Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

36294248 10211769513978105_3950823669789360128_n

Делчево ќе добие мултикултурен и мултифункционален центар кој треба да придонесе за унапредување на учеството на граѓанскиот сектор и граѓаните на Општина Делчево во креирањето на локалните политики. Во моментов се подготвува просторот, сместен во зградата на Спомен-домот АСНОМ, а на почетокот на месец август, центарот ќе биде ставен во функција.

 

Проектот со наслов „Одговорни пред одговорностите“ го реализира Хуманитарното здружение за помош на лица со посебни потреби „Бравура кооператива“, во партнерство со Општина Делчево, ЈЛБ „Илинден“, ООУ„Св.Климент Охридски“ и Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. Проектот е субгрант од Проектот „Здружени сили за заеднички интереси“, имплементиран од страна на ЦОСВ подружница Прилеп во партнерство со ЦГИ Прилеп и ЖГИ АНТИКО од Скопје, финансиран од Европска Унија во рамките на ИПА Програма за поддршка на граѓанско општество и медиуми 2014.

Александар Николов од Здружението „Бравура кооператива“ истакна дека, конечно, Делчево ќе добие мултикултурен центар.

-Ние сакаме со овој центар да придонесеме за воспоставување социјален дијалог со граѓанските организации и Локалната самоуправа во Делчево со цел да се подобрат локалните прописи за учеството на граѓаните во јавен живот, да се формира координативно тело за соработка на Локалната самоуправа и граѓанскиот сектор, да се подобрат воспитно-образовните и културни можности за децата од Општина Делчево преку заживување на мултикултурен и мултифункционален центар. Исто така, со опремувањето на центарот ќе се создадат подобри услови за работа на Советот на Општина Делчево, а ќе може и да се користи и како сала за венчавки, нешто што му е одамна потребно на градот, рече Николов.

Градоначалникот Горан Трајковски истакна дека Општина Делчево секогаш дава поддршка на проекти од граѓанскиот сектор кои се од значење за граѓаните, а партнерството што се гради со граѓанските организации ќе даде придобивка за целата општина.

-Со задоволство прифативме да бидеме партнери во проектот и се вклучивме во доопремување на просторот, кој верувам дека ќе биде од голема корист, како за граѓанскиот сектор, така и за Советот на Општината. Мора да создаваме услови, а со тоа да градиме и партнерства кои ќе донесат придобивки за сите граѓани, рече Трајковски.

Освен адаптацијата и опремувањето на центарот во рамките на проектот се предвидени три главни компоненти: градење стратегија, програма за соработка и видливост и промоција на проектот.

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 20 Јануари 2019, 19.26 од В.Мицевски
2019-01-20-18-34-49 Зимскиот распуст за сите ученици е продолжен за два дена. Ваква мерка донесе попладнево Владата на Република Македонија поради загадениот воздух во повеќе градови во земјата. Во продолжение целото...
Објавено на 19 Јануари 2019, 10.51 од Д.Чапевски
2019-01-19-09-57-24 Од трисетината момчиња кои денеска се фрлија во студените води на реката Брегалница во Делчево, 25 годишниот Васил Панчовски од Делчево беше највешт и најсреќен и успеа да го фати светиот крст од...
Објавено на 18 Јануари 2019, 14.18 од Д.Чапевски
2019-01-18-13-20-36 Во Делчево одржана првата работилница за креирање родови политики на комисиите за еднакви можности помеѓу жените и мажите во општините Делчево, Берово и Пехчево. Како што информираше Анита Цоневска од...
Објавено на 18 Јануари 2019, 08.16 од Д.Чапевски
2019-01-18-07-24-20  Звуците на познатите хитови од седумдесетите, осумдесетите и деведесетите години, но и актуелни популарни хитови, интерпретирани на гудачки инструменти, синоќа ја наполнија киносалата во Делчево....
Објавено на 16 Јануари 2019, 15.06 од Д.Чапевски
2019-01-16-14-08-32 Снегот од тротоарите и јавните површини ЈПКД „Брегалница“од Делчево од денеска ќе го чисти со современа машина за чистење снег. Машината денеска пристигна во дворот на ЈПКД „Брегалница“ и според...
Објавено на 16 Јануари 2019, 09.24 од Д.Чапевски
2019-01-16-08-25-49 Фотоволтаични системи ќе се инсталираат на Спомен-домот АСНОМ-општинска административна зграда, ООУ „Св.Климент Охридски“ и ООУ „Ванчо Прке“ во Делчево, како дел од Програмата за подобрување на...
Објавено на 14 Јануари 2019, 14.02 од В.Мицевски
2019-01-14-13-16-27 „Сурова“ ечеше денеска во делчевски Ѕвегор со што Ѕвегорските суроваскари го продолжија живото културно наследство во Пијанец поврзано со Василица. Локалниот обичај под маски или театарот на отворено во...
Објавено на 14 Јануари 2019, 09.22 од В.Мицевски
2019-01-14-08-27-41 Во рамките на новогодишните и божиќните празнувања, Општина Делчево организира целовечерен концерт на гудачкиот квартет ВИВА Стрингс, кој ќе се одржи на 17 јануари (четврток) во киносалата во Делчево со...
Објавено на 10 Јануари 2019, 14.59 од Д.Чапевски
2019-01-10-14-06-24   Пробиени се патиштата до горните села во Општина Делчево. Пристапните локални патишта до селата, Вирче, Град, Истевник, Пасјакот, Ветрен Илиово, Турија кои претставуваат прв приоритет за зимско...
Објавено на 10 Јануари 2019, 13.50 од Д.Чапевски
2019-01-10-12-53-50 Се одржа Конститутивната седница на Локалниот совет за превенција на Општина Делчево кој е составен од претставници на локалната и централната власт, како и други владини и невладини...
Објавено на 10 Јануари 2019, 11.47 од Д.Чапевски
2019-01-10-10-50-00  Учениците и студентите од Делчево кои ќе добиваат стипендии од Општина Делчево за учебната 2018/2019 година денеска ги добија решенијата од Општина Делчево. Годинава, вкупно 12 средношколци...
Објавено на 04 Јануари 2019, 12.49 од Д.Чапевски
-1087- Согласно со Законот за постапување со бесправно изградени објекти од 2011 г. и неговите измени и дополнувања за поднесување барања за легализација на бесправно изградени објкети, заклучно со 31.12.2018...
Објавено на 04 Јануари 2019, 09.27 од Д.Чапевски
-12019-2- Врз основа на член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор(Службен Весник на Република Македонија бр.27/14, 199/14, 27/16,35/18 и 198/18) ,член 11 од Законот за...
Објавено на 31 Декември 2018, 11.48 од Д.Чапевски
2018-12-31-10-48-53     Општина Делчево им соопштува на граѓаните кои имаат намера да поднесат барање за легализација на бесправно изградени објекти дека тоа можат да го сторат  во текот на денешниот...
Објавено на 31 Декември 2018, 11.41 од Д.Чапевски
2018-12-31-10-43-02 Почитувани сограѓани, Влегуваме во последните часови од старата година во која имаше многу неизвесности и предизвици, но и убави моменти,реализиравме проекти и заедно со вас работевме да ја направиме...
Објавено на 28 Декември 2018, 13.41 од Д.Чапевски
2018-12-28-12-55-51 Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, денеска им додели новогодишни пакетчиња на учениците од пониските одделенија од двете основни училишта и децата од Дневниот центар за лица со...
Објавено на 28 Декември 2018, 13.25 од Д.Чапевски
2018-12-28-12-28-46  Со пригодна свеченост и новогодишен коктел во организација на Општина Делчево беше ставен во функција мултикултурниот и мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од...
Објавено на 28 Декември 2018, 08.41 од Д.Чапевски
2018-12-28-07-46-49 Пред преполната сала во ООУ „Ванчо Прке“, децата од детската градинка „Весели цветови“ ја реализираа новогодишната програма насловена како „Новогодишна бајка“. Со многу аплауз, детска смеа и среќни...
Објавено на 27 Декември 2018, 14.53 од Д.Чапевски
-2019- Советниците од Советот на Општина Делчево на 18 Седница на Советот го усвоија Буџетот на Општина Делчево за 2019 година, кој е планиран во вкупен износ од 265.985.412 денари, додека основниот буџет...
Објавено на 27 Декември 2018, 11.59 од Д.Чапевски
2018-12-27-11-04-45  Денеска во детската градинка „Весели цветови“ градоначалникот Горан Трајковски со помош на  Дедо Мраз поделија 350 новогодишни пакетчиња на сите дечиња кои ја посетуваат градинката. Оваа...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1026
mod_vvisit_counterВчера1401
mod_vvisit_counterОваа недела1026
mod_vvisit_counterПретходна недела14453
mod_vvisit_counterОвој месец39452
mod_vvisit_counterПретходен месец62265
mod_vvisit_counterВкупно2396546

Присутни online: 36
Ваша IP: 54.144.24.41
,
Денес: Јан 20, 2019