Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0013_resize

Делчево денеска одбележа 73 години од победата над фашизмот и 68 години од Денот на Европа. По тој повод, пред споменикот на паднатите борци во центарот на градот, членовите на КУД „Гоце Делчев“ одржаа пригоден реферат за НОБ во Македонија и победата над фашизмот, како и реферат за 9 Мај, датум кога Европа го одбележува својот ден како европски симбол.

Во рамките на одбележувањето, пред споменикот на паднатите борци се поклонија и свежо цвеќе положија делегација од Општина Делчево предводена од градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, делегација од Советот на Општина Делчево предводена од претседателот на Советот, Драган Маневски, претставници од институции, политички партии и здруженија на граѓани.

DSC 0010_resize

DSC 0012_resize DSC 0014_resize

Градоначалникот Трајковски истакна дека денешниот ден носи голема човечка порака за хуманост, достоинство, единство и просперитет.

-Одбележувањето на овие два датуми нѐ потсетува и нѐ обврзува да работиме за мир, за просперитет на нашата држава и општина, за достоинствено остварување на нашите стратешки цели за влез во големото европско семејство. Ние сме граѓани на Европа, имаме заедничко минато и бројни крвави датуми, но имаме и заедничка иднина, рече Трајковски.

На овој ден во 1950 година, Роберт Шуман го презентираше предлогот за создавање организирана Европа, како опција за одржување на мирот на разурнатиот и поделен континент. Предлогот, попознат како „Шуманова декларација“, се смета за почеток на формирањето на она што денеска го знаеме како Европска Унија.

Светот денеска го одбележува и Денот на победата над фашизмот. На 9 мај 1945 година со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, официјално беше ставен крај на Втората светска војна во која учествуваа 61 земја, со вкупно 2,1 милјарда жители или 96 отсто од светското население и која однесе повеќе од 50 милиони животи.

Пијанец во Втората светска војна во борбата против фашизмот дало стотина жртви. Во нивна чест во центарот на Делчево е подигнат монументален споменик на кој се испишани нивните имиња, како и пораката „Сонцељубиви, зар без вас ќе бевме она што сме, не смрт без слобода, не без Македонија“.

DSC 0017_resize

DSC 0023_resize DSC 0026_resize

DSC 0029_resize DSC 0032_resize

DSC 0035_resize

DSC 0038_resize DSC 0043_resize

DSC 0044_resize

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 13 Ноември 2018, 15.19 од Д.Чапевски
2018-11-13-14-21-08 Планските активности за претстојната зимска сезона беше тема на координативниот состанок во организација на Регионалниот центар за управување со кризи-ПО Делчево и Дирекцијата за заштита и спасување...
Објавено на 13 Ноември 2018, 11.08 од Д.Чапевски
2018-11-13-10-10-14 Ќе продолжи доизградбата на новата црква во Делчево посветена на заштитниците на градот, светите апостоли Кирил и Методиј. Градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски денеска истакна дека...
Објавено на 13 Ноември 2018, 08.41 од Д.Чапевски
2018-11-13-07-43-58 Првиот Семинар за роботика, информатика и напредни технологии во Делчево ќе се одржи на 16 ноември, в петок, со почеток во 10 ч. во ресторан „Либеро“. Семинарот е во организација на Фондацијата...
Објавено на 12 Ноември 2018, 15.22 од Д.Чапевски
2018-11-12-14-25-29 Интензивно се работи на доопремување на првиот мултифункционален и мултикултурен центар во Делчево кој ќе биде смесетен на третиот спрат во Спомен-домот АСНОМ. Во рамките на центарот се подготвува и...
Објавено на 12 Ноември 2018, 11.42 од Д.Чапевски
2018-11-12-10-49-56  Министерот без ресор во Владата на РМ, Аксел Ахмедовски и градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски, направија увид во завршните работи на ул„Илинденска“ во ромското маало во населбата...
Објавено на 09 Ноември 2018, 15.46 од Д.Чапевски
-------2018 Делчевските советници на денешната редовна 15 Седница ги донесоа Имените и допонувањата на Буџетот на Општина Делчево за 2018 година. Според образложението на Анка Христова, раководител на Одделение за...
Објавено на 09 Ноември 2018, 15.42 од Д.Чапевски
2018-11-09-14-43-11 Општина Делчево ги известува граѓаните дека изврши промена на работното време на административните службеници и другите вработени во одделенијата и секторите во Општина Делчево. Започнувајќи од...
Објавено на 09 Ноември 2018, 12.39 од Д.Чапевски
-2018 Почитувајќи го начелото за отчетно и транспарентно работење, денеска пред Вас ја презентирам мојата работа и работата на општинската администрација во изминатите 12 месеци, период во кој ја водам...
Објавено на 07 Ноември 2018, 12.03 од Д.Чапевски
2018-11-07-11-05-37 Општина Делчево ги известува граѓаните дека е во тек редовна постапка за изготвување на Програмата за уредување градежно земјиште и Програмата за изградба, реконстрикција и одржување општински (локални)...
Објавено на 02 Ноември 2018, 12.47 од Д.Чапевски
2018-11-02-11-55-32 15. редовна седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 09.11.2018 (петок) , со почеток во 14.00 часот, во ООУ „Ванчо Прке“-Делчево. За седницата е предложен следниот Дневен ред -Усвојување...
Објавено на 02 Ноември 2018, 12.34 од Д.Чапевски
2018-11-02-11-38-00 Делчево на 16 ноември ќе биде домаќин на регионален семинар по роботика и напредни технологии. Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, истакна дека семинарот се организира во соработка со...
Објавено на 01 Ноември 2018, 09.29 од Д.Чапевски
2018-11-01-08-32-30 Во делчевската детска градинка „Весели цветови“ набавени се нови играчки и дидактички средства за сите воспитни групи. Вредноста на набавката е 30 илјади денари, а таа е планирана активност и согласно...
Објавено на 30 Октомври 2018, 12.53 од Д.Чапевски
2018-10-30-11-55-07 Поради зачестената кражба на капаците од долниот дел на канделабрите за улично осветлување, Општина Делчево ги информира граѓаните дека покрај материјалната штета, се зголемува ризикот по безбедноста на...
Објавено на 30 Октомври 2018, 12.04 од Д.Чапевски
-730- Во Делчево ќе се гради првата улица во новата населба „Пролет“ во должина од 261 метар. На јавната набавка за најповолен понудувач е избран економскиот оператор „ОСД Кирил“ ДООЕЛ Скопје кој треба да ги...
Објавено на 25 Октомври 2018, 11.00 од Д.Чапевски
2018-10-25-10-02-37 Екипи на ЈПКД „Брегалница“ започнаа акција за расчистување на растителниот отпад на површините на градските гробишта. Оваа тековна активност е со цел да се исчистат површините од гранки, грмушки, диви...
Објавено на 24 Октомври 2018, 10.47 од Д.Чапевски
2018-10-24-09-51-00 Започнаа градежните работи за реконструкција на фасадата на старата училишна зграда на делчевската гимназија и инсталација на енергетски ефикасна фасада. Градежните работи треба да завршат за 45 дена, а...
Објавено на 23 Октомври 2018, 09.37 од Д.Чапевски
-23-2018  Со полагање на букети свежо цвеќе на споменикот на големиот македонски револуционер и деец на тајната македонска организација - Гоце Делчев, денес беше одбележан 23-ти Октомври Ден на македонската...
Објавено на 22 Октомври 2018, 11.39 од Д.Чапевски
2018-10-22-10-51-30 Општина Делчево и Општина Виница станаа членови на Урбаната алијанса на патот на свилата со што се запишаа како први општини од Македонија кои се дел од оваа светска асоцијација посветена на градење...
Објавено на 19 Октомври 2018, 08.28 од Д.Чапевски
2018-10-19-07-31-12  Екипи на ЈПКД „Брегалница“ започнаа акција за расчистување на растителниот отпад и  материјал покрај коловозите на сообраќајниците во градот. Акцијата е редовна есенска активност на...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес444
mod_vvisit_counterВчера1915
mod_vvisit_counterОваа недела6913
mod_vvisit_counterПретходна недела13207
mod_vvisit_counterОвој месец28548
mod_vvisit_counterПретходен месец56202
mod_vvisit_counterВкупно2258738

Присутни online: 28
Ваша IP: 54.226.209.201
,
Денес: Ное 15, 2018