Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

download

Општинската награда „7Септември“ годинава Општина Делчево ја доделува за прв пат, а добитниците на наградата се истакнати поединци во своите области на делување. Според пријавите по Конкурсот, сите добитници имаат богата биографија во која се потенцирани посебните достигнувања во различни области. 

Наградата за посебни достигнувања во областа на здравството во Општина Делчево ја добива прим.д-р Виолета Арсова, педијатар во пензија. Д-р Арсова, иако е во пензија, сѐ уште е активна и се залага за подобар пристап до здравствените услуги на пациентите, активна е во невладиниот сектор, каде има советодавна улога,член е на Комисијата за права на пациентите, а со НВО КХАМ има континуирана соработка во делот на унапредување на здравјето на Ромите и другите маргинализирани групи, како и активна улога во надминување на негативните наративи на здравствените работници кон Ромите.

Наградата за посебни достигнувања во областа на спортот, годинава ја добиваат двајца истакнати спортски работници, Горан Велков и Љупчо Стојчевски.

Велков е актуелен тренер на РК „Вардар“ во Делчево и со своите ракометари има освоено 4 златни, 3 сребрени и 3 бронзени пехари на спортските дуели во државава и надвор од неа. Во 2004 година ја добил наградата за најдобар тренер во Македонија за работа со млади категории, а во 2014, Здружението на просветни работници од Општина Делчево му доделува признание за истакнат просветен работник на ниво на Општина, а беше назначен за регионален координатор на Федерацијата за училишен спорт за Делчево, М. Каменица, Берово и Пехчево.. Во 2011 го формира женскиот ракометен клуб, со што го враќа ракометот во Делчево на старите патеки.

Стојчевски како спортски работник исклучително придонесува за развој и промоција на спортот, посебно во афирмација на кикбоксот. Тој е тренер,селектор на КБФ на Македонија, организатор на повеќе државни првенства, но и меѓународен судија во кикбокс и со својот ангажман како дел од стручниот тим на КБФМ дал голем придонес во освојувањето на многу медали на балкански, европски и светски првенства.

Средношколката од „Јахја Кемал“, делчевката Кристина Петровиќ, ја добива наградата за посебен придонес во образованието. Кристина има освоено 48 дипломи. Два пати била првак на натпреварите по математика, а има освоено многу втори и трети места на државни, регионални и на општински натпревари по математика и физика и вкупно 3 бронзени медали на македонски олимпијади по математика.

Наградата за посебни достигнувања во областа на филмската уметност ја доби режисерот, сценарист и писател Андреј Илиевски-Волкашин. Последниот негов голем успех е наградата за најдобар краток филм на фестивалот ТОНЕИНС ИФФ во Франција за краткометражниот филм „Коливо“ снимен во делчевското село Град. Досега филмот беше емитуван на филмски фетсивали во неколку европски земји и Канада, а ќе биде дел и од 39 Браќа Манаки– Интернационален фестивал на филмска камера во Битола. Потписот на делчевецот Андреј го има на уште неколку кратки филмски остварување, а првиот роман со наслов „Потрага по космосот“ го објавува на 18 години. Оваа година го промовираше вториот роман „Тажна приказна за среќни луѓе“. Делчевецот Андреј има завршено филмска уметност на Националната академија за филм и театар во Софија.

Делчевскиот уметник Петар Атанасов-Пепи е добитник на општинската награда „7 Септември“ за особен придонес во ликовната уметност. Автор е на над 5000 дела, а чест мотив му е старо Делчево. Првата изложба ја реализира во 1988 година. Учесник е на многу колонии, а зад себе има 50 самостојни изложби. Пепи деновиве активно работи на мурали на фасади од делчевските згради со што остава свој печат на центарот на Делчево и дава свој придонес во кампањата „Да ја поддржиме приказната на Делчево“.


Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 18 Април 2019, 12.43 од Д.Чапевски
2019-04-18-11-47-47 Во просториите на Спомен домот АСНОМ во Делчево се одржа  јавна консултација со засегнатите страни и локалното население на населените места долж делниците кои се предвидени за реконструкција т.е...
Објавено на 18 Април 2019, 11.32 од Д.Чапевски
2019-04-18-10-35-30 Амабсадорот на Република Франција, Кристијан Тимоние, денеска престојуваше во  Делчево. Во рамките на посетата, амбасадорот Тимоние оствари работна средба со градоначалникот на Општина Делчево,...
Објавено на 18 Април 2019, 11.21 од Д.Чапевски
2019-04-18-10-24-32 Донаторот на изградбата на фасадата на црквата „Св.Кирил и Методиј“, д-р Милен Врабевски е задоволен од текот и од квалитетот на работите на изградба на фасадата која го добива и својот конечен...
Објавено на 18 Април 2019, 07.54 од Д.Чапевски
2019-04-18-06-56-15  Деновиве започна реконструкцијата на старата училишна зграда во подрачното училиште „Св.Климент Охридски“ во селото Стамер. Во првата фаза од реконструкцијата е опфатена  промена на...
Објавено на 18 Април 2019, 07.39 од Д.Чапевски
2019-04-18-06-41-31 Започна асфалтирањето на првата улица во новата населба „Пролет“.  Се асфалтираат 262 метри од улица „1“ која води од старата зграда на Општина Делчево покрај река Габровчица и на која ќе бидат...
Објавено на 17 Април 2019, 12.59 од Д.Чапевски
2019-04-17-12-02-26  Над 200 средношколци од регионот денеска учествуваат на семинарот за „Иновации, прогрес и дигитален свет“ кој е во организација на Фондацијата „Бугарско сеќавање“и Општина Делчево,  како...
Објавено на 16 Април 2019, 13.55 од Д.Чапевски
2019-04-16-12-57-27 По неколку децении во делчевското Јавно комунално претпријатие „Брегалница“ е набавена нова машина ровокопач-утоварач. Вредноста на машината е 5,3 милиони денари, а инвестицијата е од сопствени средства...
Објавено на 15 Април 2019, 13.18 од Д.Чапевски
2019-04-15-12-21-04 Со пригодна свеченост, денеска делчевската гимназија „М.М. Брицо“ го одбележа својот патронен празник и прослави 95- години од раѓањето на патронот, истакниот делчевски првоборец и организатор на НОБ,...
Објавено на 15 Април 2019, 13.06 од Д.Чапевски
2019-04-15-12-13-20 Средношколците од регионот повторно ќе имаат можност да се запознаат со новините во дигиталниот свет и претприемништвото. Делчево ќе биде домаќин на регионалниот семинар „Иновации, прогрес и дигитален...
Објавено на 15 Април 2019, 07.23 од Д.Чапевски
2019-04-15-06-27-09 Општина Делчево во соработка со локалните образовни и институции од областа на културата и оваа година ја организира традиционалната Велигденска изложба која има продажно-хуманитарен...
Објавено на 15 Април 2019, 06.50 од Д.Чапевски
2019-04-15-05-53-18  Продолжува изградбата на крак од улица „Острец“ во населбата Маџир Маало. ЈПКД „Брегалница“ Делчево работи на порамнување и поставување бехатон плочки и рабници на овој дел од улицата. Предвидена...
Објавено на 12 Април 2019, 08.12 од Д.Чапевски
2019-04-12-07-15-52 Првиот стратешки документ на Општина Делчево кој треба да ја унапреди состојбата со родовата еднкавост на жените и мажите во општината е изработен во рамките на проектот „ Со стратегија и акциски...
Објавено на 10 Април 2019, 08.19 од Д.Чапевски
2019-04-10-07-35-04 ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЈАВНА КОНСУЛТАЦИЈА ЗА ИЗВЕШТАЈ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И СОЦИЈАЛНИ АСПЕКТИ И ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЖИВОТНА СРЕДИНА ЗА ПРОЕКТИТЕ “РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ПАТНА ДЕЛНИЦА МЕЃУ ДЕЛЧЕВО И...
Објавено на 09 Април 2019, 11.22 од Д.Чапевски
2019-04-09-10-26-00 Над 50 м3 комунален отпад се собрани во последната реализирана акција за пролетно чистење на дивите депонии, а организирана од ЈПКД „Брегалница“. Екипи на ова Јавно претпријатие ги чистеа дивите депонии...
Објавено на 08 Април 2019, 11.37 од Д.Чапевски
2019-04-08-10-39-56 Ученици и професори од словенечката гимназија „Полјане“ кои деновиве престојуваат во посета на делчевската гимназија, денеска беа на работна средба кај градоначалникот на Општина Делчево, Горан...
Објавено на 08 Април 2019, 11.07 од Д.Чапевски
2019-04-08-10-16-51 По повод Светскиот ден на Ромите 8 Април, најдобрите ученици Роми од трите образовни институции во Делчево, денеска беа на прием кај градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски. Ученичката во...
Објавено на 05 Април 2019, 10.28 од Д.Чапевски
2019-04-05-09-29-50 На 13 април во Делчево во организација на Здружението „Kings of the roаds“ од Делчево, а со поддршка на Општина Делчево ќе се одржи четвртата ревија на популарните „олд тајмери“ на која се очекува...
Објавено на 05 Април 2019, 10.20 од Д.Чапевски
2019-04-05-09-22-44 Фондот за иновации и технолошки развој на 30.03.2019 година објави Јавен повик за поднесување предлог проекти за финансирање под Инструментот за поддршка – Ко-финансирани грантови за...
Објавено на 04 Април 2019, 14.20 од Д.Чапевски
2019-04-04-13-24-51 За прв пат во Делчево пред љубителите на пишаниот збор беше претставена најдобрата кинеска детска литература. Преку презентација на литературата творена од најдобрите кинески автори за деца, публиката...
Објавено на 04 Април 2019, 10.37 од Д.Чапевски
2019-04-04-09-40-31 Се решава долгогодишниот проблем со улицата „Македонска“ во населбата Милково Брдо. Во тек се градежните работи за реконструкција на дел од улицата „Македонска“ со која е опфатена должина од 190 метри...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес718
mod_vvisit_counterВчера2610
mod_vvisit_counterОваа недела10714
mod_vvisit_counterПретходна недела18543
mod_vvisit_counterОвој месец49964
mod_vvisit_counterПретходен месец73356
mod_vvisit_counterВкупно2605970

Присутни online: 42
Ваша IP: 54.91.121.255
,
Денес: Апр 19, 2019