-11-10-26 Во партнерство со Владата и Агенцијата за планирање на просторот, Општина Делчево по период од 20 години, изработува Генерален урбанистички план со што ќе се решат сите тесни грла во досегашното...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1022
mod_vvisit_counterВчера2437
mod_vvisit_counterОваа недела6348
mod_vvisit_counterПретходна недела14013
mod_vvisit_counterОвој месец39424
mod_vvisit_counterПретходен месец61166
mod_vvisit_counterВкупно2457583

Присутни online: 42
Ваша IP: 54.90.204.233
,
Денес: Фев 21, 2019