Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0005

Најдобрите ученици од трите образовни институции во Делчево, денеска ги примија решенијата за стипендии кои ги доделува градоначалникот на Општина Делчево.

Иван Даневски, матурант од СОУ „М.М.Брицо“ ќе добива по 3 илјади денари наредните 9 месеци, Матеја Златкова и Марија Мишева , првенци од основните училишта, „Св. Климент Охридски“ и „Ванчо Прке“, ќе добиваат по 2 илјади денари во текот на 9-те месеци од учебната 2018/19 година.

Градоначалникот Горан Трајковски кој денеска организираше свечен прием за најдобрите делчевски ученици, истакна дека доделувањето на ученички и студентски стипендии е мотив повеќе за поголеми резултати во образовниот процес.

-Горд сум на сите успеси на нашите ученици, бидејќи постигнатите резултати во образованието зборуваат за амбицијата на учениците да освојуваат нови знаења, но и за квалитетот на наставниот процес во делчевските училишта. Мора да истакнам дека како општина го следиме успехот на учениците и освен овие три стипендии кои ги доделуваме на првенците на генерацијата во училиштата, доделуваме и 24 стипендии на одлични средношколци и студенти. Годинава доделивме и 5 награди за освоени награди на меѓународни натпревари. Мојата интенција е со овие награди и стипендии да се мотивираат учениците за поголеми успеси, но од друга страна, како општина да покажеме дека го цениме залагањето на учениците и нивните професори, истакна Трајковски.


DSC 0003.DSC 0007


Општина Делчево континуирано доделува стипендии за ученици и студенти кои постигнале особено висок успех во учењето, но и за ученици и студенти чии семејства се материјално загрозени. По двата основа за учебната 2017/2018 година Општина Делчево додели 12 стипендии за ученици од СОУ„ М.М.Брицо“ и тоа во месечен износ од 1.000, односно 1.500 денари и 7 стипендии за студенти кои студираат на државните универзитети во РМ, во износ од 2.000, односно 3.500 денари месечно. Овие стипендии учениците и студентите ќе ги добиваат 9 месеци почнувајќи од месецот јануари 2018 година. Со цел стимулирање на нашите ученици да постигнуваат поголеми успеси во учењето, да учествуваат и да освојуваат награди на државни и меѓународни натпревари, општината доделува и парични награди за освоени награди на меѓународни и државни натпревари.


DSC 0009.DSC 0011


Исто така, Општина Делчево доделува и награда за најдобрите -матуранти од СОУ „М.М.Брицо“. Иван Даневски, Марија Николовска, Бојана Захариева, Никола Џабирски, Даниел Цоневски, Ивана Стојчевска, Билјана Стојановска, Викторија Диковска, Кристина Ангеловска и Ана Тасевска, ќе патуваат 14 дена низ Европа.


Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 21 Март 2019, 11.12 од Д.Чапевски
2019-03-21-10-14-03 Подигнување на јавната свест за учесниците во сообраќајот, реализација на сообраќајни кампањи и манифестации се дел од активностите кои се предвидени во Годишната програма за работа на Општинскиот совет...
Објавено на 21 Март 2019, 08.30 од Д.Чапевски
2019-03-21-07-38-40 Интензивно се работи на изградбата на експресниот пат Штип-Кочани кој  е нов патен правец во должина од 28 км. и со кој се одбегнува актуелната сообраќајница која претставува тесно грло во...
Објавено на 20 Март 2019, 12.59 од Д.Чапевски
2019-03-20-12-02-50 Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов и градоначалникот на Општина Делчево , Горан Трајковски денеска извршија увид во текот на работите за...
Објавено на 20 Март 2019, 12.24 од Д.Чапевски
2019-03-20-11-29-03 Изградба на затворен градски базен во Делчево, изградба на велосипедска патека и сала за куглање, но и чиста вода за пиење и поголема хигиена на улиците се дел од идеите за подобрување на животот во...
Објавено на 20 Март 2019, 11.09 од Д.Чапевски
2019-03-20-10-11-56 Во тек се градежните работи за изградба на фасадата на новата црква посветена на светите браќа Св. Кирил и Методиј, заштитници на градот Делчево. Фасадата се гради со донаторски средства обезбедени од...
Објавено на 18 Март 2019, 13.27 од Д.Чапевски
2019-03-18-12-29-24 Делчево беше домаќин на 4-та работилница за стандарди во туризмот и категоризација на објекти организирана во рамките на Програмата за зачувување на природата во Македонија – фаза 2, проект на...
Објавено на 18 Март 2019, 11.10 од Д.Чапевски
2019-03-18-10-13-56 Од вкупно планираните приходи и приливи во буџетот на Општината во износ од 262.824.000 ден. наплатени се 232.364.077 ден., односно 88,4% во вкупниот буџет или ако го анализираме основниот буџет од...
Објавено на 12 Март 2019, 13.56 од Д.Чапевски
22----------2019--- На територијата на Општина Делчево, во 2019 година имало 36 пожари од кои 22 пожари на отворен простор. Овој податок го пласираше командирот на ТППЕ Делчево, Ванчо Постоловски на денешниот Вонреден...
Објавено на 12 Март 2019, 09.04 од Д.Чапевски
-21- 21. седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 15.03.2019 година (петок) во во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ...
Објавено на 11 Март 2019, 11.50 од Д.Чапевски
2019-03-11-10-53-17 Пожарите кои викендов беа активни на територијата на Општина Делчево кај месноста Попов Мост и во атарот кај село Тработивиште го вклучија алармот за вонредно активирање на системот за управување со...
Објавено на 11 Март 2019, 11.13 од Д.Чапевски
2019-03-11-10-17-27 Општина Делчево апелира до граѓаните да не палат оган на отворен простор. Поради опасноста од пожари, посебно се предупредува да не се палат стрништа или оган  на отворен простор на необезбедени...
Објавено на 07 Март 2019, 11.57 од Д.Чапевски
2019-03-07-11-03-58 Во ООУ „Ванчо Прке“ привршуваат градежните работи за изградба на дворната ограда со која ќе се реши голем проблем на училиштето поврзан со безбедноста на учениците и заштитата на имотот на...
Објавено на 06 Март 2019, 12.13 од Д.Чапевски
2019-03-07-11-17-39 Во рамките на проектот „Oдржливо управување со природните ресурси во микро регионот Пијанец-Малеш-фаза два“ Општина Делчево во партнерство со општините Пехчево и Берово спроведува активности за...
Објавено на 27 Февруари 2019, 08.05 од Д.Чапевски
2019-02-27-07-10-02 20  редовна седница на Советот на Општина Делчево се одржа на 26.02.2019 (вторник) со почеток во 14.00 часот,, во Мултифункционалниот центар во Делчево. На седницата беше предложен, разгледан и...
Објавено на 24 Февруари 2019, 12.10 од Д.Чапевски
-75- Планинарски друштва од Делчево, Берово и Пехчево заедно со претставници на десетина институции и здруженија на граѓани од Делчево и соседните општини учествуваа на планинарскиот марш на планината Голак...
Објавено на 21 Февруари 2019, 14.35 од Д.Чапевски
------1----  Деновиве со подобрувањето на временските услови активно започна да се работи на изградбата на дел од сервисна улица бр.1 во населбата Пролет во должина од 262 метри во делот од старата зграда на...
Објавено на 19 Февруари 2019, 13.19 од Д.Чапевски
2019-02-19-12-28-14 20  редовна седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 26.02.2019 (вторник) со почеток во 14.00 часот,, во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од...
Објавено на 18 Февруари 2019, 09.34 од Д.Чапевски
-75- По повод 75-годишнината од Февруарскиот поход, Општина Делчево организира планинарски марш до планината Голак на ден 24.02.2019. За таа цел, Општина Делчево  ги повикува граѓаните на Општина...
Објавено на 14 Февруари 2019, 12.42 од Д.Чапевски
2019-02-14-11-44-37 Општина Делчево и градоначалникот Горан Трајковски изразуваат најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите во трагичната сообраќајна несреќа којашто вчера се случи на автопатот Скопје – Тетово и во...
Објавено на 13 Февруари 2019, 11.49 од Д.Чапевски
2019-02-13-10-55-43 Максимално вклучување на учениците во изработката на проекти кои ќе донесат соработка со училишта од други држави, подобрување на наставниот процес и односот на учениците кон училишниот инвентар и...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1274
mod_vvisit_counterВчера2483
mod_vvisit_counterОваа недела8697
mod_vvisit_counterПретходна недела17798
mod_vvisit_counterОвој месец51230
mod_vvisit_counterПретходен месец63938
mod_vvisit_counterВкупно2526897

Присутни online: 38
Ваша IP: 54.87.18.165
,
Денес: Мар 21, 2019