Среда, 18 Јули 2018 08:37
Најдобрите 10 матуранти од делчевската гимназија денеска заминаа на наградното патување низ Европа обезбедено од Општина Делчево. Годинава по избор на матурантите тие ќе престојуваат 14 дена во Европа и тоа во Венеција, Лаго Ди Гарда, Монако, Монте Карло, Лорет Де Мар, Барселона, Кан, Милано.
Ппред тргнувањето, градоначалникот Горан Трајковски организираше прием за матурантите на кој потенцираше дека доделувањето на оваа награда е со цел да се поттикнат учениците да постигнуваат одлични резултати во текот на нивното школување, но и да продолжат со успесите во образованиот процес , бидејќи секој нивни успех е успех на Делчево.
-Горд сум на сите успеси на нашите ученици. Оваа награда која ја доделува Општина Делчево на најдобрите 10 матуранти, значи дека Општината и јас како градоначалник ги цениме нивните заложби, нивниот труд, за да бидат најдобри, но исто така, сакам, да испратам порака до нив, на ова патување да се запознаваат со европските држави, колку можат да ги восприемаат европските стандарди и во нивниот млад живот, овие стандарди да им се предизвик и вредностите да ги понесат со себе дома. Како општина, ќе бидеме тука да создаваме услови за развој на образовниот процес во општината, но и за привлекување на младите талентирани кадри да останат во Делчево, бидејќи тие можат да ги променат нештата овде дома и да донесат развој во родното место, истакна Трајковски.
Инаку, наградното патување на најдобрите матуранти од делчевската гимназија се обезбедува од буџетот на Општина Делчево и е во висина од 298.500 денари, а економски оператор е Туристичката агенција „Вардар експрес травел““ ДОО Скопје која беше избрана по пат на јавно наддавање.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.