СЕ ПРОДОЛЖУВА рокот за јавен конкурс за идејно решение за градски плоштад пред спомен дом АСНОМ во Централно градско подрачје на Град Делчево



Понеделник, 02 Јули 2018 13:20
Општина Делчево распиша Јавен конкурс за избор на идеен проект за реконструкција на градски плоштад пред спомен дом АСНОМ во Делчево во централното градско подрачје во Делчево на локалитетот согласно Детален урбанистички план.
Учесниците на конкурсот имаат за задача користејќи ги елементите од современото и традиционалното наследство да предложат модели на градски плоштад на површина од 3000м2.
Содржини кои треба да бидат предвидени и за кои треба да се води сметка се:
- Реконструкција на летна сцена
- Поставување на детски играчки и гумирана подлога за безбедност на децата
- Елементи за скејт парк (за детали за истите може да се информирате и да ги добиете дополнително од општина Делчево)
- Електронски билборд
- Парккинг и простор за велосипеди
- Фонтана
- Јарболи за знамиња (три јарболи)
- Клупи, канти за отпадоци
- Панели за поставување на изложби
- Канделабри за осветлување
Увид на локацијата во Деталниот урбанистички план може да се изврши на www.iopstina.mk или во просториите на Општина Делчево кај лицето Горан Петровски, контакт тел:033 411 550.
Избраното решение ќе биде наградено со вкупен паричен фонд од 10.000,00 денари обезбедени од буџетот на Општина Делчево.
Конкурсот има за цел градот Делчево да добие поубав лик, да се обезбеди локација која ќе биде во функција на туризмот и на привлекување на домашни и странски туристи.
На конкурсот можат да се достават неограничен број на идејни решенија, а право на учество имаат правни и физички лица.
Доставените идејни решенија треба да содржат:
-текстуален опис;
-апроксимативен предмер со пресметка;
-графички прилози од кои може да се добие увид во идејното решение.
Рок за достава на идејните решенија до 16.07.2018.
Идејните решенија да се достават на следната адреса: ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО ул: „Светозар Марковиќ“ бр.1, 2320 Делчево. архива
Изборот ќе го спроведе Комисија формирана од Градоначалникот за таа цел и ќе избере 1 (едно) идејно решение.
Општина Делчево го задржува правото да откупеното решение го користи за свои потреби.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.