Четврток, 31 Мај 2018 13:47
Претставници на Младинската локална иницијатива беа на работна средба со градоначалникот Горан Трајковски. На средбата беше разговарано за актуелните проекти и иницијативи на Младинската локална иницијатива и за поддршката која ја очекуваат од градоначалникот и од Општина Делчево.
Градоначалникот Трајковски се заложи на младите во Делчево да им даде поддршка во нивните активности сѐ со цел да се разбуди младинскиот активизам.
-Младите треба да се активни чинители во општеството, да бидат креативни и да работат на проекти со кои ќе се развиваат и ќе собираат искуства, ќе градат пријателства и ќе придонесуваат за нивната општина. Нивните иницијативи кои треба да донесат будење на младите од летаргичниот сон и поттикнување на младинскиот активизам, секогаш ќе добиваат од мене поддршка, рече Трајковски.
Трајковски додаде дека барањето на младите за соодветна просторија за нивните активности останува и понатаму отворено прашање, бидејќи Општина Делчево не располага со соодветни простории за таа намена, но ќе се бараат други начини да се решава овој проблем и да се поттикне младинскиот активизам.
Инаку, една од последните активности на младите од Младинската локална иницијатива е конкурсот за избор на најдобри фотографии со теми од животот на младите, животна средина, архитектура, а рокот на натпреварот е до 5 јуни во 14:00ч. Најдобрите фотографии ќе бидат изложени на фотоизложба која ќе се одржи на 8 јуни на летната сцена пред Спомен-домот АСНОМ. Најдобрите фотографии ќе добијат и награди, а главната награда е бесплатен курс за учење странски јазик по избор во Центарот за странски јазици „Мастер“.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.