Понеделник, 03 Септември 2018 14:07
Од денеска стартуваа активностите во рамките на Програмата „Општинско- корисна работа“ за 2018 година на територијата на Општина Делчево. Во рамките на Програмата се опфатени 12 лица од кои 10 образовни, односно лични асистенти и двајца негователи во Дневниот центар за лица со посебни потреби.
Десетте образовни, односно лични асистенти во двете општински основни училишта ќе им помагаат на децата коишто се вклучени во редовната настава, а кои имаат потешкоти во совладувањетото на наставните содржини или, пак, имаат проблем со самостојно движење низ училиштето поради физички хендикеп. Тие ќе им пружаат помош во прилагодувањето на наставната содржина во соработка со наставниците и согласно со индивидуалните образовни потреби на ученикот, ќе се активни во подготвувањето на материјалите за учење, во насочување на вниманието во текот на часот, ќе помагаат и во манипулативните активности како пишување, цртање, сечење доколку е потребно, давање и појаснување упатства, помош за независно и самостојно движење во училиштето за полено совладување на проблемите во однос на пристапност, влез и движење низ училиштето, помош при промена на училници и сл. Ова се потреби коишто ги имаат учениците, а ќе бидат дел од активностите што ќе ги извршуваат овие лица.
Овие лица ќе работат со децата во текот на целата учебна година, односно до 10 јуни 2019 година.
Исто така, освен образовните/личните асистенти, со активности започнаа и двете лица – негователи во Дневниот центар за лица со посебни потреби, чијшто ангажман ќе биде заклучно со 28.02.2019 година.
Вкупниот буџет на проектот за 2018 изнесува 1 030 200 ден и тоа 918 000 ден. средства обезбедени од УНДП за плати за ангажираните лица и 112 200 ден средства од буџетот на Општина Делчево за персонален данок и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.