Вторник, 17 Април 2018 14:53
Во делчевската гимназија „М.М.Брицо“ во учебната 2018/2019 година можат да се запишат 272 ученици во 8 паралелки. Ова е предвидено врз основа на Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта во учебната 2018/2019 година, а согласно со Огласот за запишување ученици во прва година.
Во прва година се предвидени 5 паралелки или 170 ученици во Гимназиска насока, 2 паралелки или 68 ученици во Текстилно-кожарска насока со 4-годишно траење на образованието-насока конфекциски техничар, односно текстилен техничар, 1 паралелка или 34 ученици во Хемиско-технолошка струка со 4 –годишно траење на образованието.
Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во два уписни рока со две пријавувања во јуни. Првото пријавување и запишување се врши на 18 и 19 јуни 2018 година, а ранг-листата со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 20 јуни 2018 година. Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 28 јуни 2018 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 29 јуни 2018 година.
Пријавувањето и запишувањето на ученици во августовскиот рок се врши на 23 август 2018 година, а резултатите од запишувањето на учениците ќе с е објават на 24 август 2018 година.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.