Понеделник, 10 Септември 2018 11:39
Претставници од УНЕСКО од Македонија и Бугарија и претставници од ФГ „Копачка“ одржаа работна средба со градоначалникот Горан Трајковски во пресрет на подготовката на Стратегијата за нематеријално културно наследство. Претставниците за зачувување на нематеријалните културни наследства на Југоисточна Европа, д-р Николај Вуков од Институтот за заштита на нематеријални културни наследства на Југоисточна Европа од Софија и м-р Велика Стојкова-Серафимовска од Институтот за фолклор од Скопје истакнаа дека истражувањето е во врска со спроведувањето на Конвенцијата за заштита на нематеријалното културно наследство на Македонија која е потпишана 2003 година.
-Стартегијата како официјален документ треба да помогне да се надминат проблемите кои се јавуваат за културното наследство да остане одржливо, а одржливоста на традицијата треба да е обврска на сите институции, рече Вуков.
Според Велика Стојкова – Серафимовска, орото„Копачка” е едноод ретките ора кое сѐ уште се игра на традиционалните собори.
-Јас сум многу среќна што орото е живо, затоа што во денешно време нематеријалното културно наследство лесно се губи, но во случајот на „Копачката“ имаме обратен случај со тоа што по впишувањето во УНЕСКО, орото„Копачка“ се популаризираше особено помеѓу помладата популација, рече Стојковска – Серафимовска.
За машкото оро од с. Драмче „Копачката“ кое пред 4 години е в пишано на репрезентативната листа за нематеријално културно богатство на УНЕСКО, ќе се прави SWOT-анализа, а резултатите ќе влезат во Стратегија за нематеријалното културно наследство на Македонија.
За Перса Стојановска секретар на ФГ „Копачка“ од с. Драмче ова е многу важна активност, бидејќи ветува решавање на најгорливите прашања и проблеми со кои се соочува „Копачката“.
- Стратегијата како еден конечен документ ќе стаса пред Министерството за култура, како и градоначалникот на општина Делчево. Тоа се институциите пред кои ние поднесуваме наши извештаи за работењето, но и бараме поддршка за одржливоста на орото во УНЕСКО. Со ова ни се враќа надежта и верата во опстојот на орото „Копачка“ во Унеско, рече Стојановска.
Градоначалникот Горан Трајковски најави целосна поддршка во насока на одржливоста на „Копачката”.
- Сакам да се заблагодарам на претставниците од УНЕСКО за денешнава посета. Општина Делчево како град кој го чува културното наследство „Копачката“, ќе ги стави сите ресурси на располагање за да се помогне во истражувањето. „Копачката“ е наша гордост, наша историја и наша обврска да ја продолжиме нејзината приказната промовирана и призната во светотот. Како општина ги преземаме сите обврски за да го помогнеме функционирањето на Фолклорната група, рече Трајковски.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.