Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

mk bg_kumanovo

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, денеска присуствуваше на работната средба на градоначалници од пограничните региони на Македонија и Бугарија која се одржа во Куманово и на која се донесе одлука за формирање Асоцијација на градови која треба да го олесни патот на пограничните општини за користење на средствата од ИПА- Програмата за прекугранична соработка.

Трајковски истакна дека на подготвителната средба беше договорено конститутивната седница на Асоцијацијата да се одржи во Ќустендил.

-Ова е значајно тело за општините од пограничниот регион. На крајот од минатата година на иницијатива на дел од европратениците и градоначалникот на Ќустендил беше започната иницијатива за формирање на една ваква Асоцијација. Иницијатори на средбата се градоначалниците на Куманово и Ќустендил, а ние како Општина ќе вложиме максиумум и најавуваме активно учество во ова тело кое ќе ни помогне да ги детектираме и решаваме проблемите на граѓаните во пограничниот регион, а со тоа да создаваме услови за квалитет во животот на граѓаните, но и нов квалитет во соработката на општините од двете страни на границата, рече Трајковски.

На денешната средба во Куманово, присуствуваше и заменик- амбасадорот на Бугарија во Македонија, Даниела Бодинова која потенцираше дека она што е договорено меѓу двете влади треба да се применува на локално ниво меѓу општините, постетувајќи на потпишаниот договор за добрососедство и нагласи дека Бугарија со сите сили ќе ѝ помага на Македонија, вклучително и дека бугарските општини ќе им помагаат на македонските.

Заменик- министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески потсети дека двете министерства остваруваат одлична соработка и дека имало заеднички проекти и  создадени реалции меѓу општините, администрациите и граѓанскиот сектор.

На средбата беше донесен заклучок во кој е наведено дека ќе се информираат регионите од двете држави да назначат техничко лице кои ќе работат на правната регулатива, а администрациите на Куманово и Ќустендил ќе отпочнат со подготовка на конститутивното собрание на Асоцијацијата кое ќе се одржи во Ќустендил.

Инаку, Програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија е со имплементација од над 95 проценти.

 

mkbg

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 20 Јануари 2019, 19.26 од В.Мицевски
2019-01-20-18-34-49 Зимскиот распуст за сите ученици е продолжен за два дена. Ваква мерка донесе попладнево Владата на Република Македонија поради загадениот воздух во повеќе градови во земјата. Во продолжение целото...
Објавено на 19 Јануари 2019, 10.51 од Д.Чапевски
2019-01-19-09-57-24 Од трисетината момчиња кои денеска се фрлија во студените води на реката Брегалница во Делчево, 25 годишниот Васил Панчовски од Делчево беше највешт и најсреќен и успеа да го фати светиот крст од...
Објавено на 18 Јануари 2019, 14.18 од Д.Чапевски
2019-01-18-13-20-36 Во Делчево одржана првата работилница за креирање родови политики на комисиите за еднакви можности помеѓу жените и мажите во општините Делчево, Берово и Пехчево. Како што информираше Анита Цоневска од...
Објавено на 18 Јануари 2019, 08.16 од Д.Чапевски
2019-01-18-07-24-20  Звуците на познатите хитови од седумдесетите, осумдесетите и деведесетите години, но и актуелни популарни хитови, интерпретирани на гудачки инструменти, синоќа ја наполнија киносалата во Делчево....
Објавено на 16 Јануари 2019, 15.06 од Д.Чапевски
2019-01-16-14-08-32 Снегот од тротоарите и јавните површини ЈПКД „Брегалница“од Делчево од денеска ќе го чисти со современа машина за чистење снег. Машината денеска пристигна во дворот на ЈПКД „Брегалница“ и според...
Објавено на 16 Јануари 2019, 09.24 од Д.Чапевски
2019-01-16-08-25-49 Фотоволтаични системи ќе се инсталираат на Спомен-домот АСНОМ-општинска административна зграда, ООУ „Св.Климент Охридски“ и ООУ „Ванчо Прке“ во Делчево, како дел од Програмата за подобрување на...
Објавено на 14 Јануари 2019, 14.02 од В.Мицевски
2019-01-14-13-16-27 „Сурова“ ечеше денеска во делчевски Ѕвегор со што Ѕвегорските суроваскари го продолжија живото културно наследство во Пијанец поврзано со Василица. Локалниот обичај под маски или театарот на отворено во...
Објавено на 14 Јануари 2019, 09.22 од В.Мицевски
2019-01-14-08-27-41 Во рамките на новогодишните и божиќните празнувања, Општина Делчево организира целовечерен концерт на гудачкиот квартет ВИВА Стрингс, кој ќе се одржи на 17 јануари (четврток) во киносалата во Делчево со...
Објавено на 10 Јануари 2019, 14.59 од Д.Чапевски
2019-01-10-14-06-24   Пробиени се патиштата до горните села во Општина Делчево. Пристапните локални патишта до селата, Вирче, Град, Истевник, Пасјакот, Ветрен Илиово, Турија кои претставуваат прв приоритет за зимско...
Објавено на 10 Јануари 2019, 13.50 од Д.Чапевски
2019-01-10-12-53-50 Се одржа Конститутивната седница на Локалниот совет за превенција на Општина Делчево кој е составен од претставници на локалната и централната власт, како и други владини и невладини...
Објавено на 10 Јануари 2019, 11.47 од Д.Чапевски
2019-01-10-10-50-00  Учениците и студентите од Делчево кои ќе добиваат стипендии од Општина Делчево за учебната 2018/2019 година денеска ги добија решенијата од Општина Делчево. Годинава, вкупно 12 средношколци...
Објавено на 04 Јануари 2019, 12.49 од Д.Чапевски
-1087- Согласно со Законот за постапување со бесправно изградени објекти од 2011 г. и неговите измени и дополнувања за поднесување барања за легализација на бесправно изградени објкети, заклучно со 31.12.2018...
Објавено на 04 Јануари 2019, 09.27 од Д.Чапевски
-12019-2- Врз основа на член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор(Службен Весник на Република Македонија бр.27/14, 199/14, 27/16,35/18 и 198/18) ,член 11 од Законот за...
Објавено на 31 Декември 2018, 11.48 од Д.Чапевски
2018-12-31-10-48-53     Општина Делчево им соопштува на граѓаните кои имаат намера да поднесат барање за легализација на бесправно изградени објекти дека тоа можат да го сторат  во текот на денешниот...
Објавено на 31 Декември 2018, 11.41 од Д.Чапевски
2018-12-31-10-43-02 Почитувани сограѓани, Влегуваме во последните часови од старата година во која имаше многу неизвесности и предизвици, но и убави моменти,реализиравме проекти и заедно со вас работевме да ја направиме...
Објавено на 28 Декември 2018, 13.41 од Д.Чапевски
2018-12-28-12-55-51 Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, денеска им додели новогодишни пакетчиња на учениците од пониските одделенија од двете основни училишта и децата од Дневниот центар за лица со...
Објавено на 28 Декември 2018, 13.25 од Д.Чапевски
2018-12-28-12-28-46  Со пригодна свеченост и новогодишен коктел во организација на Општина Делчево беше ставен во функција мултикултурниот и мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од...
Објавено на 28 Декември 2018, 08.41 од Д.Чапевски
2018-12-28-07-46-49 Пред преполната сала во ООУ „Ванчо Прке“, децата од детската градинка „Весели цветови“ ја реализираа новогодишната програма насловена како „Новогодишна бајка“. Со многу аплауз, детска смеа и среќни...
Објавено на 27 Декември 2018, 14.53 од Д.Чапевски
-2019- Советниците од Советот на Општина Делчево на 18 Седница на Советот го усвоија Буџетот на Општина Делчево за 2019 година, кој е планиран во вкупен износ од 265.985.412 денари, додека основниот буџет...
Објавено на 27 Декември 2018, 11.59 од Д.Чапевски
2018-12-27-11-04-45  Денеска во детската градинка „Весели цветови“ градоначалникот Горан Трајковски со помош на  Дедо Мраз поделија 350 новогодишни пакетчиња на сите дечиња кои ја посетуваат градинката. Оваа...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1020
mod_vvisit_counterВчера1401
mod_vvisit_counterОваа недела1020
mod_vvisit_counterПретходна недела14453
mod_vvisit_counterОвој месец39446
mod_vvisit_counterПретходен месец62265
mod_vvisit_counterВкупно2396540

Присутни online: 33
Ваша IP: 54.144.24.41
,
Денес: Јан 20, 2019