Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

romi1

Себаад Зекировска, ученичка во трета година во делчевската гимназија ја доби паричната награда од 10.000 денари од Општина Делчево за најдобар средношколец Ром која Општина Делчево ја доделува традиционално по повод Светскиот ден на Ромите, 8 Април. Паричната награда на среднишколката ѝ ја додели градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, на Првата регионална свечена академија организирана од Конзорциумот на ромски невладини организаци од Источна Македонија, а по повод Светскиот ден на Ромите што се одржа во Виница. На свеченоста присуствуваа градоначалниците од регионот, пратеници, министерот без ресор Аксел Ахмедовски, НВО сектор и претставници од ромската заедница од општините Кочани, Виница, Пехчево, Берово и Делчево.

romi2 romi3

Градоначалникот Трајковски во своето обраќање ги потенцираше заложбите и посветеноста на реализацијата на сите отворени прашања поврзани со Ромите.

-Од овде вечерва ќе го најавам иа инфраструктурниот проект кој ќе се случи во текот на оваа година, а тој е довршување на улицата „Илинденска“ во должина од 100 метри и изградба на потпорен ѕид, а средствата се обезбедени од Владата на РМ во соработка со министерот без ресор Ахмедовски. Со овој зафат, ќе се заокружи изградбата на оваа улица, каде претежно живее ромско насление. Проектирани се и очекувам брза реализација и на други инфраструктурни проекти, но мора да планираме и да го решиме прашањето со домувањето. Во Делчево околу десет семејства се соочуваат со овој проблем и наш приоритет е да изнајдеме начини да го затвориме ова прашање, истакна Трајковски. 

Тој додаде дека во Делчево, ромската етничка заедница е со висок степен интегрирана и не живее во гето, а, главно, се решени поголемите инфраструктурни проблеми. Исто така, Општина Делчево има изработено низа стратешки документи и акциски планови кои ја дефинираат рамката за делување на Општината и решавањето на актуелните проблеми на Ромите.

Инаку, Зекир Абдулов, изврешен директор на НВО КХАМ од Делчево, како претставник од Конзорциумот на невладини ромски организации зборуваше за културата, историјата и традицијата на Ромите.

- Овој ден не е само ден за веселба и прослава. Ова е ден кога нашиот глас треба да го слушнат политичарите и од ова место да испратиме порака дека Ромите се релевантни чинители во општеството, дека треба да се слуша гласот на Ромите во донесувањето на политики како на национално, така и на локално ниво- истакна Абдулов.

НВО КХАМ од Делчево петнаесет години по ред прогласува најдобар ученик Ром од основното образование. За оваа година за најдобар ученик прогласена е Мелиса Ахмедова од ООУ „Св.Климент Охридски“ Делчево, која доби награда во висина од 5.000 денари. Пофалница за покажеан особен интерес и успех, доби Мерал Незирова, ученичка во ООУ„Ванчо Прке“ од Делчево. 

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 13 Ноември 2018, 15.19 од Д.Чапевски
2018-11-13-14-21-08 Планските активности за претстојната зимска сезона беше тема на координативниот состанок во организација на Регионалниот центар за управување со кризи-ПО Делчево и Дирекцијата за заштита и спасување...
Објавено на 13 Ноември 2018, 11.08 од Д.Чапевски
2018-11-13-10-10-14 Ќе продолжи доизградбата на новата црква во Делчево посветена на заштитниците на градот, светите апостоли Кирил и Методиј. Градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски денеска истакна дека...
Објавено на 13 Ноември 2018, 08.41 од Д.Чапевски
2018-11-13-07-43-58 Првиот Семинар за роботика, информатика и напредни технологии во Делчево ќе се одржи на 16 ноември, в петок, со почеток во 10 ч. во ресторан „Либеро“. Семинарот е во организација на Фондацијата...
Објавено на 12 Ноември 2018, 15.22 од Д.Чапевски
2018-11-12-14-25-29 Интензивно се работи на доопремување на првиот мултифункционален и мултикултурен центар во Делчево кој ќе биде смесетен на третиот спрат во Спомен-домот АСНОМ. Во рамките на центарот се подготвува и...
Објавено на 12 Ноември 2018, 11.42 од Д.Чапевски
2018-11-12-10-49-56  Министерот без ресор во Владата на РМ, Аксел Ахмедовски и градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски, направија увид во завршните работи на ул„Илинденска“ во ромското маало во населбата...
Објавено на 09 Ноември 2018, 15.46 од Д.Чапевски
-------2018 Делчевските советници на денешната редовна 15 Седница ги донесоа Имените и допонувањата на Буџетот на Општина Делчево за 2018 година. Според образложението на Анка Христова, раководител на Одделение за...
Објавено на 09 Ноември 2018, 15.42 од Д.Чапевски
2018-11-09-14-43-11 Општина Делчево ги известува граѓаните дека изврши промена на работното време на административните службеници и другите вработени во одделенијата и секторите во Општина Делчево. Започнувајќи од...
Објавено на 09 Ноември 2018, 12.39 од Д.Чапевски
-2018 Почитувајќи го начелото за отчетно и транспарентно работење, денеска пред Вас ја презентирам мојата работа и работата на општинската администрација во изминатите 12 месеци, период во кој ја водам...
Објавено на 07 Ноември 2018, 12.03 од Д.Чапевски
2018-11-07-11-05-37 Општина Делчево ги известува граѓаните дека е во тек редовна постапка за изготвување на Програмата за уредување градежно земјиште и Програмата за изградба, реконстрикција и одржување општински (локални)...
Објавено на 02 Ноември 2018, 12.47 од Д.Чапевски
2018-11-02-11-55-32 15. редовна седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 09.11.2018 (петок) , со почеток во 14.00 часот, во ООУ „Ванчо Прке“-Делчево. За седницата е предложен следниот Дневен ред -Усвојување...
Објавено на 02 Ноември 2018, 12.34 од Д.Чапевски
2018-11-02-11-38-00 Делчево на 16 ноември ќе биде домаќин на регионален семинар по роботика и напредни технологии. Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, истакна дека семинарот се организира во соработка со...
Објавено на 01 Ноември 2018, 09.29 од Д.Чапевски
2018-11-01-08-32-30 Во делчевската детска градинка „Весели цветови“ набавени се нови играчки и дидактички средства за сите воспитни групи. Вредноста на набавката е 30 илјади денари, а таа е планирана активност и согласно...
Објавено на 30 Октомври 2018, 12.53 од Д.Чапевски
2018-10-30-11-55-07 Поради зачестената кражба на капаците од долниот дел на канделабрите за улично осветлување, Општина Делчево ги информира граѓаните дека покрај материјалната штета, се зголемува ризикот по безбедноста на...
Објавено на 30 Октомври 2018, 12.04 од Д.Чапевски
-730- Во Делчево ќе се гради првата улица во новата населба „Пролет“ во должина од 261 метар. На јавната набавка за најповолен понудувач е избран економскиот оператор „ОСД Кирил“ ДООЕЛ Скопје кој треба да ги...
Објавено на 25 Октомври 2018, 11.00 од Д.Чапевски
2018-10-25-10-02-37 Екипи на ЈПКД „Брегалница“ започнаа акција за расчистување на растителниот отпад на површините на градските гробишта. Оваа тековна активност е со цел да се исчистат површините од гранки, грмушки, диви...
Објавено на 24 Октомври 2018, 10.47 од Д.Чапевски
2018-10-24-09-51-00 Започнаа градежните работи за реконструкција на фасадата на старата училишна зграда на делчевската гимназија и инсталација на енергетски ефикасна фасада. Градежните работи треба да завршат за 45 дена, а...
Објавено на 23 Октомври 2018, 09.37 од Д.Чапевски
-23-2018  Со полагање на букети свежо цвеќе на споменикот на големиот македонски револуционер и деец на тајната македонска организација - Гоце Делчев, денес беше одбележан 23-ти Октомври Ден на македонската...
Објавено на 22 Октомври 2018, 11.39 од Д.Чапевски
2018-10-22-10-51-30 Општина Делчево и Општина Виница станаа членови на Урбаната алијанса на патот на свилата со што се запишаа како први општини од Македонија кои се дел од оваа светска асоцијација посветена на градење...
Објавено на 19 Октомври 2018, 08.28 од Д.Чапевски
2018-10-19-07-31-12  Екипи на ЈПКД „Брегалница“ започнаа акција за расчистување на растителниот отпад и  материјал покрај коловозите на сообраќајниците во градот. Акцијата е редовна есенска активност на...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес443
mod_vvisit_counterВчера1915
mod_vvisit_counterОваа недела6912
mod_vvisit_counterПретходна недела13207
mod_vvisit_counterОвој месец28547
mod_vvisit_counterПретходен месец56202
mod_vvisit_counterВкупно2258737

Присутни online: 27
Ваша IP: 54.226.209.201
,
Денес: Ное 15, 2018