Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

rabota-na-pat

Општина Делчево ги информира граѓаните на Општина Делчево, посебно жителите на ул. „Илинденска“ дека од понеделник 20.08.18 година ќе започнат градежните работи за изградба ул „Илинденска“ со потпорен ѕид и ограда. За непречено и безбедно одвивање на работите и со цел да не се предизвикаат штети по имотот на граѓаните, ги известуваме жителите да ги отстранат паркираните возила и другите предмети од улицата. Градежните работи треба да завршат за еден месец, а изведувач на работите е делчевската фирма „СД Транс“.

Согласно со проектот, предвидена е изградба на улицата во должина од околу 300 метри, и пширина од 3 м., како и поплочување со бехатон плочи, рабници во должина од 200 метри од двете страни на улицата, а потпорниот ѕид ќе биде со 40 метри должина и 4 метри висина. На овој дел е превидено да се постави и ограда во должина од 40 мтери , како и 3 канделабри.

Средствата во висина од околу 1,7 милиони денари се обезбедени од Владата на РМ за 2018 година за поддршка и имплементација на Декадата и Стратегијата на Ромите.

Share/Save/Bookmark