ОДЛУКА За распишување на Јавен конкурс за избор на Директор на Јавно Претпријатие за Комунални Дејности“Брегалница“ Делчево



Четврток, 19 Април 2018 08:37
Врз основа на член 50став 1 точка 9 од Законот за локална самоуправа(Службен Весник на Република Македонијабр.5/2002) и член 19-а од Законот за јавни претпријатија(Службен Весник на Република Македонија бр.38/96,6/02,40/03/49/06,22/07,83/09,97/10,6/12,119/13,41/14,138/14,25/15,61/15 39/16), Градоначалникот на Општина Делчево на ден 13.04. 2018 година донесе
ОДЛУКА
За распишување на Јавен конкурс за избор на Директор на
Јавно Претпријатие за Комунални Дејности“Брегалница“ Делчево
1.Градоначалникот на Општина Делчево донесе Одлука за распишување на Јавен конкурс за избор на Директор на Јавно Претпријатие за Комунални Дејности“Брегалница“ Делчево.
2.Јавниот конкурс ќе биде објавен од три(3) дневни весници,кои се издаваат на целата територија на Република Македонија,од кои еден(1) од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓани кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик.
Условите кои треба да ги исполнуваат кандидатите за Директор,потребната документацијата и времетраењето на Конкурсот,ќе бидат предвидени во Јавниот конкурс.
3.Постапката за избор на Директор на Јавното Претпријатие за Комунални Дејности“Брегалница“Делчево ќе ја спроведе тричлена Комисија формирана од Градоначалникот на Општина Делчево .
4.Ова Одлука влегува во сила со денот на донесувањето.
ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Градоначалник
Горан Трајковски
Изработила:
Џулиета Мемедова
Одобрил:
Владимир Мерзликин
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.